16,5 милиони евра, тендер, црква на плоштад

  • Креатор на темата Креатор на темата GRUNGE
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за 16,5 милиони евра црква на плоштад во време на криза?

  • Да

    Гласови: 22 22,4%
  • Не

    Гласови: 63 64,3%
  • Не ме интересира искрено.

    Гласови: 13 13,3%

  • Вкупно гласачи
    98

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
А1:


Заврши првата фаза од тендерот за изградба на црква на плоштадот. Само една фирма, скопски Гранит достави понуда да го гради верскиот објект на плоштадот.
Според информации на А1 Гранит бара околу милијарда денари или 16 милиони евра за изведба на проектот. Големата сума се објаснува со вградувањето на скапиот и редок мариовски камен травертин со кој се предвидува рачно да биде вграден во фасадата.
Оваа сума неофицијално е само за изградба на објектот без внатрешноста. Претходно дури четири компании се откажаа од тендерот. Бетон, Маврово и уште две фирми од кои една австриска немале доволно долг рок за да ја комплетираат целата документација. Извори од министерството за култура за А1 тврдат дека досега два пати го одложувале отворањето на понудите.
Изградбата на црквата е спорна уште од стартот. Со протести и тепачки се бранеа ставовите околу верскиот објект. Идејата ги разбуди уште повеќе и амбициите за изградба на бурмали џамијата кај камениот мост. Планот да никне верски објект на плоштадот изнуди и две иницијативи за преиспитување на уставноста на овој проект.
Спорно е дали државата смее да троши пари за изградба на верски објекти и дали со тоа ја привилегира само едната од верските заедници. Нов проблем сега се очекува да биде и сумата од 16 милиони евра само за градежниот дел од објектот.



-------------------------------------------------------------------------


Економска криза? Ма дај ви се молам! Како не им е срам на Владата да троши 16 МИЛИОНИ евра во време на криза кога работници се отпуштаат, работа уште повеќе нема, невработувањето расти...

Вработувањето е замрзнато секаде, не само во државната администрација. Излегуваат со соопштенија во јавноста дека ќе се штеди, а се расфрлаат со пари за налепници да бидеме патриоти и да градат цркви во и така пренаполнет плоштад!

СРАМОТА!

Не знам само како народот ќе го преќути и ова и ќе седи пред ТВ ќе пука сеир на студентите кои протестираат на плоштад.
 
Понудата не е прифатена сеуште, значи не може сеуште да се обвинува Владата, ако ја прифати таа понуда, тогаш да, навистина е срамота во време како што е ова да се трошат толку пари на таков објект.

ОФФ
Па нели МПЦ ќе ја градеше црквата или???
 
кој плаќа сега владата или МПЦ?
 
Е да бе 16 милиони евра. Да не беа А1 може и ќе поверуваше некој во точноста на информацијава.
 
Е да бе 16 милиони евра. Да не беа А1 може и ќе поверуваше некој во точноста на информацијава.

Stom kazale A1 sigurno e tocna, a bi sakal da e tocna pa da vidam dali nekoj ke izvrsi samoubistvo od nervoza. "Vlasta ne go slusala narodot"
Koj narod be, beskicmenjaci.
 
Па сметката не ја дава А1 туку ГП "Гранит".Така се изјасниле од Гранит.
 
Погоре пишува: министерството за култура


Доколку е точно тогаш си заслужуваат осуда, 16,5 милиони во моментов е претеризам.
 
А МПЦ ќе ја градеше а? :):)

Што бидна со секуларност??

Ок, убо ќе биде. Барем сеа ќе паѓаат цените на метар квадратен во центар, ќе почнеме и натаму да се шириме. Аплауз за Владата, стварно е топ. Ги интегрира албанците во општеството. Со овој чекор сме поблиску до џамија на плоштад.

Тенкју камаген.
 
Не знам само како народот ќе го преќути и ова и ќе седи пред ТВ ќе пука сеир на студентите кои протестираат на плоштад.
Во земјава не живее народ од почетокот на деведесетите од минатиот век. Ова ќе се преќути, ќе се изгради црква/џамија/посебно/две-во-едно и ќе се префрлиме на нова глупост. И нејзе ќе ја преголтаме... и така до бескрај. Нели само човековата глупост е бескрајна.
 
16мил црква + многумил статуи на плоштад = ке излеземе од економска криза...али ај...
 
не е скапо чим е во служба на македонскиот народ.
 
16мил црква + многумил статуи на плоштад = ке излеземе од економска криза...али ај...

Се подзамислив...

Пере седнат на шоља, а Сања му фрла пари на питачот, фраерот довикува ехееееј, а шмизлата бега од бикот дека носи црвена танга..и ете ти ги коњаниците да ја одбранат. Гоце и Питу седнат у кафана, цукаат ракија, еххх друже, наши времиња подруги беа...
Оџата довикува, попот се надвикува, Аце и Буки галопираат гордо како Њујоршки џандар у Централ парк...и во позадина, камбани..За кого ли бијат??
 
16 милиона евра......тоа му доаѓа по 8 евра по човек од данокот и тоа само за една црква....наздравје.....
 
не е скапо чим е во служба на македонскиот народ.

Ќе ми го полни џебот црквата? Народот ќе зема плата од таа црква на плоштад?
 
Се подзамислив...

Пере седнат на шоља, а Сања му фрла пари на питачот, фраерот довикува ехееееј, а шмизлата бега од бикот дека носи црвена танга..и ете ти ги коњаниците да ја одбранат. Гоце и Питу седнат у кафана, цукаат ракија, еххх друже, наши времиња подруги беа...
Оџата довикува, попот се надвикува, Аце и Буки галопираат гордо како Њујоршки џандар у Централ парк...и во позадина, камбани..За кого ли бијат??
и ете ти приказна за разлика од пред една година кога би звучело вака:
.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom