Македонија на четврто место во светот по извршените економски реформи
Македонија по извршените реформи во еконимијата за оваа година, е на четвртото место во светот, според извештајот направен на Светска банка.
Како што соопшти денеска премиерот Никола Груевски, Македонија го зазема четвртото место во топ 10 земјите во светот според извршените економски реформи.
“Од 179 земји, од извештајот направен на Светската банка кој важи за еден од најрелевантните извештаи, Македонија е рангирана на четвртото место, по Полска, а далеку пред Хрватска, Грција, БиХ, Кина и други земји,“, изјави премиерот.
Анализата на Светска банка била направена врз основа на десет клучни индикатори како што се условите за започнат бизнис, дозволи и лиценци, регистрација на фирма, заштита на инвеститорите, даночното олеснување.
Како што потенцира Груевски, резултатите од извештајот за реформите, значат многу за напредокот на Македонија и на Владата.
“Македонија се наоѓа на 84 место во борбата со корупцијата што е најголем скок од 21 место погоре. Владата нема да престане со реформите , туку ќе продолжи охрабрена од овој извештај“, рече Груевски.
На прашањето за рекламниот спот “Македонија на 4 место во светот“, премиерот рече дека тоа е дел од кампањата за информирање на граѓаните.
Извор
Нет Прес