Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
 
Оваа недела, овие книги се на 50% попуст во книжарница Три.

Може и нема потреба, ама сепак да кажам дека Браќата Карамазови е книга што "мора" посекако да ја имате и по доста повисока цена а камо ли за 375 денари. Дури и да не читате книги, дури и да сакате да прочитате само 10 книги во животот и толку, оваа треба да е една од нив. Станува збор за можеби најдобрата книга на сите времиња, во најнајригорозна селекција во топ 10 најдобри, еве дури и ЧетГПТ ми потврди.

Секако тука е и Руми, надргадена и појачана верзија од претходните 2 дела во старото издание и последното преведено дело на Драги Михајловски кој по повеќе стручни мислења е (најверојатно) најдобриот македонски преведувач во историјата па дури наградата за најдобар превод на Македонски јазик која се доделува секоја година го носи неговото име.
 
IMG_1583.jpeg

Ако има некој нарачувано, кај Доставувач Пошта, стварно во пошта ја праќаат или по карго стига на адреса? Кај нас поштата е нефункционална, па да не се млатам за џабе.
 
Може и нема потреба, ама сепак да кажам дека Браќата Карамазови е книга што "мора" посекако да ја имате и по доста повисока цена а камо ли за 375 денари. Дури и да не читате книги, дури и да сакате да прочитате само 10 книги во животот и толку, оваа треба да е една од нив. Станува збор за можеби најдобрата книга на сите времиња, во најнајригорозна селекција во топ 10 најдобри, еве дури и ЧетГПТ ми потврди.
Да не ја имаш, или некој друг да го има ова издание?
Ме интересира како е уредено, затоа што е на помалку од 750 страници а сите останати се 900-1000. Да не се премногу ситни буквите или набиени редовите.
 
Ја немам затоа што ја имам во постаро издание од 4 тома, ама ја имам видено. Голема е мислам дека должина 24 сантиметри ако не се лажам и исто и широка. Од аспект на држење додека ја читаш, да гломазна е. Внатре не сум ја отворил ама планирам да одам секако деновиве до Три да купам го купам Руми и ќе проверам и ќе ја сликнам. Не би требало да е полоша од изданието на Табернакул каде буквите се микроскопски.
 
Да не ја имаш, или некој друг да го има ова издание?
Ме интересира како е уредено, затоа што е на помалку од 750 страници а сите останати се 900-1000. Да не се премногу ситни буквите или набиени редовите.
Јас ја немам, ама ја ѕирнав на Саем - малце поголем е форматот на книгата. А да, и буквите се изгледа поситни. Само не сум 100% сигурен, не ме држи за збор.
 
Да не ја имаш, или некој друг да го има ова издание?
Ме интересира како е уредено, затоа што е на помалку од 750 страници а сите останати се 900-1000. Да не се премногу ситни буквите или набиени редовите.
Karamaz.jpg
 
За тие што не знаат, оваа недела на 50% попуст во ТРИ се следниве интересни наслови:

1733839293unishtuvanje-1.jpg

1741697919prodavachkata-1.jpg

1719991580zivot-nasproti-se-1.jpg

17065466781984-1.jpg

1706554130juzno-od-granicata-zapadno-od-sonceto-1.jpg

1750323378brchki-1.png

Вкупно 12 наслови се на пола цена, ги издвоив поинтересните.
 
Бруки од Пако Рока е добра графичка новела, препорачувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom