„Судбината на човекот” - Михаил Шолохов

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Многу силна новела.. Прикажана е истрајноста на човекот во најтешкиот момент од неговиот живот,,кога на крајот сепак наоѓа зрак светлина во својата несреќа која му дава причина и сила да продолжи напред не осврнувајќи се назад..Воедно е дадена и една реалистична слика за човекот,,кому војната му одзела се,,но на крајот животот му дава подарок,,сопатник кој ќе му ја врати надежта и желбата за подобро утре...Преубава книга,,иако мала сепак Шолохов многу мудро успева да допре до читателот:pipi:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Значи ја враќа надежта и желбата за подобро утре?? Па имаше толку примери на изживување врз војниците, неколку трогателни сцени, толку страдање и бол во целата повест што некако не ми даде стимул, туку ме избедира.
Мислам дека повеќе пораката е околу тоа каков навистина треба да биде еден патриот и укажување на потребата на човекот да има близок човек покрај себе, човек кој ќе го прифати и прероди.
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Книгава ја обожавам , ја читав 3 пати
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Значи ја враќа надежта и желбата за подобро утре?? Па имаше толку примери на изживување врз војниците, неколку трогателни сцени, толку страдање и бол во целата повест што некако не ми даде стимул, туку ме избедира.
Мислам дека повеќе пораката е околу тоа каков навистина треба да биде еден патриот и укажување на потребата на човекот да има близок човек покрај себе, човек кој ќе го прифати и прероди.
Ама крајот е среќен, нели? :)
Значи, после се` што се случило, имаше среќен крај.
Токму е тоа целта на авторот.
Да не` убеди дека и покрај тоа што во нашиот живот се среќаваме со многу падови, сигурно дека ќе не` следат и подеми.
И да, дека е потребен човек кој ќе ни помогне да се преродиме.
 
Член од
12 септември 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
Уствари строго реалистична новела ...претставник на подоцнежниот реализам.Носи голема хуманистичка порака. Инаку SperoX прочитај си во чебникот има добра интерпретација.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.538
Поени од реакции
2.229
Сега скоро ја читав, зашто ми беше за писмена и ми се бендиса тоа што на многу убав начин со вистински искористени елементи без многу зборување напразно е опишано како војната упропастила едно прекрасно семејство!
Respect!
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Ја прочитав само за тоа што ми беше за писмена.. Убава книга..
Ми се допаѓа иницијацијата на Соколов..
 
D

DartWader

Гостин
Многу ме трогна моментот кога Ирина се разделува со Андреј кој требаше да тргне во војна.

Другите жени со мажите , со синовите ,разговараат , а мојата се залепила за мене како лист на гранка и сета трепери , збор не може да излусти. Јас велам : " Соземи се моја мила Иринка ! Кажи ми барем убав збор на разделба" Таа зборува , но трепери сета :" Роден мој ... Андруша... нема да се видиме ... јас и ти повеќе ... на овој свет...."
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Книгата ми е за обработка за во понеделник,ама ја имам прочитано и навистина многу трогателно дело.Се согласувам со DartWader .И мене најмногу ме допре тој дел.Значи,идејата е дека икао живото ти нанесува многу директни удари,не треба да потклекнеш,како што направил главниот лик во делото,напротив,тој продолжува напред,со надеж дека сепак не е се толку "црно" како што изгледа,т.е како што оди делото,дознава дека неговиот син е жив и се обидува да дојде во контакт со него,за на крај судбината да му нанесе уште еден тежок удар,но тој е истраен,не дозволува и покрај сета трагедија да "потоне" за на крајот како просветлување го пронаоѓа детенцето како светлина во тунелот и на крајот се завршува со хепи енд,со тоа е дадена јасна порака:Да не дозволиме поразите,колку и да се болни,да не совладаат,туку со нова надеж и крената глава да се продолжи по патот,бидејќи,како што испеа и нашиот Тошка,после дождот доаѓа сонце.
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
И да се надоврзам со еден од најубавите делови(откако го пронаоѓа Вањушка):''Легнав покрај него и првпат по долго време заспав мирно.Сепак четирипати станував во ноќта.Ќе се разбудев и ќе видев како ми се згрчил под мишка,како врапче под стреа,па тивко дише,а на мене толку ми беше радосно околу срцето,што не можеше да се опише.Внимавав да не се мрднам и да го разбудам,но не можев да се воздржам и го гледав со уживање"...
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Потресна и реална исповед на еден руски војник (Андреј Соколов) за загубата на своето семејство, за војникувањето во Втората светска војна, за неговото заробеништво, за срушените илузии на еден млад човек. На крајот иако потиштен и разочаран од животот кој најсурово му ги однел темелите на неговото постоење (жената и децата), сепак ја наоѓа сопствената среќа и причина за продолжување на животот, покрај едно детенеце-сираче кое решава да го посвои и да го одгледа како свој син.
Одлична повест, вреди да се прочита!
 

Youthanasia

The game
Член од
19 март 2010
Мислења
141
Поени од реакции
11
Барам малку помош од вас. Значит вака,делово ми е една од темите за писмена работа на 14 овај месец.Допрва требит да ја прочитам,аку некој од вас имат состав, нека ми го пратит на пп.Секаква помош е добредојдена.
 
С

сашенко

Гостин
Барам малку помош од вас. Значит вака,делово ми е една од темите за писмена работа на 14 овај месец.Допрва требит да ја прочитам,аку некој од вас имат состав, нека ми го пратит на пп.Секаква помош е добредојдена.
Прочитај ја не биди мрзлив до толку малечка е....за саат време ке ја прочиташ.А кога ке ја прочиташ нема да ти треба некој да ти дава состав ке добиеш инспирација и сам ке си составиш одличен состав....
 

Youthanasia

The game
Член од
19 март 2010
Мислења
141
Поени од реакции
11
Прочитај ја не биди мрзлив до толку малечка е....за саат време ке ја прочиташ.А кога ке ја прочиташ нема да ти треба некој да ти дава состав ке добиеш инспирација и сам ке си составиш одличен состав....
Мислењево горе имат грешка во датумот, не ми е за 15 туку за еден месец,а можда и за два (неможам да го изменам/избришам, некој баг имат на мислењето).А шо се однесвит до лектирава - не знаев дека е толку мала :)
 
С

сашенко

Гостин
Мислењево горе имат грешка во датумот, не ми е за 15 туку за еден месец,а можда и за два (неможам да го изменам/избришам, некој баг имат на мислењето).А шо се однесвит до лектирава - не знаев дека е толку мала :)
Mојата верзија дома има 38 страници:pos:...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom