Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Atonement - Ian McEwan
Иако книгата изобилува со деталести описи на материјалното и духовното, сепак описната мисла на писателот е чиста, без никакви претензии да се докаже дека е некој и нешто. Ова го имам забележано кај „новава“ генерација на швајцарско-германската школа како Шлинк и Мерсие, едноставно се губат во поим при раскажувањето, додека кај Иан целата книга има хируршка прецизност на опишување на човековата психа, без одвишни зборови а сепак богат фонд.
Се` уште сум на при крај на првата третина, но книгата ме вовлекува во животите на тројцата протагонисти, Роби и Сесилија како потенцијален пар, и Бриони (помалата сестра на Сесилија) како индиректен спектатор во нивните животи. Со право би рекол дека ова е една од оние книги со која созреваш, или англичаните имаат подобар израз - coming of age.
 
Освен серијалот ASOIAF, Џорџ Мартин има напишано уште по нешто. Краткиот хорор роман The Skin Trade не е којзнае што, послаб е од Fevre Dream, ама сум сретнал и полошо. Се чита, иако очекував повеќе.
 
Во моментов го читам делото на Херман Хесе - „Сидарта“ и кај и да е би требало денес да го прочитам. Интересен краток роман за лик кој што трага низ светот се со цел да го пронајде своето ЈАС, сака да оди по својот пат, да не се потпира на туѓото учење туку да создаде негово и да се води според тоа. Остатокот би оставил да си го прочитате...
 
„Врати на перцепцијата“ од Хаксли си ја земав пред некој ден.

Вчера ја довршив „Степски волк“ од Хесе, претходно и „Сидарта“ - тотално различен пристап имаат двете, иако од ист автор. Не можам да кажам дека сум фасциниран, посебно од „волкот“ - и самиот автор кажува дека очекува целна група на книгата да се мажи во возраст над 40-50 години, кога ја доживуваат таа средовечна криза. За разлика од Сидарта, која ја пишувал после едно патување во Индија и која е инспирација за многу луѓе од „западов“ да почнат да ги запознаваат источните учења, оваа ја пишувал во моменти на изгубен мотив за живот, дури и помисли за самоубиство...има некоја атмосфера и идеја, која не ми е блиска едноставно, а ја читав со многу внимание. Дури и чудно ми е кога ќе прочитам критики од жени, се плашам дали воопшто ја доживеале.
Дојдов до овие книги барајќи ја The glass bead game (со чуден превод на македонски - не е битно) и може и нема да ја барам понатаму. Не сакам да кажам дека сум разочаран од Хесе, можеби и преводот не беше погоден.
 
Моментално ја читам "This side of paradise" на F. Scott Fitzgerald. Го обожавам Фитц, стилот му е прекрасен, убедливо еден од најдобрите автори. Не сум читнала ни третина од книгата, приказната сеуште се развива, главниот лик ми е интересен (ако не се лажам тоа е всушност он, би требало да е книгата some what автобиографска). Ретко кој може да ме натера да развлекувам читање само за да трае повеќе дружењето со книгата.
 
Пошта - Чарлс Буковски

Автобиографско дело на Буковски за неговото 12 годишно работење во калифорниската пошта.
Воедно ја опишува неговата врска со алкохолот, жените и обложувањето на трките со коњи.

Брзо ја прочитав и не сум нешто воодушевена. Вулгаризми еден тон, никаква длабочина. Да, таков му е стилот, ок, се обидов, не е за мене. Не е книга што ќе ја паметам со денови тоа сигурно. Ќе се обидам со поезијата.
 
Oд Конан Дојл „The Lost World", и засега си гази. Си ја има онаа мистичност како во Шерлок книгите, само што не е Шерлок. И иди некако ко помрачна и потаинствена. Уште сум на почеток но засега е добро.
Во духот на законот од Монтескје, е втората која ја терам напоредно. Класично, култно дело од правната филозофија, кое ја раѓа во голем дел основата и решенијата на модерново право.
 
Дете 44 - Том Роб Смит

Советскиот Сојуз на Сталин, каде единствена и најважна работа е врската на човекот со државата. Каде празните муабети за убиства треба да се стават под контрола бидејќи новото општество има столб дека: Не постои злосторство!!!
Дури и најмало сомневање за нелојалност, покажување непослушност се казнува.
Започнуваат убиства на деца, брутални, невини луѓе се обвинуваат и завршуваат застрелани, а еден човек кому единствена цел во животот му е да ѝ служи на државата, почнува да се сомнева во истата. Со помош на неговата сопруга започнува потрага по убиецот...
И да не ви откривам што ќе биде прочитајте ја доколку сте во можност, со секоја следна страна ќе ви биде сѐ поинтересна. Јас штотуку ја завршив.
 
Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин - Ренсом Ригс

Една прекрасна приказна која ќе Ви ја разгори фантазијата и ќе Ви претстави еден сосема поинаков свет. Свет каде што времето е запрено, каде што постојат деца што лебдат, невидливи, други што формираат огнени топки во рацете, што можат да кренат карпи во воздухот без никаков напор. Таму датумот е секогаш ист, годината е секогаш иста, а само еден тунел е врската со останатиот свет кој се менува од ден на ден, светот каков што го знаеме денес. Посета во домот од страна на еден шестнаесетгодишник ќе ја разбранува секојдневната рутина, а тој пак самиот ќе се најде пред голема животна одлука.
 
Собирачи на пепел - Давор Стојановски (издание на Или-Или)
Роман на годината за 2016 г.

Не ја читам во моментов, веќе ја прочитав и сакав да пишам збор-два.
Мене лично книжулево не ми се допадна. Иако има само 160 страници, ја читав некои си 20 дена и ми беше напорна, мачна, досадна. (Нормално не секој ден по 5 страни, туку ја почнував, па ја оставав). Цело време ко авторот сака нешто да каже, ама не знае како да го пренесе.

Однесувањето на главниот лик ми беше чудно скоро низ цел роман, сака да направи нешто, ама се колеба, прави нешто друго, а не знае зошто го прави тоа. Очекував повеќе, за толкаво извикување на романов, а не добив.

Ќе направам мала споредба со уште еден добитник на Роман на годината од Утрински, Папокот на светот од Венко.

Венко пишува филозофски размисли во Папокот, ама на толку едноставен, јасен начин, со зборови воспримливи за читателот, Давор во Собирачи пишува за една едноставна случка, ама на некој тмурен, меланхоличен начин, што со секој збор те фрла во меланхолија, депресија, те тера да ја оставиш книгата.
 
Ах ќе се караме... :D
Баш Венко ми е преценет и вештачки во повеќето негови писанија, потенцирајќи на моменти колку е истиот начитан (што не се ни сомневам).
Мислата на Давор е поспонтана, поприземна, помалку разгранета (во дадениот момент). Ликот во романот ми делува како егзистенционалистички нихилист, неговото (не)делување во моментот е многу лесно потенцирано со што помалку зборови, но попрецизно. Нема релативизирање, едноставно е, така е, така сакал писателот. Кај Венко осеќам некаков пристап кој пробува секому да му се допадне, објаснувајќи ја секоја постапка на полесен или потежок начин (како-кому годе).
 
"Gulliver's travels" на Jonathan Swift.
Стигната сум речиси до половина, за жал едвај наоѓам време да читнам, се мразам што константно ја прекинувам, а толку е интересна. Еве веќе 2 недели поминаа откако ја започнав, се надевам ќе ми се отвори повеќе слободно време да се дружиме. Моментално сум на вториот остров каде им раскажува на кралот и кралицата за местото од каде што доаѓа. Обожавам вакви авантуристички книги, топ се за одвелкување внимание од секојдневните срања.
 
Ах ќе се караме... :D
Баш Венко ми е преценет и вештачки во повеќето негови писанија, потенцирајќи на моменти колку е истиот начитан (што не се ни сомневам).
Мислата на Давор е поспонтана, поприземна, помалку разгранета (во дадениот момент). Ликот во романот ми делува како егзистенционалистички нихилист, неговото (не)делување во моментот е многу лесно потенцирано со што помалку зборови, но попрецизно. Нема релативизирање, едноставно е, така е, така сакал писателот. Кај Венко осеќам некаков пристап кој пробува секому да му се допадне, објаснувајќи ја секоја постапка на полесен или потежок начин (како-кому годе).
Види Папокот на светот ми беше уау, ама од една книга не можам да го проценам цело творештво на писател. Ќе почекам Вештица да ја читнам, па да кажам дали бил преценет или не. Во моментов си го поштувам.

А Давор ми беше мачен, можда е до мене ете, ама едвај ја дочитав.
Се надевам Фроска нема да биде ваква инаку жив ме запаливте и ти, а богами и џими и злате. :D
 
IMG_20170528_010442.jpg

Вчера си ги купив и веќе ја почнав Deception point. Обожавам акции и авантури, а Браун ми е еден од омилените автори.

Сателит на НАСА открива објект длабоко под арктичкот мраз. Амерскиот претседател испраќа научници да откријат за што се работи, а вистината ќе ги стави во смртна опасност...
 
Вчера ја купив "Оркански Височини" од Е.Бронте, од штандовите на кеј кај Холидеј Ин и едвај чекам да почнам да ја читам.
Воедно и првата книга што ќе ја читам на српски јазик (да осознаам на сигурно дали сум тапа за српски у пишана форма).
Си добив гратис цреши од чичкото шо продаваше, дека интересен избор сум направила. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom