12 години од офанзивата во Арачиново

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јуни 2009
Мислења
283
Поени од реакции
261
Само албанците (y)
Што е сосем нелогично земајќи во предвид дека напомена цела нација. Како може да мразиш цела нација ако во животот си се сретнал со можеби дваесетина Албанци?
Албанците немаат никакви генетски недостатоци за да бидат инфериорни спрема Македонците или која било друга нација на планетава.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ххммм многу ми е чудно тоа како на форумов 90% од малкумината членови Албанци се изразуваат перфектно и литературно Македонски ... сликата која е надвор во реалноста е сосема поинаква повеќето Албанци да не речам сите бајаги прават грешки во изразувањето на Македонски јазик ... после Dardania и Puno еве уште еден нов литературен Албанец BlackComb ... :icon_mrgr:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.351
Ххммм многу ми е чудно тоа како на форумов 90% од малкумината членови Албанци се изразуваат перфектно и литературно Македонски ... сликата која е надвор во реалноста е сосема поинаква повеќето Албанци да не речам сите бајаги прават грешки во изразувањето на Македонски јазик ... после Dardania и Puno еве уште еден нов литературен Албанец BlackComb ... :icon_mrgr:
Иди на фудбал :ROFLMAO:

Се шалам,па нормално чим веќе размислиле да дојдат на македонски форум и да пишуваат знаат добро македонски.
Нема ја сега да одам на унгарски форум без да знам унгарски....
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Што е сосем нелогично земајќи во предвид дека напомена цела нација. Како може да мразиш цела нација ако во животот си се сретнал со можеби дваесетина Албанци?
Албанците немаат никакви генетски недостатоци за да бидат инфериорни спрема Македонците или која било друга нација на планетава.
??? :confused:
Не би се согласил баш со твоево мислење ... Албанците се посебна суб-раса на Балканот и пошироко со изразена Динаридско-Арменоидска конституција и фацијален лик што не е баш вообичаен за поголемиот дел од Европа !
Две теории:
1. Албанците се навистина староседелци на Балканот и со текот на вековите многу малку се имаат мешано со други племиња/народи ?!
2. Доселеници од: Анадолија? Кавкаските планини? Блиски исток?
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.351
Што е сосем нелогично земајќи во предвид дека напомена цела нација. Како може да мразиш цела нација ако во животот си се сретнал со можеби дваесетина Албанци?
Албанците немаат никакви генетски недостатоци за да бидат инфериорни спрема Македонците или која било друга нација на планетава.
Не мразам,каде виде дека мразам ? Поготово ради некои генетски и физички карактеристики.
Не мразам,но далеку од тоа дека имам симпатии кон вас.

Дијаметрално спортивни интереси,нерасчистени сметки,Македонија нема место и за едните и за другите.
Затоа и сум за јасно разграничување каде што најголем дел од Албанците би биле во Албанија,Македонците во Македонија.Тек тогаш само може да се има некој нормален однос.
 
Член од
5 јуни 2013
Мислења
81
Поени од реакции
478
Што е сосем нелогично земајќи во предвид дека напомена цела нација. Како може да мразиш цела нација ако во животот си се сретнал со можеби дваесетина Албанци?
Албанците немаат никакви генетски недостатоци за да бидат инфериорни спрема Македонците или која било друга нација на планетава.
Да ги мразиш буквално сите не можеш, секаде има секакви луѓе. Но во глобала Албанците во Македонија штетат на Македонскиот народ. Секогаш ке го стават Албанското знаме пред Македонското, Албанскиот јазик пред Македонскиот, дури и големо непочитување од страна на голем број Албанци со тоа што слабо го знаат Македонскиот јазик, а родени се во Македонија. Едноставно правата кои што им се дозволени во државава го потиснуваат Македонецот. Тие и ке продолжат со тоа што го намериле, односно да живеат во нивната големка Албанија. Затоа што им се може, затоа што премногу им е дозволено, затоа што така се научени, затоа што веќе се голем фактор во нашата држава. Зашто да учат, да пишуваат, да слушаат Македонски медиуми кога можат да го извадат од корен тоа скроз, а веќе полека им успева тоа некаде. Се е тоа на наша сметка. Не знам шо да ви кажам...пепел баце. :P
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
2.112
Поени од реакции
2.003
Другите 432 терористи загинаа при одбрана на Арачиново ;) Зато им требаа толку автобуси
Мислам дека си заборавил една нула. Една нула една кула - викаат!
Би требало да се 4320 убиени, само во Арачиново.
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Птууу бе мајката, само 68 „терористи“ биле:
http://republika.mk/?p=88319

Имавме 68 војници во оваа чета.Беше организирана во рекордно време од 2 недели со
добра воена хиреархија.Активностите се одвиваа под многу тешки услови.Се водеа
жестоки борби против Македонските полициски и воени сили,потпомогнати од странски платеници.Мораше да се грижиме Македонците да не ја изгорат црквата во селото Арачиново,за да не не обвинат дека правиме верска војна,наместо национална.Хоџа

Како прво во Арачиново немаше само 1 чета од 68 војници беа преку 400 вкупно и повеке,Да водевме тешки борби и при крајот кога почнаа да имаат големи загуби заедно со 4 платеници кои ги ликвидиравме и 2 кои ги однесоја во Америчката амбасада а кои беа дел од Корпорацијата која ги снабдуваше со оружје ги потпомагаше и тренираше Учките списокот со вкупниот број на платеници му беше даден на покојниот Трајкоски.
Кога беше прекината акцијата а можевме за го срамниме со земја Арачиново и да нема
вакви Хоџи денес да даваат изјави,Дојде ,,Судијата,, Нато влезе во Арачиново и ги извадија во климатизираните автобуси.Преку 10 беа а само воо 2 автобуси збира чета од Хоџа,колку беа во др 8 или повеке автобуси?! Намерно ги извадија од Арачиново
пред да се стемни за да неможат нашите служби да ги снимат.Но постојат докази слики видеа и др информации за тоа кои се беше во тие автобуси во УБК.
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 05:55 ---
Ова за црквата е јако се грижеа колку за Лешочкиот манастир за да не ги обвиниме дека прават верска војна!!!
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Денес се навршуваат 12 години од загинувањето на Македонскиот Бранител и припадник на ЕСЗ Тигри, ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ кој беше тешко ранет во борбата против албанско-муџахединските орди кај селските гробишта меѓу Брњарци и Арачиново (скопско) на 23 Јуни 2001 година на 21 годишна возрас.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!

 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Денес се навршуваат 12 години од загинувањето на Македонскиот Бранител и припадник на ЕСЗ Тигри, ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ кој беше тешко ранет во борбата против албанско-муџахединските орди кај селските гробишта меѓу Брњарци и Арачиново (скопско) на 23 Јуни 2001 година на 21 годишна возрас.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!





 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
БИТКА ЗА АРАЧИНОВО
Вторник, 25 Јуни 2013 проф. д-р Јанко Бачев
Лидер на НДМ
Помина 22-ви јуни во уште едно потсетување, дека пред дванаесет години во 4,30 часот започна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили. Македонската јавност сеуште се замајува со некаква верзија за настанот, според која, се се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое, претходно на 9 јуни 2001 година тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. И - толку!

Сепак, работите не стојат баш така.

Затоа, во оваа прилика сакам да споделам еден момент околу трагедијата со тројцата припадници на МВР, бидејќи, до денешно време, ниту една владеачка гарнитура не го расветли нивното контроверзно загинување.

Имено, при акцијата за ослободување на Арачиново, тројцата полицајци не загинаа во борба со албанските терористи, туку загинаа од граната на македонската Армија. За време на војната во 2001 година, кога функционира таканаречената широка Влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски.

Затоа, идните генерации еден ден ќе бидат згрозени кога читајќи ги книгите од војната ќе видат дека во Арачиново, од некоординираност таму загинаа тројца полицајци од граната на АРМ, која не им ги знаеше координатите на припадниците на МВР, што е трагично.

Со еден збор, невидена бламажа - македонски војници и полицајци се испотепаа самите меѓу себе, бидејќи не си ги знаеја координатите.

Инаку, овој момент надлежните државни органи се уште го кријат, бидејќи, внимавајте, државата ќе требало да плаќа големи отштетни износи доколку се признае нејзинатавина, иако се поставува прашањето - дали воопшто има цена по која можат да се обештетат македонските бранителикои загинаа во одбраната на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Затоа,владеачката ВМРО-ДПМНЕкако народна партија со демохристијанска ориентација и силна верба во Бог, има обврска, најпосле, 12 години по погибијата на тројцата полицијаци во Арачиново, да ја сподели со јавноста вистината за нивното загинување.

Односно, генерално, да ја тргне разочарувачката слика во Македонија, во која повеќе од една деценија ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на македонските бранители кај Карпалак, осуммината мачени и живи палени кај Вејце, осуммината убиени во заседа кај Љуботенски пат, загинувањето на тројцата припадници на МВР при акцијата за ослободувањето на Арачиново...

Трагедијата кај Арачиново, како и погибијата кај Карпалак, Љуботен или Вејце, кои се најперфидно местење на македонските бранители, се само во прилог на моето тврдење во годините дека Македонија ја изгуби војната како резултат на внатрешните предавства и политичките сценарија на домашните политички актери, а не како резултат на неспособноста на македонските безбедносни сили да се справат со терористичката ОНА.

Впрочем, тогашната ОНА на почетокот броеше околу 600 припадници кои се одметнаа во планините за да го рушат уставниот поредок на земјата, а за кои македонската Служба за државна безбедност знаеше практично се – колку се, каде се, зошто се таму, и македонските безбедносни сили можеа да ги решат во секое време. Од јануари до мај 2001-ва, Македонија имаше одврзани раце да се справи со тогашната ОНА, но, македонските политички демагози, залудени единствено од лична промоција и желба за моќ и профит, ја изгубија војната во 2001 година.

Всушност, Македонија во 2001-ва се победи самата себеси, бидејќи од другата страна имаше виртуелен противник во ОНА која не претставуваше реална опасност оти немаше ниту кадар, ниту можности од логистички аспект да води борба со поголем капацитет.

Затоа, токму припадниците на ОНА за Арачиново треба да ја опишат својата голгота во тие денови, во интерес на историјата и дека не беа решени само заради тоа што однапред беше договорено НАТО да влезе во Арачиново и да ги извлече терористите.

За волја на вистината, странците направија пресврт во војната, но, дури во месец јуни после пет месеци од започнувањето на војната кога го измислија Арачиново за да се присили македонската страна на политички преговори, односно да се прекинат воените дејствија и на поинаков начин да се решава кризата, по цена на сите понижувања на македонските безбедносни сили кои храбро го бранеа нејзиниот територијален инегритет.

Заради тоа, треба да се извлече поука - Што не треба да прави Македонија, доколку повторно биде вовлечена во нова војна?А, од однесувањето на Албанците произлегува дека не мислат на ништо друго, освен на методите на повторно војување. Оттука, прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија екс-командантите на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.

Значи, без оглед на се, пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после годишните одмори, во име на македонскиот народ мора привремено да престанат да се натпреваруваат во докажувањето кој од нив бил поголем предавник и криминалец за време на своето владеење, и, следствено на тоа, да се согласат, односно, како највисок законодавен дом, да донесат политички документ (декларација или заклучоци) со кои ќе побараат расветлување на перфидното местење на македонските бранители во Татковинската војна во 2001 година.

Ова од причина што, да се дојде најпосле до официјален одговор не само за Арачиново туку и како, од кого и зошто беа нарачани и договорени масакрите кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат,во кои бранителите беа испратени во заседа и мораа да загинат.

Во краен случај, расчистувањето на овие случаи е од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите, туку и за Република Македонија, бидејќи не можеме да гледаме напред во иднината, доколку минатото и понатаму не прогонува, односно, неправедната загуба на бранителите останува неразјаснета.

Текстот е превземен од Zoran Kili Mitevski
Генијалците од АРМ пукале на припадници на МВР. Пред 4год кога ми кажуваа мене дека граната на АРМ убила 3ца припадници на МВР во арачиново, мислев ме ребра човекот пошо сум детиште. Ама вистина било. Не бе, не заслужуваме ние држава. Од нашите си патиме. Бљак.
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
БИТКА ШТО ТРАЕ ЦЕЛИ 12 ГОДИНИ

Загинаа за државата, а нема кој да ја исправи неправдата за нивните семејства
На ова злокобно место, на гробиштата на скопското село Брњарци, во јуни пред 12 години загинаа тројца бранители, припадници на полицијата, Атанас Јанев, Никола Пехчевски и Александар Стојчев.

На истото место на 23 јуни 2001 година, во акција за ослободување на Арачиново кај гробиштата, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“ Почина по пет дена, а имаше само 21 година. Грамадата од гробни плочи искршени од експлозијата на гранатата сведочи за овој трагичен настан, за кој со пресуда на Врховниот суд, по долгата и мачна битка, мајките што останаа без синови и децата што останаа без родител, не добија целосно обесштетување.


Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.

Ако пред 12 години околностите под кои загинаа беа криени под назнаката „строго доверливо“, сега веќе отворено се зборува, а тоа го знаат и членовите на семејствата, дека полицајците загинале од пријателски оган. Поранешни разузнавачи повикувајќи се на официјалната документација, која досега не е обелоденета, тврдат дека поради некоординираност на Министерството за одбрана и на Министерството за внатрешни работи, кои функционираа во тогаш формираната широка влада, во акцијата за ослободување на Арачиново полицајците загинале од граната на македонската армија, а не во борба со припадниците на ОНА.


Дали овој строго чуван извештај би можел да фрли ново светло и да отвори нова постапка за обесштетување на семејствата засега е неизвесно.


Бранителите на правдата велат дека независно од овој факт, за семејствата на трагично загинатите припадници на МВР во конфликтот во 2001 година што не добија целосно обесштетување треба конечно да се отвори патот до правдата, а Врховниот суд да си ја признае грешката направена поради политички притисок, а не поради правично судење.


mkd-61988.jpg mkd-61982.jpg mkd-61984.jpg mkd-61985.jpg

Гробиштата на скопското село Брњарци 2013
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom