Воопшто не мислам дека е тоа пресудно за да оформиме правилно мислење..Точно е дека друштвото има некакво влијание,,но се зависи од личноста...Ако станува збор за личност со цврст карактер која знае што сака за себе,,и сама одлучува за своите постапки,,и секако правилно расудува што е а што не е добро за неа,,тогаш нема причина за дилеми,,таква личност не би потпаднала под туѓо влијание,,а посебно не под лошо влијание..Така да,,сметам дека сите во друштвото можат да бидат сосема различни,,но сепак да се согласуваат и тоа да не има пречи..И воопшто не е фер да се оформува мислење за некоја личност само поради друштвото,,туку мислење се формира само кога лично ќе ја запознаеме личноста..Но,,секако дека луѓето ќе имаат предрасуди ако знаат какво е друштвото на некоја личност,,на пр. ако се наркомани или сл. нормално е дека би можеле да помислат дека и таа како и другите од друштвото е таква личност,,па затоа сметам дека сепак секој си го бира она друштво кое му одговара и ако веќе е во такво друштво,,нормално ќе може да очекува оние кои не го/ја познаваат доволно да помислат дека е како другите од своето окружување,,но како што кажав тоа мислење не мора секогаш да биде точно