Дали сексот е преценета активност?

Љубовта без секс не може ,сексот без љубов може!!!!

Што сакам да кажам со ова- не можеш да имаш гооолема љубов со некој, стабилна врска ако немаш добар сексуален живот(двете страни се соодветно задоволени). Зар има некој на форумов што верува во платонска љубов???
Во врска со вториот дел на мислата- сексот без љубов може- Ако некој не сака врска, не сака емоционално да си го усложнува животот во одреден период, дали тоа му оневозможува да сретне некоја девојка и да има однос со неа. Не, некои сакаат љубов , некои сакаат необврзувачки секс.

Како резултат на сексот се продолжува човечкиот род, сексот те носи на места кадешто ништо друго не може да те однесе, сексот е едноставно мноооогу добра ствар.И во никој случај не е преценет! Немаш добар секс, имаш голема празнина во животот.Дефинитивно.
 
Мислам дека во последно време и сексот можеме да го вброиме во категоријата -гласен кич. Оптичко и ментално изместени репери на однесување, облекување, пристапување, конверзирање, додворување, па дури и ВОДЕЊЕ ЉУБОВ. Не сум старомодна само реална и ќе речам, промискуитетно и анимално задоволување на потребите, површна страст , декориран секс, каде чувствата се во спореден план или воопшто ги нема. Им поминала модата на верност и моногамија . Преправање , ама од страв да се погледнеш во огледало , да направиш чесен индивидуален опит , да си ги измериш потенцијалите
Сведоци сме на изумирање на најчувствителното ткиво на времето- љубовта , наспроти осмозата на страста .
Катја is back:smir:

Не негирам дека сексот е експлоатиран во секакви банални цели(од слогани за реклами, преку музички спотови, до филмови...тони сексуални алузии) што станува веќе тривијален, па како резултат на тоа се изродуваат разни девијации, преверзии итн., ама она дека љубовта изумира или дека сексот има некоја ептен длабока суштина која у денешно време се губи не можам да го прифатам.

Од твојот пост испаѓа дека страста е лоша и дека сексот не е во суштина нагон и средство за продолжување на видот. Но, за жал е пред се тоа. Поради него сме и ти и јас и денес тука.
Како што после секое исполнување на нагонот за храна, сон или жед осеќаш задоволство така е и со ова. А, за нив не гледам дека некој вика дека се преценети или дека ја загубиле "големата суштина" (која никогаш и не ја поседувале)
Само, затоа што сексот е активност која цивилизаринте луѓе ја практикуваат позади затворени врати (односно е нешто "скокотливо" и прикриено) постои и потребата толку да се дискутира за него и да се прават алузии со истиот. Згора на тоа, носи и задоволство кое по својот интензитет е далеку поголемо од задоволството кое го даваат другите нагони (на пример, споредбата на поимите оргазам и оргазмично...односно, оргазам со значење врв на сексуалниот чин, и поимот оргазмично кој може да означува состојба поврзана со врвно задоволство-кое не е условено/зависно од сексуален чин...значи и во лексичкото значење има импликација дека задоволството од сексот е едно од најсилните задоволства).

Лично, не сметам дека е преценет. Извулгаризиран и банализиран во некои случаи да, но не и преценет.
 
Сексот е најнормалната работа што постои.А како што гледам луѓето повеќе време поминуваат во зборување за сексот отколку во уживање во сексот.И да преценет е само за тие што го немаат а за останатите е прекрасен дел од животот.
 
Незнам дали е преценета активност но знам дека е доста потребна.
 
За се постои понуда и побарувачка...кога нешто е ретко тогаш е преценето, а ако го има во изобилство не е преценето. Така да за кого како...:salut:
 
Мислам дека е малку преценета но и така треба зошто без секс не се може, и тоа е физиолошка потреба!
 
За се постои понуда и побарувачка...кога нешто е ретко тогаш е преценето, а ако го има во изобилство не е преценето. Така да за кого како...:salut:
Браво за дефиницијава!!!

(Зар има некој на форумов што верува во платонска љубов???)
Убаво викам дека уште си во пубертет!!!

Мислам дека е малку преценета но и така треба зошто без секс не се може, и тоа е физиолошка потреба!
Тоа е НАГОН!!!
Пред да го доживеам своето прво сексуално искуство правев муабет со другар, дипломиран психолог, и му пишувам по мсн:
Имам потреба од секс.
-Од каде знаеш дека ти треба нешто што никогаш не си го имал?!
Нагон е, ме тера нешто одвнатре, доколку не го задоволам нагонот, се надевам нема да се мрднам.

И така драги кајганџики и кајганџии, мене ми се ебе ми се рика, за секс би направил многу нешта, дури и за надеж за секс правам многу работи и на крај испаѓам злоупотребен и искористен и фрлен како отпушок.
 
kako mislite preceneta aktivnost za mene sexsot pretstavuva borba za opstanok i odrzuvanje na vidot ako nema sex nema deca nema natalitet bes sex se bi bilo bezsmisleno toa sto nekoi preteruvaat vo sexsot i sto od sexsot holivud pravi cirkus toa ne e vo red a vo red e da se ima sex bez razlika dali so eden i ili poveke osobi od sprotivniot pol na samata edinka zamislete kako nastanala ovaa populacija koga covekot ziveel vo ordi grupi od po 30 clena pa mislite tamu se znaelo koj kolku i koja ebava
 
Seksot ova, seksot ona... seksot vaka, seksot taka.... Ne mislite deka seksot e malku precenet?
Апсолутно мислиме дека е преценет. Мислиме дека од мали уште не учат дека невиноста е нашиот најголем дар, од тука се формира митот дека "чесната девојка" треба да се чува до прва брачна ноќ, оти инаку е "нечесна". И така сексот уште толку добива на цена, па некогаш и кога девојката мисли дека го нашла правиот партнер, и со него има долга врска, си поставува некои рамки како да речеме"Да се ополнолетам, да станам самостојна" (а има 17 ипол:pos2:) итн. Не ми е гајле за сексот без љубов. Ама тоа е најчеста цел во денешницава , покрај токсикологија на Клиника. Како кога една девојка ќе легне со некого во кревет, веќе да нема ниедна позитивна карактеристика, како да не е веќе интересна(зборувам за сексот без љубов). Затоа мислам дека на моменти сексот се зема како мерило на чесност, карактерност, а не само нагон. Водењето љубов е друга работа. Покрај ова преценување на сексот, девојките темпираат на колку години ќе легнат, на колку време од врската ќе имаат односи итн. Глупост.
 
Сексот е нормална работа околу која се крева ненормална врева, се трача и се лаже на оваа тема (секс) повеќе отколку на рибарска седенка. Не знам колку е преценет, оти сметам дека е една од најважните работи за здрав живот, но со сигурност знам дека е погрешно проценет. Поради глупави норми и правила на двојниот морал од една, и порно индустријата од друга страна,се формира и пласира погрешна, искривена слика, па куп луѓе наместо да уживаат во еден од најубавите дарови на природата, се полнат со фрустрации.
 
Апсолутно мислиме дека е преценет. Мислиме дека од мали уште не учат дека невиноста е нашиот најголем дар, од тука се формира митот дека "чесната девојка" треба да се чува до прва брачна ноќ, оти инаку е "нечесна"..

Што збориш бе? Да не имаш растено во Јужен Авганистан па муабетов да ти држи вода? Зошто во Македонија која што јас ја знам, далеку од тоа дека има некакво хц учење за тоа како хименот ни е свет. Што знам, или пак можда веруваш на она која колку се чувала и колку и што се „не дозволува на дечко и“...

Не ми е гајле за сексот без љубов. Ама тоа е најчеста цел во денешницава , покрај токсикологија на Клиника. Како кога една девојка ќе легне со некого во кревет, веќе да нема ниедна позитивна карактеристика, како да не е веќе интересна(зборувам за сексот без љубов). Затоа мислам дека на моменти сексот се зема како мерило на чесност, карактерност, а не само нагон.

Пф:))) Абе да, важи.. Сериозно, од кај си?

Водењето љубов е друга работа. Покрај ова преценување на сексот, девојките темпираат на колку години ќе легнат, на колку време од врската ќе имаат односи итн. Глупост.

Абе да, сексот не чини и ако треба да зборуваме за секс, тоа е грешка рамна на правење дамла и празнење црева на токсикологија, ама затоа водењето љубов... Абе што да ти зборам:)



И не, сексот не е преценет. Како што не е преценето ни јадењето, ни пиењето... Физиолошки потерби си се сите тие. Можеме да зборуваме за квалитет на истите и да правиме некоја градација во тој поглед (во смисла на грав - пица - кавијар.... и по истата логика, секс - секс со некој кој ни се допаѓа - секс со некој со кој сакаме да го поминеме животот - секс со Бред Пит:))...) ама не може да se зборува дека јадењето/сексот е преценето, дури и кога јадеме грав/имаме секс „ради реда“...

Уф, добро е, кога почнав со гравот сватив дека примерот е премногу ретардиран и за моите критериуми и не знаев како ќе се извадам, ама стигнав до негде:))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom