„Форбс“ и „Дуинг бизнис“ рангирања за Македонија

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па имаат компјутери од по 50-100 евра вредност за кој штедела цела фамилија можеби две години.Сметај по еден вработен од фамилија со плата од 8000 денари што е така меѓу повисоките во Прилеп и лесно ќе додеш до заклучок дека на 4 члена по 2000 денари ти е еднакво на 30тина евра што и на неписмените би им било јасно дека тоа е по едно евро на ден,па сега нека се смејат оние кој од дрвото не ја гледаат шумата.А да не говориме дека само во Прилеп има окулу 30 000 невработени работоспособни и не можат да застанат сите на раскрсница за да заработат барем по 2 евра на ден,ама се повеќе сум на мислење дека треба да застанат и да ги протераат оние кој се наместија да им тријат сол над главите откако власта која ги лажеше да гласаат за неа практично ги остави на улица уште повеќе да тонат во беда и сиромаштија.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Длабоко орање

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Кога би се правел список на топ-светски будалаштини, Македонија би била на прво место[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]1 Има напредок во односот на власта кон новинарите. За време на завчерашниот бојкот на прес-конференцијата на Владата, обезбедувањето не им ги зеде лентите. И ниеден новинар не беше истепан затоа што ја напушти салата. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]2 Премиерот Груевски сакаше да се пофали дека на списокот на земји на најголеми реформатори, Македонија е на 4. место. Сигурно со прес-конференцијата сакал да ја објасни забуната што се создава со рекламата дека Македонија е "на 4. место во светот". Има две листи. Едниот е список на топ-реформатори, на кој има 10 земји. Таму Македонија е на четврто место, а пред неа се Египет, Хрватска и Гана. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Другата листа е список на земји рангирани според можностите за најлесно водење бизнис во светот. На него се 178 земји. На тој список води Сингапур. А Македонија е на 75. место. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во ТВ-рекламата бројките се движат од 178 надолу и наместо да запрат на 75, одат до 4. Што значи тоа, комбинирано со текстуалната порака "Македонија на 4. место во светот". Измешале два списока за да се пофалат. Ако ние сме на четврто место, а пред нас се само Египет, Хрватска и Гана, значи ли тоа дека САД и земјите од ЕУ далеку заостануваат зад нас. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]3 Премиерот се пофали дека и на списокот за индекс на корупција Македонија скокнала за 20 места. Груевски и верува на Слаѓана Тасева и на нејзината нова "Транспарентност". [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Јака му е референцијата. Пред една година напишав дека не верувам во организација која тогаш призна дека не водела уредно сметководство, а ми мери индекс на корупција во земјата. Бидејќи во невладината организација, според ревизорските извештаи, не воделе уредно сметководство, не знаеме ни дали плаќале данок и колку скриле. Според Управата за јавни приходи, дури и декларираната антикорупционерка Слаѓана Тасева, која беше директорка на претходната "Транспарентност", не пријавувала две години персонален данок, иако земала пари за неколку јавни функции што ги извршувала. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Можеби оваа новата "Транспарентност" на Слаѓана уредно води сметководство, а и директорката може почнала да плаќа данок. Затоа нагло сме скокнале на списокот на "Транспарентност". Само не разбирам зошто баш Груевски со тоа би се фалел. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]4 Во Собранието на Македонија се степаа пратеници. Тоа и не е толку страшно. Сме гледале како се тепаат пратеници и во Јапонија, и во Италија, и во Тајван, и во Тајланд... Тоа се земји што не се меѓу првите четири во светот. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ама скандалот е што кај нас пресметката не заврши во легалните институции. Само три минути по општата тепачката меѓу пратениците од албанските партии, пред Собранието се појавија голораките борци за човекови права. Со пушки и калашникови. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Зошто носат оружје? За секој случај. Може некој да ги викне на свадба, а тие да немаат со што да пукнат од радост. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]5 Амбасадорите на САД и на ЕУ Џилијан Миловановиќ и Ерван Фуере ја осудија тепачката. Ама ќе беше поверодостојно ако ги именуваа тепачите. Затоа што се степаа меѓу себе пратениците од албанскиот, а не од македонскиот блок. Нивните вооружени гавази сакаа со пушки да влезат во Собрание и да се бунтуваат за човекови права.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Зошто Миловановиќ и Фуере не беа попрецизни во изјавите? Зашто, на крајот на краиштата, тие ги внесоа во Собрание тепачите од шума, и нивните права секогаш им се приоритетни. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]6 Полицијата го фати камерманот на "Алсат" оти снимал на автопат. Ама не успеа да го фати телохранителот на ДУИ што го удри новинарот на А1. Тој си отишол во Танушевци. Избегал на слободна територија. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]А пратеничката Силвана Бонева се однесуваше како Албанка на местото на злосторството, кога дава изјава за вести на телевизија. Ништо не видела, ништо не чула и ништо не разбрала.[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]7 Амбасадорката во Хаг Добринка Тасковска веќе три недели е на консултации во Скопје. А министерот за надворешни работи Антонио Милошоски е на породилно отсуство во Германија. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ова се случува петнаесет дена пред објавувањето на извештајот на ЕУ за Македонија и во ек на лобирањето за добивање покана за НАТО. При празни амбасади во Велика Британија, Белгија, Данска, Шпанија и во Романија, и Холандија може да почека. Башка ниту една од нив не е во првите четири земји во светот. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]8 Според последното истражување на Евробарометар, дури 75 отсто од граѓаните на Македонија сакат да влезат во ЕУ. Никој не направил истражување дали 75 отсто од политичарите работат против влезот во ЕУ. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]9 "Министерот за земјоделство Ацо Спасеноски, меѓу другото, истакна дека орањето е една од важните агротехнички мерки. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Оваа вест не е од пред педесет години. Не е ни од Танјуг. Веста е од државната агенција МИА, и тоа од вчерашното отворање на натпреварот на трактористи. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Доказ дека веста е најнова е изјавата на министерот дека орањето е "значајно за подготовка на почвата за едно модерно организирано и квалитетно европско земјоделство".[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]10 Владата му даде на "Хач", кој победи на тендерот за ТЕЦ "Неготино", уште една работна недела да ги собере сите документи од четирите компании што го сочинуваат конзорциумот. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Е тоа е сериозен тендер. Тоа е сериозен конзорциум. Собрале 60 милиони евра за термоцентрала, а не можат да си ги најдат документите за регистрација. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]11 Кога би се правел список на топ-светски будалаштини, Македонија би била на прво место. И долго време не би ја испуштила титулата. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Од фалење ќе нема место за други реклами на телевизиите[/FONT]

човеков, тоест новинаров треба да се сретне на улица и да се преваспита, како он тоа против ХЕР НИК и реформската влада

Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Tocno asterix jas veruvam deka ne mozes da zamislis kako toa on smee da pisuva takvi raboti pod tocka 4 i 5 .. nevidena drskost ..

mada ocekuvav nekoj drug da go postira tekstov ne ti :)
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Tocno asterix jas veruvam deka ne mozes da zamislis kako toa on smee da pisuva takvi raboti pod tocka 4 i 5 .. nevidena drskost ..

mada ocekuvav nekoj drug da go postira tekstov ne ti :)
Па некако ја вртиш водата, и како да сакаш да ми закачиш нешто дека сум а што не сум, ајде да бидеме на чисто објасни го твојов пост
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
prvite tri tocki mozebi go imaat tvojot fokus, no ne i mojot, kako i da gledas prvite tri se pozitivni, 4 i 5 se tie sto ni ja gloda drzavata.. 4i 5 se sferite kade sto treba site nie da si go imame svojot fokus , toa se tockite kade so hirurski rezovi treba da se nadminat nekoi ogranicuvanja nametnati odnadvor ili odvnatre i da se napravat uste pokrupni cekori kon nasiot progres. Pa sega ti razbiraj kolku i kakosakas pisuvavme na stranici vekje okolu toa na forumov.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Горан Михајловски секогаш бил циничен, саркастичен и намерно ги извртувал работите да изгледаат трагикомично.
Човекот се обидува да донесе сатира и тоа не му е само кон оваа туку и кон минатата власт.
Добро е треба да се има и такви новинари кои даваат малку и друг аспект на гледање на работите, што не значи дека е правилен или не.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Горан одлично си ја брка работата во последниве 10тина години,а со своите критики помага да испливаат на површина некои потонати работи за кој власта без разлика која, секогаш бара начин да ги пикне под тепих.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62

А може ли барем еднаш АБЦ да бидеш реален кон оваа влада, па да ја имаме таа чест да прочитаме нешто убаво и поддржано од тебе?:wink:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А може ли барем еднаш АБЦ да бидеш реален кон оваа влада, па да ја имаме таа чест да прочитаме нешто убаво и поддржано од тебе?:wink:
Eве само за тебе Lady:-би ти напишал дека оваа влада постигнува огромни успеси во справување со криминалот,заплени 500 кила кокаин,затвори одреден број недопирливи директори-арамии (малку селективно но сепак факт),за прв пат покрена обвинителен акт против еден поранешен премиер а друго и неможам да напишам позитивно затоа што такво нешто и нема.
Би те замолил ти доколку се сетиш на уште некоја позитивна работа напиши ја овде па ќе ја поддржам доколку навистина е позитивна.:)
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Aj za concrete samo eden komentar Mobilkom Austria so novite ceni ! Dojdoa i zavrsija rabota za 6 meseci !

Duplo pomali troshoci za korisnicite!

Namaluvanjeto na ddv za kompjuterite koe startuva od ovoj mesec !
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Свед Милк Македонија...Сега нема потреба да се истура млекото пред улицата кај која владееше Гаргамел...Ќе се откупува за далеку повисока цена...Наместо 13 денари колку што беше досега, Свед Милк ќе откупува за 21 денар по литро, со што станува конкурентен а се очекува цената за откуп уште да порасне што ќе долови задоволство кај млекопроизводителите...

Агрокор, инвестиција од 300 милиони евра во откупни пунтови на Македонскиот домат, краставица, пипер, грозје...И на тие ќе расте конкурентната цена и земјоделците ќе бидат посреќни...Пазарот им е веќе гарантиран.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Aj za concrete samo eden komentar Mobilkom Austria so novite ceni ! Dojdoa i zavrsija rabota za 6 meseci !

Duplo pomali troshoci za korisnicite!

Namaluvanjeto na ddv za kompjuterite koe startuva od ovoj mesec !

Сепак реално гледано цените се сеуште највисоки во регионов,особено при тарифирање од 1 минута.

Свед Милк Македонија...Сега нема потреба да се истура млекото пред улицата кај која владееше Гаргамел...Ќе се откупува за далеку повисока цена...Наместо 13 денари колку што беше досега, Свед Милк ќе откупува за 21 денар по литро, со што станува конкурентен а се очекува цената за откуп уште да порасне што ќе долови задоволство кај млекопроизводителите...

Агрокор, инвестиција од 300 милиони евра во откупни пунтови на Македонскиот домат, краставица, пипер, грозје...И на тие ќе расте конкурентната цена и земјоделците ќе бидат посреќни...Пазарот им е веќе гарантиран.
Па цените на млекото пораснаа и на целиот Балкан како резултат на кризата со храна за стоката која дава млеко,дури и Србија драстично ги зголеми откупните цени на млекото.
Убаво е што се отвори агро берза но тоа требаше да оди напоредно со пораст на стандардот кај населението.Вака ќе имаме само збогатени земјопоседници и гладни граќани кој нема да можат да купат ниту килограм зеленчук со својата бедна социјална помош.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Па цените на млекото пораснаа и на целиот Балкан како резултат на кризата со храна за стоката која дава млеко,дури и Србија драстично ги зголеми откупните цени на млекото.
Ti ne razbiras, za ova zasluzna e vladata
Напишано од TpH_Bo_OkO
Свед Милк Македонија...Сега нема потреба да се истура млекото пред улицата кај која владееше Гаргамел...Ќе се откупува за далеку повисока цена...Наместо 13 денари колку што беше досега, Свед Милк ќе откупува за 21 денар по литро, со што станува конкурентен а се очекува цената за откуп уште да порасне што ќе долови задоволство кај млекопроизводителите...
A za toa sto kje sledi vinovna e opozicijata:
ABC napisa:
Вака ќе имаме само збогатени земјопоседници и гладни граќани кој нема да можат да купат ниту килограм зеленчук со својата бедна социјална помош
I ne go buni sega detevo.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Право на избор е дали ќе гладуваш или не, сите нивите ги продадоа за да купат џипови, коли и викендици...епа јебига...Прашај со што се занимаваат 70% од Словенците...

П.С. Цената на млекото во регионот беше зголемена пред да порасне во Македонија, зошто штрајкуваа млекарите...

Интел, ожежи.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Eве само за тебе Lady:-би ти напишал дека оваа влада постигнува огромни успеси во справување со криминалот,заплени 500 кила кокаин,затвори одреден број недопирливи директори-арамии (малку селективно но сепак факт),за прв пат покрена обвинителен акт против еден поранешен премиер а друго и неможам да напишам позитивно затоа што такво нешто и нема.
Би те замолил ти доколку се сетиш на уште некоја позитивна работа напиши ја овде па ќе ја поддржам доколку навистина е позитивна.:)
Слабо следиш вести:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom