Формула 1 - сезона 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата JagodicaBobica
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Досадна трка. Мерцедес и Ред Бул доминатни. Остала боранија. Ферари тешко до третото посакувано место покрај ваков Мекларен, а што знам подоцна и Алпин. Сериозно мислам да баталам со гледање формула 1. Џабе губење време. Не знам дали беше до тактитака али го усраа Саинз со ова. Мило ми е што не доби бод Саинз - нека си стават прст в чело оние од ферари.

Како бе досадна трка ?
Една поголема грешка и одма можеше да има промени од прво до четврто место.
Тактиката на Перез беше чисто за дополнителниот бод.
Хамилтон, Макс и Ботас извозеа ептен добро денес. Секој со своја тактика, секој цело време под ризик.
Ако нема на секои 3 минути претекнувања не ја прави досадна трката.
 
Ако нема на секои 3 минути претекнувања не ја прави досадна трката.
Ама и плус имаше доста претекнувања. Далеку од досадна во тој поглед, според мене.
 
Тешки нека бидат сите вакви, нема зима.
 
И мене ми беше досадна. Можда не ја гледав сконцентрирано. Најинтересно беше што Мазепин го гласаа за возач на денот и на крај воопшто не го дадоа кајронот со гласовите па испаднаа теории дека Ф1 намерно цензурира :pos: A овој кутриот секунда заостанат позади Шумахер.. Плус ова:



:tapp:
 
Мали делчиња од трката видов благодарение на одличното интернет покривањето од Телеком во Охрид, по втор пат велигденски воопшто немаше интернет. Како што гледам не сум пропуштил многу? Макс солиден резултат извади согледа на предноста на Мерцедесите на патекава.
 
И мене ми беше досадна. Можда не ја гледав сконцентрирано. Најинтересно беше што Мазепин го гласаа за возач на денот и на крај воопшто не го дадоа кајронот со гласовите па испаднаа теории дека Ф1 намерно цензурира :pos: A овој кутриот секунда заостанат позади Шумахер.. Плус ова:



:tapp:

На трол страни се договараат да гласаат и очигледно му успева. Ама ги прават како невалидни потоа.
Кога ќе се запнат вака и на плејстор туркаат рејтинг 1 ѕвезда на апликации.
 
Најинтересно беше што Мазепин го гласаа за возач на денот и на крај воопшто не го дадоа кајронот со гласовите па испаднаа теории дека Ф1 намерно цензурира :pos:
Кога тоа? Во некој момент од гласањето Мазепин водел? Пошто го нема во топ 5 официјално:
1619979642700.png
 
Кога тоа? Во некој момент од гласањето Мазепин водел? Пошто го нема во топ 5 официјално:
Прегледај го приврзокот 294202

Па тоа е целата работа, демек цензура правеле. Табелата што секогаш иде при крај на преносот со тоа колку посто од гласовите кој возач освоил овој пат не ја дадоа, оваа листа е отпосле постирана. Веројатно тоа е тоа НЕКОЈ што спомна, ги прават невалидни тие гласови. Е сега работата е што сите тие тролови уште појако ќе гласаат за Мазепин наредните трки, да ги оставеа сега ќе им поминеше меракот.
 
Близу е Верстапен до Мерцедесите, се надевам ако не успее да ја земе титулата (а многу тешко ќе биде искрено) барем ќе се држи доволно долго време за да ја направи сезоната интересна.

Денес сосема добра трка. Алонсо одличен, малку време му треба да влезе во форма. Тој требаше да биде возач на денот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom