„Форбс“ и „Дуинг бизнис“ рангирања за Македонија

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Право на избор е дали ќе гладуваш или не, сите нивите ги продадоа за да купат џипови, коли и викендици...епа јебига...Прашај со што се занимаваат 70% од Словенците...

П.С. Цената на млекото во регионот беше зголемена пред да порасне во Македонија, зошто штрајкуваа млекарите...

Интел, ожежи.
Цената на млекото во Србија се зголемува од денес,можеби затоа штрајкуваа нашите млекари?:)
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Да ABC... Слабо следиш вести на МТВ и на Сител... А и слабо читаш Фокус!
Ќе си останеш необразован!:)
Хахаха! :) Мислам дека дури и МТВ е пообјективна, или подобро кажано, поненеобјективна од Сител. :pos2:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Супер е оваа вест, ама како по обичај стално има некој кој мрчи.

Не можат некои луѓе барем еднаш да бидат објективни и да пофалат нешто што е за фалење. Кога треба да се критикува - нека се критикува, ама сега кога има убави вести нека не се расипува одма.
Мислам дека ако ја прогласат Македонија за најразвиена земја (што е само хипотетички пример, се разбира), па ќе се најде некој што ќе најде нешто лошо и што ќе збори ако партијата која моментално е на власт не е партијата во која веруваат.
Јас тоа не можам да го разберам!
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Да ABC... Слабо следиш вести на МТВ и на Сител... А и слабо читаш Фокус!
Ќе си останеш необразован!:)
Твоето тежнеење Стрелче на сите им стана јасно, и твојот критицизам кон се убаво сторено од оваа влада некако делува многу безвредно и ме гуши
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Твоето тежнеење Стрелче на сите им стана јасно, и твојот критицизам кон се убаво сторено од оваа влада некако делува многу безвредно и ме гуши
Што е тоа што те гуши?
Ти имаш добро мислење за оваа влада, јас имам лошо... Каде е тука проблемот? Тоа што не мислам како тебе?:)
Не верувам дека имаш други мотиви за да се занимаваш со мојот карактер!:)

p.s. А за гушењето пробај Рифампицин... За дозите консултирај се со лекар!
 
Баш ми е мило што искуството толку безрезервно го префрлате на нас позиционерите.....Не само што нас не гушите ами и Вие се удавивте и станавте веќе астматичари:wink:

BDW: Добри ли се овие апчиња?
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Твоето тежнеење Стрелче на сите им стана јасно, и твојот критицизам кон се убаво сторено од оваа влада некако делува многу безвредно и ме гуши
Истото го чувствувам и јас
Што е тоа што те гуши?
Ти имаш добро мислење за оваа влада, јас имам лошо... Каде е тука проблемот? Тоа што не мислам како тебе?:)
Не верувам дека имаш други мотиви за да се занимаваш со мојот карактер!:)

p.s. А за гушењето пробај Рифампицин... За дозите консултирај се со лекар!
Не друже тебе се ти смета од причина што твојата опција не е на власт. слепо ги следиш пресовите на сдсм и ги повторуваш нивните ставови. Со твојот карактер не би се занимавал не е моја работа ама знај премногу иритираш и еднаш кога некој ќе ти даде забелешка прифатија или одфрлија на човечки начин.

За Македонија како ТОП реформатор ... не кажува ни ВМРО ни СДСМ кажува РЕЛЕВАНТНА СВЕТСКА ИНСТИТУЦИЈА и затоа прекинете со квази и непромислени постови без аргументација .... ФАКТОТ Е ТОЈ Македонија се наоѓа на ЧЕТВРТОТО место по реформи во свет и тој факт и сдсм и вмро и дпа и дуи и нсдп ТРЕБЕ ДА ГО ПРИФАТАТ И ПОДРЖАТ.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Нормално е во секоја дискусија да има по малку излегување од конкретната тема, ама ако сакате секојденвните ситно политичките сесии на јадење бајат бурек од парламентот да ги префрлите на оваа тема - нема да е нормално и ќе бидат превземени мерки за справување со абнормална ситуација.

Сакам-кажам-мир-конструктивност-факти.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Истото го чувствувам и јас

Не друже тебе се ти смета од причина што твојата опција не е на власт. слепо ги следиш пресовите на сдсм и ги повторуваш нивните ставови. Со твојот карактер не би се занимавал не е моја работа ама знај премногу иритираш и еднаш кога некој ќе ти даде забелешка прифатија или одфрлија на човечки начин.

За Македонија како ТОП реформатор ... не кажува ни ВМРО ни СДСМ кажува РЕЛЕВАНТНА СВЕТСКА ИНСТИТУЦИЈА и затоа прекинете со квази и непромислени постови без аргументација .... ФАКТОТ Е ТОЈ Македонија се наоѓа на ЧЕТВРТОТО место по реформи во свет и тој факт и сдсм и вмро и дпа и дуи и нсдп ТРЕБЕ ДА ГО ПРИФАТАТ И ПОДРЖАТ.
Не, на 4то место од 10 земји, а тоа не е цел свет. На 75то место во светот сме. Има две листи што некој ги спојува. Има погоре во САКАМ КАЖАМ.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ех Македонијо што дочека...ни твоите чеда да не се радуваат на твоите успеси...
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Македонија на четврто место во светот по извршените економски реформи

Македонија по извршените реформи во еконимијата за оваа година, е на четвртото место во светот, според извештајот направен на Светска банка.
Како што соопшти денеска премиерот Никола Груевски, Македонија го зазема четвртото место во топ 10 земјите во светот според извршените економски реформи.
“Од 179 земји, од извештајот направен на Светската банка кој важи за еден од најрелевантните извештаи, Македонија е рангирана на четвртото место, по Полска, а далеку пред Хрватска, Грција, БиХ, Кина и други земји,“, изјави премиерот.
Анализата на Светска банка била направена врз основа на десет клучни индикатори како што се условите за започнат бизнис, дозволи и лиценци, регистрација на фирма, заштита на инвеститорите, даночното олеснување.
Како што потенцира Груевски, резултатите од извештајот за реформите, значат многу за напредокот на Македонија и на Владата.
“Македонија се наоѓа на 84 место во борбата со корупцијата што е најголем скок од 21 место погоре. Владата нема да престане со реформите , туку ќе продолжи охрабрена од овој извештај“, рече Груевски.
На прашањето за рекламниот спот “Македонија на 4 место во светот“, премиерот рече дека тоа е дел од кампањата за информирање на граѓаните.

Извор Нет Прес
Флава ако не си прочитала повели. 4то во ТОП ДЕСЕТ :) а тоа не е од десет.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
230
Поени од реакции
0
Веројатно 4-тото место се должи на "најголемата" реформа на оваа Влада - покачувањето на платите на министрите и Премиерот и останатите административци, а?
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Тоа е за економската ситуација за отварање бизнис и реформите во тоа поле значи не е од аминистративната гледна точка туку од сосема друга.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom