Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Мене оваа ми е малку победна дека пробува да се извади

Прегледај го приврзокот 254809

Кај видовте дека се однесува на мкд/алб??? Па она може збори за суни и шија, дајте ви се молам.
Всушност, може и воопшто да не збори за различни религии и националности, може збори за животот на група граѓани во едно маало од кои некои навиваат за Барселона а некои за Реал Мадрид.
Пусти страв од Хелсиншки :pos:
 
Јавна тајна е дека реисот беше удбаш, затоа ниту една албанска партија не смееше и не можеше да го смени.
Па и следниот ќе биде, како што е и секое раководство на партиите! Овде во Мк две-три партии се формираа без дозвола на удба 92-93, одма ги устроија подредија и на крај си исчезнаа! Друже све што гледаш овде како политичка партија, реис,владика е со нивни амин! понекогаш имам чувство дека и воздухдишеме со нивна дозвола :sramezliv:
Според мене трагедија е што оваа државичка има мнозинство куртони ко тебе што не уклучуваат мозок, утре сзо или здравстевните домашни власти ( кои и двете организации кажаа милион работи па отиажаа) да ти кажат да стоиш на една нога како би го избегнал вирусот, ти наравно ке стоиш без да уклучиш мозок бидејќи ти кажале дека здравствениот систем ке се оптерети, а еве веќе три месеци има мерки кои тшо не ги почитуваме и пак здравствениот систем не е оптеретен со околу 800 активни случаи.
Може не се куртони луѓето, ама наравоучението дека наведната глава сабја не ја сече, си врши работа!
 
Мене оваа ми е малку победна дека пробува да се извади
Не ни очекувам нешто повеќе од удбашки вампири кои апсолутно ништо продуктивно и добро немаат направено за општествово со таа нивна т.н. "академија". Она нашла да дава такви коментари, се гледа дека има грижа на совест после сите срања за кои преќутела, па и ова не го истера до крај, иако фактите се на нејзина страна.

За Румена и компанија немам коментар, заради нивното ставање на политичката коректност пред фактите, уште неколку месеци ќе се занимаваме со вирусов, иако можеше се да биде спречено уште пред 3 недели. Ама не, патетичните агенди се најбитни, па дури и во време на пандемија.

Види како и се насобрале во коментари на девојчено што кажа дека констатирање на факти не е национализам.
Немам видено попатетични обиди за релативизирање на толку сериозна ситуација. Дефинитивно станува збор за патолошки случаи, едноставно не е можно толку да биде надвор од реалноста нормален човек. Разбирам и активизам и лапање пари и се, ама да одиш против факти и здрав разум, не можам и нема да можам да разберам.
 
Има ли некој информација кога ке се отварат границите, аеродромите?
Пред да пукнат 100киве што ги редиме имав инфо дека тоа требаше да се случи на 15ти, е сега не сум се информирал дали има промени ради новава ситуација

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Не ни очекувам нешто повеќе од удбашки вампири кои апсолутно ништо продуктивно и добро немаат направено за општествово со таа нивна т.н. "академија". Она нашла да дава такви коментари, се гледа дека има грижа на совест после сите срања за кои преќутела, па и ова не го истера до крај, иако фактите се на нејзина страна.

За Румена и компанија немам коментар, заради нивното ставање на политичката коректност пред фактите, уште неколку месеци ќе се занимаваме со вирусов, иако можеше се да биде спречено уште пред 3 недели. Ама не, патетичните агенди се најбитни, па дури и во време на пандемија.


Немам видено попатетични обиди за релативизирање на толку сериозна ситуација. Дефинитивно станува збор за патолошки случаи, едноставно не е можно толку да биде надвор од реалноста нормален човек. Разбирам и активизам и лапање пари и се, ама да одиш против факти и здрав разум, не можам и нема да можам да разберам.
Понови сте повеќето на форумов, не сте свесни што правеа на Твитер истиве ликови што ги гледате во коментари, кога имавме интернет акција во 2012 за Смилковско :D Видана и Орданоски не викаа во кафана мене, Леандра и Лигеа да ни објаснеле дека главните од Кајгана ни давале пари од израелски тајни служби :pos:

Кога можат да измислат такво нешто, можеш само да претпоставиш што бљувотини шират на дневна база.

Ако бројкава излезе од контрола наредни денови (се надевам нема), спремни се да спамаат и дека коронава не постои, верувај ми.
 
Јас се извинувам ако некој веке напишал за тоа,но може ли да напише некој кој навистина ги разбира овие гадости од вируси,како се стекнува колективен имунитет?Дали тоа значи слабите да умрат а јаките да опстанат или што? На пример некој што не би можел да го преживее вирусов,како би стекнал имунитет да не се зарази или полесно да го прележи без последици?
Колективен имунитет (имунитет на стадо) значи стекнување имунитет (прележување на болеста) на поголем процент од населението (некаде околу 70%), а на тој начин се обезбедува заштита и на вулнерабилните категории кои не се имуни. Ако поголем процент од населението е имуно на болеста, се забавува ширењето на истата. Колку е поголем бројот на лица кои се имуни на вирусот, толку е помал бројот на неимунизирани лица кои можат да дојдат во контакт со истиот.

Вулнерабилна категорија граѓани во случајов со sars-cov-2, се стари лица и хронично болни. Колективен имунитет би значело, пластично објаснето, да се пушти вирусот да циркулира кај сите оние кои не се во таа вулнерабилна категорија и го пребродуваат вирусот со полесна клиничка слика (млади и здрави особи).

НО, што дотогаш со оние старите и хронично болни (млади или стари) и како да ги заштитиме нив? Прашањето ти е сосема на место. Кога би се заразиле младите, шансите да се заразат и оние старите и хронично болните се уште реални. Барем кај нас во Македонија, во секоја една фамилија има хронично болен, со притисок или дијабет и колку и да се трудиме да ги изолираме од тоа, целосно изводливо не би било. Жртви нема да бидат исклучени!
 
Трагедијата е што тие како тебе никако да се заразат,а башка што во таков случај ке мора да ти се пружи лекарска помош и со тоа ке го оптеретиш и онака кревкиот здравствен систем.
Не те сваќам, нонстоп го потенцирате ова со преоптоварувањето на здравствениот систем. Знаете дека од март работат само за итни случаеви. Не е коронава едини проблем на светот за се да пикнеме под тепих ради нејзе. Министерот нонстоп потенцира дека капацитетите не се исполнети, монтираа полска болница и ја размонтираа. Системот е проптеретен зашто они така го организираа.
 
Д-р Вело Марковски: Има 3 можности како да ја надминеме сегашната ситуација
„Јас мислам дека има три можности. Првата најоптимистичка е вирусот природно да се повлече или да му ослабне вирулентноста до степен што ќе има малку см ртни случаи.
Втората можност е вакцина, односно вештачки предизвикана отпорност кон САРС-ков-2. Вакцина нема да има најмалку уште една година, можеби и воопшто нема да се произведе добра вакцина. Значи вакцината е опција која во моментов е нереална и не треба да очекуваме дека тоа е решението.
Третата можност е стекнување на колективен имунитет.
Captain Obvious... (а уште посмешно е што првата опција му е содржана во третата) :)

...и потоа продолжува со весела математика пошто му се може, не е одговорен за ништо што ќе се случи (и фала богу што не е).
 
Според некои објаснувања, како поминува времето, вирусот полесно се адаптира на човековото тело и престанува да биде смртоносен, не само овој вирус, сите вируси, но за овој на вируси тоа важи повеќе. Значи нема да е иста смртноста ако се заразат луѓето сега или покасно..
Тоа покасно е повеќе заразени луѓе и повеќе преноси, а не временски период. Не глеам како би станал тој помалце смртен и адаптиран на човековото тело ако не се пренесува. Додуша ова е прво објаснување на темава што ми има некоја логика.
 
Види како и се насобрале во коментари на девојчено што кажа дека констатирање на факти не е национализам. Среќа жива ги нема на форумов ама па на Твитер и ФБ креираат јавно мислење и тоа не е во ред.
Ама за несреќа ги има спротивните на куп во форумов, и секој коментар спротивен на мислењето на мнозинството се нарекува или курва или албанец.
 
Captain Obvious... (а уште посмешно е што првата опција му е содржана во третата) :)

...и потоа продолжува со весела математика пошто му се може, не е одговорен за ништо што ќе се случи (и фала богу што не е).
А има некој во СРМ што е одговорен?
 
Оној доктор што го слушав мислев николовски се викаше, кажа дека ковид не предизвикува срцеви удари како и мозочни, како и не ја влошува спстојбата на пациенти со срцеви заболувања, така да твоето околу кардиоваскуларни пациенти не држи вода.
Абе знаеш, не е ова "моево". Постојат студии на темава, бројки се објавени, има и објасненија као се создава стрес и воспалителни процеси на срцето за време на болеста и кои се крајните исходи.

Да не излезе дека јас ти ги бирам трудовите, побарај сам. Сигурен сум дека постои можност за јавен пристап бар на дел од нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom