„Врати на перцепцијата“ од Хаксли си ја земав пред некој ден.
Вчера ја довршив „Степски волк“ од Хесе, претходно и „Сидарта“ - тотално различен пристап имаат двете, иако од ист автор. Не можам да кажам дека сум фасциниран, посебно од „волкот“ - и самиот автор кажува дека очекува целна група на книгата да се мажи во возраст над 40-50 години, кога ја доживуваат таа средовечна криза. За разлика од Сидарта, која ја пишувал после едно патување во Индија и која е инспирација за многу луѓе од „западов“ да почнат да ги запознаваат источните учења, оваа ја пишувал во моменти на изгубен мотив за живот, дури и помисли за самоубиство...има некоја атмосфера и идеја, која не ми е блиска едноставно, а ја читав со многу внимание. Дури и чудно ми е кога ќе прочитам критики од жени, се плашам дали воопшто ја доживеале.
Дојдов до овие книги барајќи ја The glass bead game (со чуден превод на македонски - не е битно) и може и нема да ја барам понатаму. Не сакам да кажам дека сум разочаран од Хесе, можеби и преводот не беше погоден.