Кога првпат почнав да пушам, тоа беше летото 2005(тогаш имав 18г.) за 100 ден. знам дека се купуваа три кутии Родео, а сега нецели две !
Тој период доста шетав и често седнувавме на пиво, кафе, сокче и.т.н. и беше доста поевтино од сега, а исто и храната беше бајаги поевтина, горивото беше гага(така иде зборот) скоро дупло поевтино од сега, јавниот превоз(автобус или воз) беше исто така поевтин, такси превозот беше доста поевтин, сметките за струја беа исто така дупло поевтини од сегашните, исто и сметките за вода, ѓубретарина, даноците, комуналиите и казните беа исто така доста поевтини, со еден збор се беше поевтино од сега и можам да кажам дека тој период од животот солидно го проживеав !
А што бре денес, денеска и овие пари/плати што ги зимаме немаат никаква вредност, што се денес 500 или 1000 денари кажете ми, ОК некој и тие 500 или 1000 ден. ги нема, но факт е дека денеска со 500 или 1000 ден. неможеш ни да се измочаш(така иде зборот), а камо ли па нешто друго да направиш или купиш !
Како проаѓа времето, животот од месец во месец, од година во година, станува се поскап и поскап, парата губи вредност, стандардот паѓа, ременот/кајшот се стега и.т.н. и.т.н. !