Ги имам гледено „стаклен дом“ и „граѓани“
искрено речено на почеток и јас бев скептик, демек бугарски не сакам да ги погледнам.
За стаклен дом, има добра приказна, Елена порано се занимавала со проституција, се разбира не доброволно. Од целата таа каша ја вади Димитар, нејзиниот сегашен сопруг. Потоа Димитар „умира“, таа се заљубува во неговиот син Камен Касабов. Потоа Димитар се враќа. Елена ќе се сретне со нејзината сестра која исчезнала пред многу години....и да не раскажувам нема да ви биде интеренсо
(инаку да на канал 5 доста лош превод, глумецот вика „разбија“ тие преведуваат „развијам“
)
http://www.btv.bg/seriali/glass-home/
Зa „граѓани“(Жителите на столицата - нема логика преводот
) )
Значи, овде се работи за обични луѓе кои живеат во Житница мислам дека се викаше селото. Сите комични ситуации се поврзани со двајца соседи, кои цел живот се заедно, цел живот се сакаат. Но сега е време за избори, и двајцата се кандидираат за „кметови“. КРИСТАЛНО ЈАСНО се објаснува на кој начин се одвиваат изборите на Балканот
, како се поткупуваат цигани и сето тоа на комичен начин. од селани ќе станат граѓани...
http://www.btv.bg/seriali/stolichani/epizodi
На линковите погоре, ги имате сите детали за сериите (глумци,коментари), па дури и епизодите ги има целосни се разбира.