1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Локација
Кавадарци
Друштво, ја започнав оваа макета после 3 направени џипови во размер 1:16 (ќе бидат и тие претставени овде), и ќе биде точна копија на мојот џип кој го имам дома. Работам веќе втори месец, па со фотките малку ќе „премотам“ напред за да се види до каде сум стигнат сега.

Започнав со шасијата, на која ги додадов сите појачувања заедно со нитните и дупките кои се позабележливи.

DSCN0627.jpg


DSCN0628.jpg


DSCN0643.jpg


DSCN0649.jpg


Недостигаат: менувачот и редукторот, карданите, како и повеќе детали на самите надолжни профили.
--- надополнето: Aug 1, 2011 7:33 PM ---
Веднаш после оформувањето на шасијата започнав да го градам подот. Димензиите на деловите, како и нивната форма потполно се идентични како и на оригиналот. За посложените заоблени форми прв пат користев калапи и ги пресував деловите.

DSCN0633.jpg


DSCN0634.jpg


DSCN0635.jpg


DSCN0646.jpg

--- надополнето: Aug 1, 2011 7:37 PM ---
Ги изработив и профилите на кои школката „лежи“ на шасијата, т.н. hat channels. Една од работите кои не сакам да ги правам пак.

DSCN0632.jpg
 
А што се овие ако не се играчки ?? објасни повеќе
 
Џокер, ова е предвидено да биде изложено и со најголема можна точност да го претставува вистинскиот модел. Ќе направам слики во споредба со некои предмети за да се забележи големината на самата макета. Причината која го правам е тоа што моментално не може да се купе ваква макета, а и не верувам дека некогаш ќе може.
Инаку, треба да изгледа вака:

JeepWagonette.jpg


Значи, се работи за Махиндра СЈ4 произведена во 1970 година во Бомбај, Индија. Вкупниот број на произведени возила таа година кои биле наменети за Југославија и Индонезија е 3304. Меѓу нив имало и други модели - СЈ3В, СЈ4-4 откриен, СЈ4-4 Амбулантна, и оваа СЈ4-4 Wagonette која заедно со амбулантната се најретки. Она што успеав да го дознаам е дека овие возила сме ги добиле во замена за оружје.

.... Завршен е и задниот дел на подот, заедно со појачувањата
DSCN0638.jpg


DSCN0637.jpg


DSCN0641.jpg


Освен во внатрешноста, се трудам и долниот дел на подот да изгледа верно на оригиналот и покрај тоа што нема да се гледа голем дел од него.
DSCN0639.jpg


Следно е изработка на делот за алати кој се наоѓа под совозачкото седиште.
 
верувам дека ке направиш нај веродостојна макета-копија од размер 1:16 на махиндрата... едвај чекам да видам како ке изгледа во финале. претпоставувам и врати ке му се отвараат и хауба и слично... глеј да направиш и нешто автентичен изглед на моторот...
 
Фала на коментарите :)

Кано, финалето малку ќе се забави затоа што има уште многу работа, а биди сигурен дека отварања на сите врати ќе има. Ентериерот исто ќе биде детален па би било штета да не се гледа.
Околу моторот сум на дилема... дали да го правам оригиналниот бензински Hurricane, или пак дизелот кој е во џипот моментално. И двата ги имам до мене така да нема да биде тешко да ги копирам за кој и да се одлучам :D

Денес успеав да го направам делот предвиден за алати кој се наоѓа под совозачкото седиште.

DSCN0654.jpg


DSCN0657.jpg


DSCN0658.jpg


DSCN0659.jpg


DSCN0661.jpg


DSCN0662.jpg


Капакот можев да го направам да се отвора, но бидејќи е скриен под седиштата, нема смисла да се малтретирам.

DSCN0664.jpg


Следен е резервоарот кој се наоѓа од другата страна.
 
Продолжи со добрата работа.
Еве и јас да се пријавам како фан :)
 
Денес ги направив везниот лим позади и резервоарот.
Резервоарот не e фино обработен и му недостига цевката за полнење. Ќе биде фиксиран дури при крајното склопување на макетата затоа што е различна боја од каросеријата.

DSCN0668.jpg


DSCN0669.jpg


DSCN0672.jpg


DSCN0666.jpg


DSCN0667.jpg
 
Браво маестро :)

Него, ај побарај дали можи да се ископа модели за Мерцедес 123? Би сакал една макета да имам од болидот, за в соба.
Имаш на eBay еден во 1:43 размер. Би требало 34 фунти да те чини сосе достава.
 
Oд кој материјал ја правиш макетава, како ги составуваш споевите, со лемење? Дали некои од деловите што ги гледам се направени од калај ?
 
Спојувањето е проблем затоа што материјалот е алуминиум. Гледав на нет дека се користи калаисана амбалажа за храна и пијалоци, ама ја немам опремата за да ја лемам. Сега за сега и лепак брка работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom