Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Јас се извинувам ако некој веке напишал за тоа,но може ли да напише некој кој навистина ги разбира овие гадости од вируси,како се стекнува колективен имунитет?Дали тоа значи слабите да умрат а јаките да опстанат или што? На пример некој што не би можел да го преживее вирусов,како би стекнал имунитет да не се зарази или полесно да го прележи без последици?
Но што би се случило со тие 70% заболени? Слабите ке умрат а посилните ке преживеат? Има насекаде објаснување околу тој колективен имунитет,но никој не објаснил по фази како би се одвивал и каков би бил епилогот
Со два збора:
ПРИРОДНА СЕЛЕКЦИЈА!
 
Има ли некој информација кога ке се отварат границите, аеродромите?
 
Еве за Шведска до 29 мај, требаше сега да има и за следната недела ама изгледа се на продолжен викенд па можеби утре ќе не почастат со понови бројки,
малку повеќе го упропастив графикот, оти претходно ни се покажуваше просечен број и овој сегашниот, ама од оваа се гледа дека имало години кога имало пикови пола од овие сега.
H-5DGN4mTK6HvP--7YtR1Q.png

Но каква е иднината, како што гледате 2020 се приближува до просекот и јас очекувам некаде после 15 јуни да отиде под просекот, од причина што ќе нема кој да умира од старите, од сите умрени над 90-95% се лица постари од 64 години (и претходните и оваа малку повеќе), убаво си кажа тој епидемиологот со малку подобра изолација на старечките домови ќе имале екстра резултати (кој да знае како баш треба, за друг пат ќе знаат),
тоа е ситуацијата ќе се стабилизира и ќе си продолжат понатаму, додека кај нас со месеци нема да се смени ништо (освен за 5 јули кога ќе нема ИЧ).
се убаво, ама дали и ако стекнат колективен имунитет, швеѓаните нема ли да бидат опасни за другите држави кој немаат ???
А башка што има многу политика во одредување на Безбедни и НЕ Безбедни држави...
Ете Хрватска како најсилна туристичка држава од ехЈу , направи список на држави... од нонЕУ мислам само Монте Негро може да доваѓа... а пази сега, ај Германија, ама Бенелукс и Франција ќе им спасува сезона :facepalm:
И нашиот туристички дебил ќе организирал летови од Холандија и Полска за Охрид...
ај Полска може просечно и нема многу случаи, ама Холандија ??
а се уплашија од скопјаништата...
Кажа една наша државјанка што не можела ни да транзитира низ Блгарија, иако имала германски корона тест, само заради црвениот пасош....Цурик назад во Германија ја пратиле...
ама сега од 15,6, кога ќе им транзитираат за Грција со коли низ Блгарија романци, унгарци, чеси, срби, пољаци (а и украинци ако не ги сопрат) ќе го видат господ во пиџами..
Е тогаш ние ним да им ја затвориме границата...
Автоматски споено мислење:

Белорусите ли беа тие шо немаа никакви мерки? Каква е ситуацијата кај нив моментално во споредба со нас?
Имаа некакви мерки, на утакмица само 50% публика, дистанца..
ТУРКМЕНИСТАН имаше оригинална метода, ама нема од таму вести, не пуштаат новинари изгледа...
POLICIJA HAPSI LJUDE KOJI NOSE MASKE U ovoj zemlji je zabranjena upotreba riječi KORONA VIRUS
па нормално ќе ги апси, на улица маски носат само крадците
_111619537_whatsubject.jpg
 
Последно уредено:
Но што би се случило со тие 70% заболени? Слабите ке умрат а посилните ке преживеат? Има насекаде објаснување околу тој колективен имунитет,но никој не објаснил по фази како би се одвивал и каков би бил епилогот
Ќе умрат послабите. Ама ја не глеам друг епилог и онака, за некоја година сите ќе го иаме фатено и смртноста ќе е таа. Ова сеа е одолжување на неизбежното. Инаку природен имунитет не значи да идеме намерно да се заразуваме, вајда неколку години ќе поминат дури и без никакви мерки.
 
Во тоа не навлегувам каков би бил епилогот.Прашањето ми е многу комплицирано знам,ама мора да постои некакво објаснување.
 
Во тоа не навлегувам каков би бил епилогот.Прашањето ми е многу комплицирано знам,ама мора да постои некакво објаснување.
Не го сватив прашањето. Според мене подобро во тие 70 посто заболени да бидат помлади луѓе а критичните да бидат изолирани и во 30 проценти што нема да ја фатат.
Всушност у шведска ја утнаа работата со тоа, старечките домови им се испозаразија.
 
Според некои објаснувања, како поминува времето, вирусот полесно се адаптира на човековото тело и престанува да биде смртоносен, не само овој вирус, сите вируси, но за овој тип на вируси тоа важи повеќе. Значи нема да е иста смртноста ако се заразат луѓето сега или покасно..
 
Последно уредено:
Сега прочитав на фокус дека од 150 смрни случаи 115 имале к други болештини, односно околу 76% од случаите имале и други сериозни болести.
Изгледа ке излезе дека не е толку страшен вирусот како што се дигна галама и паника, а ние тука 5-6 лика што кажувавме и не правеа будали како сме биле неписмени а истите мозок не уклучуваа.
Уште одма ми веше сумњива ситуацијата умрела од срцев удар првата жртва во куманвоо и била позитивна на корона ја пишале корона жртва... едноставно не граничи со здрав разум
 
Нема најава, според мене ќе биде прво избори па отварање...
Според мене ќе биде прво избори па потоа строг карантин, а за отварање на границите ќе биде сигурно до нова година
 
Ќе умрат послабите. Ама ја не глеам друг епилог и онака, за некоја година сите ќе го иаме фатено и смртноста ќе е таа. Ова сеа е одолжување на неизбежното. Инаку природен имунитет не значи да идеме намерно да се заразуваме, вајда неколку години ќе поминат дури и без никакви мерки.
има многу матни работи...Прво, вакцина и да направат ќе биде само закрпа, бидејќи и луѓе што прележале повторно се заразуваат. Тестирањето исто не е 100% сигурно, едно што има атипични а има и разни врсти корона вируси, башка ако измутира и К19...
Веројатно ќе мора да има и вакцини и лекови и тестирање и дистанца.... ај кафаните и туризамот и да се ничкосаат и да се изврши преквалификација на вработените, што со градинките и малите деца по школите, башка и студентите мора да имаат практични вежби, еве да почнеме како ќе се школуваат нови доктори, медицински сестри, стоматолози, па и занати како фризери а без контакти ???
 
Сега прочитав на фокус дека од 150 смрни случаи 115 имале к други болештини, односно околу 76% од случаите имале и други сериозни болести.
Изгледа ке излезе дека не е толку страшен вирусот како што се дигна галама и паника, а ние тука 5-6 лика што кажувавме и не правеа будали како сме биле неписмени а истите мозок не уклучуваа.
Уште одма ми веше сумњива ситуацијата умрела од срцев удар првата жртва во куманвоо и била позитивна на корона ја пишале корона жртва... едноставно не граничи со здрав разум
Трагедијата е што тие како тебе никако да се заразат,а башка што во таков случај ке мора да ти се пружи лекарска помош и со тоа ке го оптеретиш и онака кревкиот здравствен систем.
 
Според некои објаснувања, како поминува времето, вирусот полесно се адаптира на човековото тело и престанува да биде смртоносен, не само овој вирус, сите вируси, но за овој на вируси тоа важи повеќе. Значи нема да е иста смртноста ако се заразат луѓето сега или покасно..
Uzgleda za ova dr. Nestorović e vo pravo koga kaža deka e sega vistinsko vreme narodot da se zarazi za da se stekni kolektiven imunitet

Podobro vo leto nego vo Januar koga e mnogu smrten
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom