Kajgana Shop (shop.kajgana.com)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Дали имаш пробано од маскиве и дали пречат на уши?
Под пречат мислам да болат ушите па дури и да прават мини ранички после подолго носење на маската.
И маска ако купам добивам беџ?
Имам пробано, мене не ми пречат. Ама па, ниедна маска до сега не ми пречела :)
Имам и такви држачи ко што ги спомнува Џонтра, ама не ми затребале. За беџот - секако :)

Од утре ќе има и сетови (1 бандана + 3 маски и 2 бандани + 1 маска).
 
Имаш у Џамбо мислам такви едни пластични што стојат на тил и ја закачуваш маската да не ти смета на уши. Ако веќе нон стоп носиш маска тоа е океј решение. Озбилно.
Не стои убаво маската со нив. Паѓа од позади на тилот, и одоздола, под маската се појавува дупка низ која крокодил може да влезе, а не вирус.

Јас сум по минимум 10 саати секој ден со маска на мене, и единствено само KN95-ките не ми прават ранички на ушите, зашто материјалот е навистина мек. Исто и имаше од тие платнените, што беа со нуклеарна пора :pos::pos::pos:, или како и да го викаа материјалот (а тоа обичен памук), што не ми правеа ранички, зашто делот за позади уши беше од истиот материјал (со нуклеарна пора :pos:), а не конец или ластик.
 
Имаш у Џамбо мислам такви едни пластични што стојат на тил и ја закачуваш маската да не ти смета на уши. Ако веќе нон стоп носиш маска тоа е океј решение. Озбилно.
А бе некои маски ми сметаат, некои не. Дали зависи од материјалот, дали зависи од должина/колку стега, не знам.
Не знам како е ова со тил, ќе видам.
Јас сум по минимум 10 саати секој ден со маска на мене, и единствено само KN95-ките не ми прават ранички на ушите, зашто материјалот е навистина мек.
Зависи кои!
Од Зегин пред некој месец земав 2, по 45 денари, топ беа ич не сметаа.
Пред неколку дена од друга аптека, исто KN95, и демек поскапа 90 денари беше, одма осетив дека ми ебава мама на ушите.
А иста личи оваа на претходните 2.
 
Не стои убаво маската со нив. Паѓа од позади на тилот, и одоздола, под маската се појавува дупка низ која крокодил може да влезе, а не вирус.

Јас сум по минимум 10 саати секој ден со маска на мене, и единствено само KN95-ките не ми прават ранички на ушите, зашто материјалот е навистина мек. Исто и имаше од тие платнените, што беа со нуклеарна пора :pos::pos::pos:, или како и да го викаа материјалот (а тоа обичен памук), што не ми правеа ранички, зашто делот за позади уши беше од истиот материјал (со нуклеарна пора :pos:), а не конец или ластик.
Ако си ги зел од Зегин тешко да ти направат рана, многу се долги врвките и не лепат добро :D, јас ги подврзувам. Првата тура n95 беа доста пократки во врвките и правеа рана при долго носење.
 
Утре ќе го збогатиме каталогот со нови производи, меѓу кои и двослојни заштитни маски и бандани (со наш дизајн) :vozbud:

Слободно давајте предлози за интересни дизајнчиња/исписи (од фан клубови, со навивачки мотиви, форумски моменти или цитати и тн.)! :)
По легендарен испис од "ke vi ebeme sve od A do ZH", нема. Ама тешко дека ќе го видиме испечатен. :(
 
Машала....цениве гледам малку "соленки".:confused:
Во споредба со што се "соленки" и што е "соленко" од понудата? Во споредба со оние за еднократна употреба, со маските од веледрогериите или во споредба со еднослојните памучни маски од дивите продавници на FB? :)

Има неоправдано "соленко" и оправдано "соленко". Цените на овие производи, не можат да бидат пониски од актуелните. Маските и банданите се продаваат по истите препорачани малопродажни цени како и кај добавувачот. За да им овозможиме заштеда на купувачите, направивме и сетови од бандани / маски (3+1 или 2+1) кои се малку поевтини од сумата на производите кога би се купиле индивидуално. Станува збор за двослојни маски и бандани со одличен квалитет и уникатен дизајн, кои не можат да се споредат со Aliexpress кинеските тенкички модели (од сунгер или тенок памук) печатени со којзнае какви бои, кои најчесто се продаваат кај дивтарите.

Да не ме сфатиш погрешно... Најлесно е да ги најдеме најевтините модели на пазарот и да ставиме "блага" цена. Ама концептот на продавницата е да правиме селекција во изборот и да ги понудиме само производите кои и самите би ги употребувале :)
 
Машала....цениве гледам малку "соленки".:confused:
Банданите се по состав исти како и оние на buff кои па се 20$, а маските со оглед што не се еднократни сосема задоволително баш имаш и тоБ дизајн.
 
Би било добро да се направи да може сам да си креираш дизајн на маските и банданите.

Прикачуваш слика и да ти даде како би изгледало.
 
Би било добро да се направи да може сам да си креираш дизајн на маските и банданите.

Прикачуваш слика и да ти даде како би изгледало.
Можноста за креирање сопствен дизајн е разработена на платформата, но не е вклучена. Една од причините е затоа што остава можност за грешки во дизајнирањето (несоодветна резолуција и материјали, лошо подредување и тн.), а со тоа и потенцијално незадоволни клиенти од финалниот производ.

Другата причина е тоа што за една маска со сопствен дизајн, нема никој да активира производствен погон :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom