„Југо“ и „Застава 101“ во историјата.... Или сеуште не?

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.577
Поени од реакции
7.552
Производството на возилата од марката „застава” до крајот на ноември засекогаш ќе престане во погоните на фабриката во Крагуевац, а моделите „корал – скала”, „скала – застава 101” и „флорида” ќе заминат во историјата.

Производството на моделот „застава 101“почна во 1971 година и вкупно се произведени повеќе од еден милион од овие возила. Јубилејниот милионити популарен „кец“ беше произведен во 1991, а рекордното производство е остварено во 1976 кога од погоните во Крагуевац беа пуштени на пазарот 88,918 „застава 101“.

Првиот „југо“ излезе од „Застава“ во 1980, а произведени се околу 750,000 од возила од овој модел. Од 1986 до 1991, „југото“ се продаваше и на американскиот пазар.

Производството на заставиниот модел „флорида“ почна во 1988 и произведени се околу 30,000.„Флоридата“ требаше да стане најдобар и најпродаван модел на „Застава“, но, распадот на поранешна Југославија и економските санкции во 90-те години од минатиот век го парализираа неговото производство.

Со потпишувањето на договорот меѓу италијанската „Фиат група“ и Владата на Србија престана да постои фабриката „Застава“ од Крагуевац, која сега го носи името „Фиат автомобили Србија“.

Постои можност моделите кои повеќе нема да се произведуваат во фабриката во Крагуевац, да го продолжат животниот век во Африка, откако некои компании од Египет, Конго и Сенегал изрази интерес за откуп на лиценцата и технологијата за нивното производство.

Една од заинтересираните фабрики е египетската „Ел Наско“. Оваа фирма од крагуевачката фабрика го купува моделот „застава 128“ во расклопена состојба, а потоа ги монтира возилата во своите погони во Каиро, иако овој модел во Крагуевац не се произведува веќе десет години.

Последната испорака на делови за 240 возила „скала 128“ за „Ел Наско“ беше извршена во август годинава.

Makfax
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Производството на возилата од марката „застава” до крајот на ноември засекогаш ќе престане во погоните на фабриката во Крагуевац, а моделите „корал – скала”, „скала – застава 101” и „флорида” ќе заминат во историјата.....
Затворена засекогаш? А што ќе се случи со Застава 10 (пунтото) и Астрата класик II (ако почнаа да ја прават?
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.577
Поени од реакции
7.552
Па вели "возилата од марката застава", или ти Пунтото и Астрата ги сметаш за Застава? :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Пунто (Застава 10) ке продолжи да се произведува, а за Астрата во план е уште една парарелна фабрика да работи. Инаку и Русите се заинтересирани да купат лицнеца за Југо, 101 и Флорида.

Последната пратка од 1200 Југовци се со ојачана каросерија, нова табла и PSA мотор од Mazda 2 како и мала серија на Југо 1,3 со 70 KS и автоматски менувач
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Последната пратка од 1200 Југовци се со ојачана каросерија, нова табла и PSA мотор од Mazda 2 како и мала серија на Југо 1,3 со 70 KS и автоматски менувач
Хаха...баш би било јако да вииш некое камен југце...па со аутоматик :pos:.

Ке виите по некоја година ко фиќово шо го вратија ке го вратат југцето, али камен ке го напраат.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Тешко да стигне некое од таа пратка кај нас. Ги продаваат исклучиво по порачка и чини околу 5500 евра со автоматски менувач.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Vo dalekata 1974 godina mojot tatko kupil Z101 i ja vozese kolata se do 2003 godina koga ja prodade za delovi,koj sto saka neka kaze ama bese dobar avtomobil za svoeto vreme.Sega ni preostanuva da gi gledame i da se sekavame na edno vreme a ke go gledame YUGO-to uste vo filmot DIE HARD 3 iako tamu YUGO-to e ocrneto i se majtapat so nego! Site onie sto gi imaat neka gi cuvaat a ako nekoj ima slika od negovata kola moze i da ja postira?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Има сеуште здрави Заставини примероци кои може да се зачуваат!
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Ја имам застава 101 и горд сум со неа :pipi:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Ако некому му текне да прави нешто од 101 или 128, нека ги има предвид сликиве од мене, погоре постирани.
Да не видам некој да му е*е мамата со пластики и др. глупости.
Спуштено со Abarth или Cromariora бандаши (како на Специал) ќе биде сосем доволно за спортски дух од 70-те.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Сликата горе од црвениот 101 е од една авантура тогаш организирана кога 5 Zastava 101 отидоа до Килиманџаро и назад низ пустини и места каде што воопшто нема пат само со сменети гуми и никакви други кварови, така да мислам дека е јасно каков беше квалитетот.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Сликата горе од црвениот 101 е од една авантура тогаш организирана кога 5 Zastava 101 отидоа до Килиманџаро и назад низ пустини и места каде што воопшто нема пат само со сменети гуми и никакви други кварови, така да мислам дека е јасно каков беше квалитетот.
Prvite Z101 imaa Argentiski motori i bea cudo nevideno,pali vozi dokap nema! Tie Z101 sto imaat okrugli farovi se zakon,potoa se drugo e sranje...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom