WildGirl
Lost in the forest ...
- Член од
- 28 јуни 2008
- Мислења
- 636
- Поени од реакции
- 93
Мала книга ама со добра порака и значење. Ја прочитав дек ми беше за лектира пред некое време, а денеска пак зш утре прам писмена, со самото читање идат неверојатна инспирација,а имат доста реченици шо стварно ме трогнаја. Шолохов воспевајќи ја хуманата човечка димензија и тогаш кога човекот го допират дури и дното на егзистенцијата ни го претставуват војникот Андреј Соколов. Преку судбината на обичниот човек од народот развива една тешка трагедија на човековиоте страдања за кој кај еден обичен чоек ќе покажат подоцна морални и човечки квалитети. Ко шо спомнав иако тука го допират дното на сопствената егзистенција сепак успеват да пронајдит начин и да се надминит себеси и чувството на омраза да го заменит со љубов. Иако е насликан теророт предизвикан од човечкиот поматен ум така шо се внесени доста физички и психички насилства кои се тешко поминливи за една разумна свест сепак љубовта ја дава како една единствена можност за спротиставување на самото зло произлезено од самиот чоек. Според мене книгава е мало ремек дело шо претставуват една одбрана на човекот и човечноста, неговата вредност и во добар дел ни ги доближвит моментите кои некогаш го разбранвеле целото човештво, а денес почвет и да се заборавет ...
Ако не ја имате прочитано, прочитајте ја и мала е и немат да зажалите то гарант.:smir:
Ако не ја имате прочитано, прочитајте ја и мала е и немат да зажалите то гарант.:smir: