1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Zocc, фала на понудата за делови, ако треба нешто ќе те контактирам (y) Досега на другите макети само тркалата не се правени од мене :D Чекам тема за моделите на склопување :)

Инаку, овие ги правам за мене и не планирам да профитирам од нив. Можеби е добра можност да понудам некоја макета затоа што моментално моделите кои ги имам дома не ги прави ниту еден diecast произведувач (затоа и ги почнав на прво место).Никогаш не се знае...
 
Преминот од кабината кон хаубата и крилата е готов. Се` е вклопено супер, и кабината стана покрута и делува сигурно во рака :)
DSCN0710.jpg

DSCN0718.jpg

Овде се гледаат и страничните делови од кои продолжуваат крилата
DSCN0731.jpg

DSCN0723.jpg

Ако оди се по планот, утре би требало да ја направам маската за конечно да заличи на Јеер. Крилата и хаубата се лесни во споредба со работата до сега.

:D
DSCN0719.jpg
 
JeepMkd многу добро изработено ептен наликува на оригиналот. Како ги направи шарките на вратите?
 
Zocc, фала на понудата за делови, ако треба нешто ќе те контактирам (y) Досега на другите макети само тркалата не се правени од мене :D Чекам тема за моделите на склопување :)

Инаку, овие ги правам за мене и не планирам да профитирам од нив. Можеби е добра можност да понудам некоја макета затоа што моментално моделите кои ги имам дома не ги прави ниту еден diecast произведувач (затоа и ги почнав на прво место).Никогаш не се знае...
Секоја чест, само напред, едвај чекам да го завршиш џипот, да видиме како ке изгледа финално.

А камионите ми стигнаа денеска и побудалев, секоја макета има од прилика 300+ дела. Нема да биде така едноставно склопувањето како што си мислев, а башка што треба да го фарбам секое делче. Јеби га :tapp:
 
JeepMkd многу добро изработено ептен наликува на оригиналот. Како ги направи шарките на вратите?

sajSiGa, ја имам само оваа слика кога ги правев шарките на Вранглерот. Ќе пуштиш еден подолг дел кој го виткаш и во него лепиш жица. Исто е и за другиот дел само што го оставаш празен за да влези жицата во него.

DSCN1721.jpg

Zocc, имам склопено Миг21 од Ревел, само некако не уживам во тоа и не ме привлече да продолжам со нив. Премногу верзии и ситници за кои немам време да ги проучам и детално да завлезам во нив. За разлика од Willys/Jeep кои добро ги поднаучив...

Некоја слика од денес... ги завршив крилата

DSCN0732.jpg

и едната половина од хаубата. Вака е правена и оригиналната на сите СЈ џипови до 1966 година заклучно со СЈ3В моделот.

DSCN0734.jpg

Утре ќе ја направам другата страна и ќе пробам да ја втиснам линијата која се наоѓа на средина на страничниот дел.
 
Може ли да напишеш каков лим и лепило користиш и од каде ги набавуваш, цена и сл.
И како ги направи ребрата на подот на багажникот. Се повеќе ми иде и јас да си направем една макета на кадетот.
 
Материјалот е алуминиум, а го имам сигурно десетина години. Од каде го има набавено татко ми немам поим... Може да се лепе со супер лепак, двокомпонентен или неостик. Ребрата требаше да ги штанцам, ама не ми успеа обидот со калапите... Па наместо тоа лепени се едно по едно. МНОГУ работа е да ги погодиш сите исти, да ги исечиш без да ги искривиш (за да лепат добро) и на крајот наместо реброто ќе си ги залепиш прстите :D
 
sajSiGa, ја имам само оваа слика кога ги правев шарките на Вранглерот. Ќе пуштиш еден подолг дел кој го виткаш и во него лепиш жица. Исто е и за другиот дел само што го оставаш празен за да влези жицата во него.
Ахаа добро сватив, интересно. На крајот ги лепиш со двокомпонентен лепак така ?
 
Напредувам полека, ја завршив хаубата и ја направив шарката. Како за прв пат, излезе подобро отколку што очекував. Можеби понатаму ќе ја сменам.

DSCN0743.jpg

DSCN0745.jpg

DSCN0746.jpg

DSCN0753.jpg

DSCN0752.jpg

Ова значи дека дефинитивно ќе го правам и моторот :)
 
Напредувам полека, ја завршив хаубата и ја направив шарката. Како за прв пат, излезе подобро отколку што очекував. Можеби понатаму ќе ја сменам.

Ова значи дека дефинитивно ќе го правам и моторот :)
Браво многу профи изведено, а и без мотор нема да биде комплетен, од секогаш сум мразел кога ке купам некој модел и не му се гледа моторот. :mad:

А за авионите, ич не ме влечат, претежно коли правам, ова со камиониве ми е ново и многу заразно. Денес цел ден работам на Man 460 TGA XXL и од што има ненормално многу детали и делчиња ме боли глава. :tapp: Ај ке направам тема овде да го видиш.
 
Треба да спомнам да ставиш слики или не? :D
 
Го направив и најбитниот дел, препознатливата Јеер маска.
Дијаметарот на отворите (за фаровите и жмигавците) е неколку милиметри помал затоа што ќе треба розетните да се лепат, затоа можеби малку чудно изгледа кога се гледа од напред.

DSCN0762.jpg

DSCN0768.jpg

Исто така ги направив и задните браници (bumperettes)

DSCN0772.jpg

Од оваа слика се гледа профилот на хаубата, предниот дел кој налегнува на маската е потесен од делот каде што е шарката.
DSCN0774.jpg

и еден поглед со тркала кои за жал се премали и изгледаат како 14"
DSCN0763.jpg

*не е ништо фиксирано и од овие слики и да изгледа дека нешто е накриво, не е како ќе изгледа финално :)
 
Ауу прекрасно, како ги направи толку перфектно отворите за светлата? Со чук и цефка ?
 
Браво ! Честитки за работата и големиот труд ептен брзо работиш а е одлично изработено.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom