Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Божествена Комедија-Данте Алигиери

На времето реков дека нема да почнам да ја читам дур не излезат и Чистилиштето и Рајот на Македонски превод, тогаш само Пеколот беше. И еве конечно излегоа и да го остварам ветувањето.
 
Само што ја почнав ,,Убиство во Месопотамија'' од Агата Кристи.
 
Ја препрочитувам Тајниот дневник на Адријан Мол и умирам од смеење!
Книгава е за деца... Така и ја читам. Детски:)

Паралелно се трујам со Џорџ Орвел и Фарма.
 
си ја читам лектирата ... Гуливеровите Патувања :smir:
 
Првородениот-Кристофер Паолини :vozbud::vozbud: Ја обожавам и ја читам по незнам кој пат.:vozbud::vozbud:
 
Toчка на измама - Ден Браун

ама ме мрзи нешто :) шубоо си читав едно време...
 
Пред два дена почнав една кратка (од 80 страни) Масони од Анри Дирвил. Ја прочитав истиот ден. Вчера ја почнав Патоказна ситуација од Ијан Пирс. И првата и втората се феноменални книги.
 
Пак почнав да го читам хари потер 1дел забавен ми е.
 
Калуѓерот кој го продаде своето ферари - Робин С. Шарма
 
Ми ја препорачаа Хајди...решив утре да ја земам.
 
ФИЗИОЛОГИЈА со функционална анатомија
 
Moментално ја читам Стаклената книга за уништувачите на соништа во два дела е книгата до 500 страни.
 
Моментално ништо,ама деновиве ќе отидам до библиотека за да земам некоја за прва година.Мислам дека изборот ќе падне на „Тристан и Изолда“ и се надевам дека ќе биде интересна како што е и филмот.:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom