Најтрагично што сите околу нас напреднаа, а ние не само што не отидовме напред туку и во рикверц отидовме последниове 20 години, платите горе доле исти а животниот стандард континуирано опаѓа. И не само тоа, колку имаат вложено комшииве во инфраструктура а колку ние, само погледни ги автопатите колку се средени, да ти е жал колата да ја изнесеш на таков пат. Едно е да го направиш после треба некој да го одржава, е сега за одржување не можат да се исперат пари па нека ти така нека скапуваат. Хрватските автопати се милина да возиш по нив, е сега од друга страна пак Хрватска е држава. Или пак железницата, да не беа турците да изградат пруги немаше ни возови да минат од тука, и ова е само дел од она што е оставено да скапува, 20 години со прст не е мрднато и после пак другите не чинат.
Се сеќавам кога бев мала додека Порцеланка, Топилница, Свилара етц не беа капут по два пати одевме на одмор фамилијарно, и највеќе што ми се допаѓа од тоа време се автокамповите покрај Охридско езеро, секоја фирма имаше по минимум 10 приколки. Е сега овие одмаралишта се тотално запоставени, тој туризам исчезнува, на газдите не им одовара таков туризам, зошто да плаќаат ефтино во камп кога можат поскапо во хотел или во приватно сместување. Таков пример е АС (Автокамп Струга), прекрасно место кое за жал е занемарено.