100 денари сега и 100 денари пред десет години

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Онака ме чуди ..... Може да му соли памет на некој што не знае како беше пред 10 години. Еве на пример јас пред десет години полнев 18 -ка и многу убаво знам со колку пари излегував како тинејџер и како си поминував , колку плата земаја моите и колку можевме тогаш да си дозволиме а колку можеме сега . Сега животот е повеќе како борба за егзистенција а луксузот речиси и никој не може да си го дозволи. Под луксуз мислев за нормални работи во едно цивилизирано општество - одмори,шопинг....
Луксуз е да купиш јахта од неколку милиони евра, луксуз е да купиш стан во Мајами, луксуз е да одиш на одмор во Дубаи, одмор овде во Охрид или соседиве и шопинг воопшто не е луксуз, али тоа е и проблемот, што основните работи стануваат луксуз за нас.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Плус никако не се заборава одењето грција за викенди на шопинг ( маслинки , маргарини и некој благи работи носеа ) .........А да не прајме како било пред 20 год во југославија. Родителиве наши ко биле во луди млади години .... Оделе италија в кафана и све живо частеле од шо не моеле пари да дотрошет :)
--- надополнето: 22 април 2012 во 17:47 ---
во СОЛЕНИКИ одев секој ден
многу пати и без пасош,детиште,со цистернине на Југопетрол
легни спи на кревет како втор шофер (а тие одеа,еден денес -еден утре)
прво за да ѕирнеш некој „порнич“ таму во центар,работеа нон-стоп, кината
па потоа,купи нешто за дома.. со 100 дм .. еее...Американци бевме за нив
ме познаваа,ме научија сите од центарот на Солун...ајде Џаич викаа,
дали им личев на него или нешто друго незнам. Гејци- цигани.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
во 2000година половна кола стара 10 години(wv golf) беше 6000е сега истата е 2500
еден DVD player беше 12000 денари сега е 1500
месечно за мобилен требаше да се стави ваучер од 590 денари а сега 500 за цела година
најефтиниот мобилен бесе 6000 сега за 1000ден во оне има два итоа со бројче и кредит
еден компјутер беше 1000е а сега е 250 е
едни фармерки беа 2000ден сега и за 500ден има
се е релативно несто е поскапо а нешто поефтино
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Опа, Цитро имал и другарче и тоа доста ќутливо пошто троши само 40 денари месечно за мобилен.
За твоја информација и пред 10 години имаше компјутери за 250-300 еура, а и денес има за 1000+ еура.
Дури и фармерки имаше поефтини од 500 денари.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Најтрагично што сите околу нас напреднаа, а ние не само што не отидовме напред туку и во рикверц отидовме последниове 20 години, платите горе доле исти а животниот стандард континуирано опаѓа. И не само тоа, колку имаат вложено комшииве во инфраструктура а колку ние, само погледни ги автопатите колку се средени, да ти е жал колата да ја изнесеш на таков пат. Едно е да го направиш после треба некој да го одржава, е сега за одржување не можат да се исперат пари па нека ти така нека скапуваат. Хрватските автопати се милина да возиш по нив, е сега од друга страна пак Хрватска е држава. Или пак железницата, да не беа турците да изградат пруги немаше ни возови да минат од тука, и ова е само дел од она што е оставено да скапува, 20 години со прст не е мрднато и после пак другите не чинат.
Се сеќавам кога бев мала додека Порцеланка, Топилница, Свилара етц не беа капут по два пати одевме на одмор фамилијарно, и највеќе што ми се допаѓа од тоа време се автокамповите покрај Охридско езеро, секоја фирма имаше по минимум 10 приколки. Е сега овие одмаралишта се тотално запоставени, тој туризам исчезнува, на газдите не им одовара таков туризам, зошто да плаќаат ефтино во камп кога можат поскапо во хотел или во приватно сместување. Таков пример е АС (Автокамп Струга), прекрасно место кое за жал е занемарено.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Леле, абе најаки ми се овие што сакаат да оправдаат дека денес подобро се живеело и при тоа се фаќаат за единственото нешто што им оди во прилог- технологијата.

Фактите говорат колку е животот поскап сега, се што и да кажам како пример е веќе кажано, а тоа што технолигијата е поефтина не најнормално оти е подостапна и во најразвиенат земја во светот во 1980 година копјутер бил ненормално скап и не можел никој да го има, а денес и во најзаебаните афрички држави сите имаат мобилен, но тоа не го дефинира стандардот и квалитеот на живот.

А друже Мисионер, каде тоа фармерките биле пред 10 години 2000 денара жити се!?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Белата техника е поефтина денес од тогаш. И возилата. Али деловите, бензинот, уљето и одржувањето се поскапи :)
Прост пример, зошто пропаднаа фабриките во Југославија? Зошто произведуваа производ кој не се расипуваше 20 години. Денес се ти е фуш роба, како темпирани се апаративе до гаранција. Телевизоров е поефтин не велам не, стар е само 4 години, моментално бела линија во средина поминува. Постариот е донесен од Германија при крајот на 80те до ден денес работи. И кај е математикава на поефинување на бела техника? :) Машина за перење на горење да се расипе на 5 години. Нокиа кога испаднаа циглите го користев со години, после него де мрежа нема, де батеријата му рикнува, де се блокира од земја да го мавнеш и да не ти е жал. Али поефтин е од тогаш, колку вреди е друго прашање.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Белата техника е поефтина денес од тогаш. И возилата. Али деловите, бензинот, уљето и одржувањето се поскапи :)
Прост пример, зошто пропаднаа фабриките во Југославија? Зошто произведуваа производ кој не се расипуваше 20 години. Денес се ти е фуш роба, како темпирани се апаративе до гаранција. Телевизоров е поефтин не велам не, стар е само 4 години, моментално бела линија во средина поминува. Постариот е донесен од Германија при крајот на 80те до ден денес работи. И кај е математикава на поефинување на бела техника? :) Машина за перење на горење да се расипе на 5 години. Нокиа кога испаднаа циглите го користев со години, после него де мрежа нема, де батеријата му рикнува, де се блокира од земја да го мавнеш и да не ти е жал. Али поефтин е од тогаш, колку вреди е друго прашање.
Tи гарантирам дека за 10 години некој телефон посебно од поскапите денес ќе работи и тогаш. Може ќе биде смешен. Е тој телефон што ги преживел тие 10 години е поверојатно да преживее и уште 10 години за разлика од ние нови научно фантастични телефони во 2020. Ова во статистиката се вика survival bias. Да не се фалам ама спремам докторат на оваа тема...најбуквално.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
во 2000година половна кола стара 10 години(wv golf) беше 6000е сега истата е 2500
еден DVD player беше 12000 денари сега е 1500
месечно за мобилен требаше да се стави ваучер од 590 денари а сега 500 за цела година
најефтиниот мобилен бесе 6000 сега за 1000ден во оне има два итоа со бројче и кредит
еден компјутер беше 1000е а сега е 250 е
едни фармерки беа 2000ден сега и за 500ден има
се е релативно несто е поскапо а нешто поефтино
Амн оставите ја технологијата на страна кога се работи за стандардот, предходно и објаснив зошто, ако гледаме како ни одговара тогаш какви 250 евра компјутер, 300 евра е само една солидна графичка карта и тоа oд средната класа.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Чекај сеа малу ти сакаш да ми кажиш дека исто беше пред десет години како сега ?
Не бре гего,само споредив цени на цигари/алкохол.. а факт дека доста други работи се поскапи,не негирам..тоа се должи најмногу на дуплираната па и триплираната цена на нафтата тогаш и сега.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
со 100 денара:
една кутија west lights (45) и едно пиво (50).

Тоа е минимумот со кој ќе можеш да поминеш надвор.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Не бре гего,само споредив цени на цигари/алкохол.. а факт дека доста други работи се поскапи,не негирам..тоа се должи најмногу на дуплираната па и триплираната цена на нафтата тогаш и сега.
Ам зш им даваа пред 10 години 3 пати поголема плата ?

Јас можам да ти кажам како било зошто јас го проживеав тоа време а пред 20 години беше златното време на балканов

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
telefonijata sto ja sporeduvate ne e osnovno nesto toa spored mene e luksuz barem vo toa vreme prasanjeto sosem drugo sto mozevme da kupime so 100 a sto e neophodno nz koj od vas pamti ama leb vo mkd pred 10 g bese 15 den mlekoto bese 25 d jajcata tabla bese 120 d toa vrme znaci ziva mera da kupese prase bese 60 d sega e 120 d telinjata bea do kaj 80 d sega iz pod 120 tesko se naogja sirenjeto ne bese poveke od 150 den kg jagninjata togas bea 100 d ziva mera znaci i zelencukot i neuvoznoto ovosje bea skoro badijala e togas bea mn skapi banani portokali i limoni bas se sekjavam cenite na cokolodata bea skoro isti kako denes ama zatoa pak jas stignav paketa marlboro za 45 d i moj zaklucok e deka togas bevme duplo pobogati
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
офтопик но...
да не го заборавиме К-15 (не мислам на Миле, Тошо и Цаци), па кантите сирење, питите кашкавал, теглите еурокрем, кубиците дрва преку синдикат, одморалиштата за кои ви одбиваа цела година по малку од плата.....возењето со воз кое беше скоро без пари....60 денари карта за студенти во кино во среда.....и останатите мали нешта кои го прават животот, а денес се историја

 

Kajgana Shop

На врв Bottom