Филмот е ОДЛИЧЕН!!
Вака сега. Не сакам никого да навредам, меѓутоа според коментарите на многумина овде што го гледале филмот, тоа го направиле многу површно и воопшто не обрнале внимание на ПРАВАТА ПОРАКА НА ФИЛМОТ!
Сенки е далеку од комерцијала, сенки е далеку од драма или хорор филм и сенки е мнооогу далеку од љубовна приказна.
СЕНКИ Е МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА!!
Обидете се да ги видите ликовите и приказната на едно подлабоко ниво. Пробајте да ја пронајдете симболиката во филмот.
Зошто има несмирени духови, кои сеуште живеат и после толку многу години?
Зошто коски како предмет што е украден, односно сурово откраднат?
Кој ги земал коските?
Кој треба да ги врати?
Зошто треба да ги врати и што ќе се постигне со тоа?
Зошто времето за "сенките" стои и покрај тоа што се години поминати?
Зошто "сенките" одново и наново умираат со секој еден ден?
Дали овие прашања ве асоцираат на нешто или сеуште не??
Главното прашање што треба да си го поставите е следново:
ЧИИ СЕ КОСКИТЕ во филмот, на кои луѓе?
На Егејците бегалци, а нивните украдени коски се симболика за Беломорска Македонија.
Примерно, на кого потсеќа мајката-доктор, која така безочно ги краде од нивното вечно почивалиште? Не знам за вас, ама мене ми е слика и прилика на Дора Бакојани, односно таа е асоцијација за Грција. Безкруполозна, егоистична, без никакви обзири кон другите, па дури и кон своите мили и драги кога станува збор за коските. Жена без никакви морални и духовни вредности, која себично краде нешто што не е нејзино.
И "сенките" нема никогаш да се смират и исчезнат, се додека коските не бидат вратени онаму каде што припаѓаат. Исто како што и "сенките" на бегалците ќе провејуваат низ времето, се додека Егејска Македонија не биде вратена онаму каде што вистински припаѓа.
Наредно, што мислите зошто Лазар треба да ги врати коските и тој е оној што го носи на рамења долгот што треба да биде подмирен, за да конечно сенките од минатото да исчезнат? Тој во филмот не се сеќава и не знае што е тоа што го ветил и што го должи. Во реалниот живот тоа се младите Грци, кој ќе бидат вечно прогонувани од "сенките" на минатото и историјата на Беломорска, за сето она што нивните родители го сториле, откраднале коски. Исто како Лазар во филмот што не може да се сети на долгот, така и младите Грци не се сеќаваат што е тоа што нам, на Македонија, ни го должат. И сето тоа поради лажната историја и пропаганда која им се сервира со години.
Ова е само еден мал дел, инаку од филмот може да се извадат толку многу други симболики. Мене секој ден по нешто ми светнува пред очи. Само еднаш имав прилика да го гледам филмот, ама сигурно сум дека нема да муѕ побегнат уште неколку пати.
Исклучително јака симболика, неверојатно ремек дело.
Браво Милчо!!