“Македонија“: Остра реакција во Скопје против спомениците!

Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Да не си братучетка на реалниот.
Инаку споменици е нормално да се градат и тоа треба да биде континуиран процес а не одеднаш по неколку и не мегаломански величини.
Да и тоа прва. Кај прочита дека го негирам континуитетот на градење споменици.Јас пишав за економската оправданост дали е време сега кога се наоѓаме 18 години во криза и згора на тоа рецесија. Секое време си носи свој стил на градење споменици кој се вклопува во архитектурата на градот.Па тоа што си го пишал и јас истото го велам. А да не правиме муабет за парите кои се наеднаш истрошени.Ова од аспект на уметноста ке излезе невиден кич. Немањето на континуитет не се должи на 60 години федерација(ако тогаш неможело да се гради незнам кога). Туку толку ни сечела црпката сркале пари како и сега. Споменикот на Гоце во Градски парк е правен во тоа време не е сега,ние да сме побарале се ке ни било дадено. Колку за информација Тито бара од Стаљин да му нареди на Димитров да ги предаде моштите на Гоце Делчев за денес да стојат во црквата Св. Спас. Ако тогаш не сме можеле да искористиме за македонштината сега ич.

Ќути што не копале, живи ке не кренеа се ке беше во нивните музеи но со друго букви и имиња. Барем нешто ни остана,доволно да знаеме кои сме и што сме. А за тие што знаат кои сме и што сме треба да знаат и дека идентитетот треба да се негува и чува.А како? Да ги прашаме овие несреќиве кои се против градење на Цркви и Спомен обележја.Да ги прашаме дали излегле од Македонија и дали виделе цркви и споменици?
Дали тие држави тие споменици ги граделе кога имале нај развиена економија?
И прашајте се како се градени црквите пред 100 -тина години?
Со крв и пот на нашите поколенија , но тие цркви и манастири не одржаа да бидеме Македонци .
Поздрав
Црквите и спомениците, храмови, катедрали и што уште (да не набројувам) се градени во континуитет.Тие земји имале во минатото кралства, царства, држави подоцна и.тн. имале уредување, лидер, војска, поданици, флоти поморски... Освојувале, пљачкале, биле освојувани, пљачкани... значи имале историја во континуитет, имале можност да градат (во секоја смисла на зборот) во континуитет, значи културно имале можност да се воздигнат. На пример Микеланџело ја слика Систина по нарачка на папата,Ермитаж е правен од Екатерина Велика и еден куп примери има, да со крв и пот на поданиците. Е сега кај сме ние тука, ние имаме идентитет постоиме како етникум, но со кралствава слабо ни оди Александар Македонски направил империја после неговата смрт империјата се распаѓа, доаѓа Рим и си носи културни обележја, после Рим кога се дели ние паѓаме под Византија, па идат Словените тука се провлекува Самоиловото царство и кога и ова царство паѓа доаѓаат Турците е сега 500 години мрак и цицање до срж на нашите предци. Туракот освен џамија и бањи друго и не градел. Па балкански војни, па СХС и на крај СФРЈ. Исега кај сме ние тука од каде пари за леб, а камо ли за уметност. Овде кој како си доаѓал низ историјава си пљачкал и ке си оставел по некоја градба, манастир, мост, зградиче, а нашиот уметнички израз никаде го нема.
И не се 60 години федерација виновни за немањето споменик.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Да и тоа прва. Кај прочита дека го негирам континуитетот на градење споменици.Јас пишав за економската оправданост дали е време сега кога се наоѓаме 18 години во криза и згора на тоа рецесија. Секое време си носи свој стил на градење споменици кој се вклопува во архитектурата на градот.Па тоа што си го пишал и јас истото го велам. А да не правиме муабет за парите кои се наеднаш истрошени.Ова од аспект на уметноста ке излезе невиден кич. Немањето на континуитет не се должи на 60 години федерација(ако тогаш неможело да се гради незнам кога). Туку толку ни сечела црпката сркале пари како и сега. Споменикот на Гоце во Градски парк е правен во тоа време не е сега,ние да сме побарале се ке ни било дадено. Колку за информација Тито бара од Стаљин да му нареди на Димитров да ги предаде моштите на Гоце Делчев за денес да стојат во црквата Св. Спас. Ако тогаш не сме можеле да искористиме за македонштината сега ич.

Црквите и спомениците, храмови, катедрали и што уште (да не набројувам) се градени во континуитет.Тие земји имале во минатото кралства, царства, држави подоцна и.тн. имале уредување, лидер, војска, поданици, флоти поморски... Освојувале, пљачкале, биле освојувани, пљачкани... значи имале историја во континуитет, имале можност да градат (во секоја смисла на зборот) во континуитет, значи културно имале можност да се воздигнат. На пример Микеланџело ја слика Систина по нарачка на папата,Ермитаж е правен од Екатерина Велика и еден куп примери има, да со крв и пот на поданиците. Е сега кај сме ние тука, ние имаме идентитет постоиме како етникум, но со кралствава слабо ни оди Александар Македонски направил империја после неговата смрт империјата се распаѓа, доаѓа Рим и си носи културни обележја, после Рим кога се дели ние паѓаме под Византија, па идат Словените тука се провлекува Самоиловото царство и кога и ова царство паѓа доаѓаат Турците е сега 500 години мрак и цицање до срж на нашите предци. Туракот освен џамија и бањи друго и не градел. Па балкански војни, па СХС и на крај СФРЈ. Исега кај сме ние тука од каде пари за леб, а камо ли за уметност. Овде кој како си доаѓал низ историјава си пљачкал и ке си оставел по некоја градба, манастир, мост, зградиче, а нашиот уметнички израз никаде го нема.
И не се 60 години федерација виновни за немањето споменик.
Немањето континуитет (во изразување на културните обележја) се должи на вековите окупација, додека секој окупатор како што велиш оставал свој траг, нашиот Македонски се потиснува и постојано се одложува.

Чиви споменици беа на кејот при влезот на камениот мост пред земјотресот?

А како ли ни се викаше денешниот плоштад и улица Македонија?

Тоа е процесот на уништување на македонското јадро, преку негирање и потиснување на македонскиот народ.

Наместо вкоренување на гордост поради вековната борба за слобода, наместо гордоста која сме ја заслужиле низ историјата како вечно непокорни, дојдовме до време кога нашата историја ќе се исмева и потценува, ќе се селектира и цензурира, кога ќе се продуцира “срам“ за потеклото од Александар, кога во преносна смисла преку името на Букефал македонската историја ќе се поистоветува со коњ-изација и ќе живеат луѓе кои велат дека “не е време“ за демонстрирање на Македонското чувство и гордост.

Уништување на тоа чувство е предуслов за бришење на Македонците.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Тоа и мене ми е целта да го кажам не треба да гледаме само дел од минатото и да фрламе вина на дел треба да ја погледнеме историјата наша во континутет.

како доагаат словените можеп да ни под објасниш...директна линија, чартер..на магариња???
Нзнам...
Види вака,па бидејќи си многу паметен верувам дека си знаеш, а и гарант и најумен од сите нас и ти давам предност Македонцки ти да ни подобјасниш. Ке го прифатам твоето објаснување за доаѓањето на Словените.

И не с*ри. Ако си расположен за дискусија ок ако си дојден да к*њаш иди у WC.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тоа и мене ми е целта да го кажам не треба да гледаме само дел од минатото и да фрламе вина на дел треба да ја погледнеме историјата наша во континутет.
Извини ама самата рече дека да сме побарале ќе ни било дадено за време на СФРЈ така?

Вината е кај одродниците кои пак во континуитет успевале преку предавство на сопствениот народ да дојдат на позиција на власт и самите тие одродници да го угнетуваат својот сопствен народ.

Од 1948 па се до смртта на Тито, се вршеше Титоизација на Македонија.

Секој облик на македонска гордост и стремеж за автономност завршуваше со Голи Оток.

Српското деспотско културно влијание наметна неверојатна инфериорност на Македонците која е видлива и денес.

Потребен е силен импулс на македонштината, затоа со сето срце ги очекувам овие споменици макар нашава земја се претворела во Музеј на Македонската Историја, никој нема да биде горд за самите нас.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Да 60 години Титоизација на Македонија, колку лошо нешто и добро измкнавме од тој период.Голи Оток не го негирам убиството на Ченто не го негирам, ама има идна вистина да небеше СФРЈ и Тито немаше да имаме држава сега, СРМ е формирана после војната нели, ај замислете да ја немаше да бевме како територијален дел од Србија, па како после распадот на СФРЈ ке баравме самостојна, суверена држава. Верувајте ќе ни беше уште потешко, а и знак прашање дали ќе ја добиевме со оглед на тоа како ни се настроени соседиве од исток и југ, па и од север. За овие северниве барем имаат кон нас сега некаков респект и како народ и како држава.

И јас ке се гордеам со споменициве што ке ги донесат кој не би се гордеел.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Jas ke ve molam da me izvinite sto ke odam of topik ama bi prasal: Koj narod ziveese vo Srbija pred da dojdat slovenite i sto stana so toj narod ? Ili mozda tie koga dojdoa najdoa prazna teritorija.??? Ima edna kniga od eden srbin koja se vika '' Zabraneta istorija na srbite" vo koja toj ja negira teorijata za slovenite. Bi zamolil za objasnuvanje na ovie sto se podobro upateni za slovenive, ili ovaa teorija vazi samo za nas.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.117
Поени од реакции
9.514
Ме нервира само што СИТЕ споменици се на плоштад. Зошто да не се на повеќе места, па и низ повеќе градови.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Ме нервира само што СИТЕ споменици се на плоштад. Зошто да не се на повеќе места, па и низ повеќе градови.
Централизација така сака власта а не ние. А божем власта била гласот на народот ние сме ги избрале.:tapp:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Ме нервира само што СИТЕ споменици се на плоштад. Зошто да не се на повеќе места, па и низ повеќе градови.
На повеќе места ќе си шеташ
а на плоштад спомеништад.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Да 60 години Титоизација на Македонија, колку лошо нешто и добро измкнавме од тој период.Голи Оток не го негирам убиството на Ченто не го негирам, ама има идна вистина да небеше СФРЈ и Тито немаше да имаме држава сега, СРМ е формирана после војната нели, ај замислете да ја немаше да бевме како територијален дел од Србија, па како после распадот на СФРЈ ке баравме самостојна, суверена држава. Верувајте ќе ни беше уште потешко, а и знак прашање дали ќе ја добиевме со оглед на тоа како ни се настроени соседиве од исток и југ, па и од север. За овие северниве барем имаат кон нас сега некаков респект и како народ и како држава.

И јас ке се гордеам со споменициве што ке ги донесат кој не би се гордеел.
Дај не дозволувај поради незнаење историјата да ми сведуваш некакви лаички “вистини“.

Ги омаловажуваш 100.000 македонски партизани кои учествуваа во ослободувањето на Македонија и протерувањето на Бугарските окупатори и 20.000 дадени животи.

Тито бил заслужен за нашата независност, кој ниту стапнал на Македонската земја во втората светска војна ниту се борел за нашата слобода.
Видиш доаѓа до израз тоа чувство на инфериорност и недоволно ценење на самите себе.
Подраг ни е човекот кој пратил 2.500 македонци на Голи Оток од сопственото достоинство.

Македонците самите си ја изборија републиката, а Тито и Големите Сили беа тие кои ја спречија целосната автономност и независност на Македонија и насилно преку опструкција на Македонските автономисти не турнаа во Југословенската Федерација.

Оди на секцијата за Историја на форумов и малку од малку почитај.

Можеш да провериш колку од делегатите на АСНОМ потоа беа политички прогонувани во азил.

Малку знаеш, а и тоа што го тврдиш е невистина. Очигледно немало кој да те научи, меѓутоа во оваа доба на интернет можеш да се потрудиш самата да научиш повеќе за својата историја наместо да прифаќаш како насушен леб тотални конструкции дериват од разни политички пропаганди.
 
Не омаловажувам никого имам дедо кој е и ден денс жив и здрав на 91 година носител на партизанска споменица, пра дедо кој е илинденец и да не раскажувам сега за нашиот семеен историјат, за килограмите злато со кои се купувало оружје и т.н.

како што големите сили не турнаа во федерација можеле и воопшто да не не турнат туку едноставно да не збришат.
Нели сме сведоци на егзодусот и теророт на македонците од егејот, што Британија го поддржа и денес никому ништо...

Ако не ми ја сваќаш поентата тоа е друго, а за часови по историја не ме праќај си читам.:smir:
 
Член од
4 април 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
21
Скопје ме многу потсетува на Атина (бидејки и таа жестоко се спротистава на споменикот на Александар Македонски - па се уште не е поставен )не проблем можеме да ги поставиме во источна Македонија ако не ги сакаат во Скопје.- бладари ме.

Нормално големите сили особено Франција и Англија,а во корист на нивното галениче Грција успеа во овие 100год.да направат македонец против македонец да се уништува бидејки пред тие 100год.тоа не и успеоло со напади од надвор,затоа морале во последниот век тоа да го прават од внатре да подмитуваат брат против брат,македонец против македонец (круна на сето ова е денес што све ќе се изнаслушаме од македонецот )- нашите непријатели се мегу нас,нека ни е наздравје (успеале послем 100год.)
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Скопје ме многу потсетува на Атина (бидејки и таа жестоко се спротистава на споменикот на Александар Македонски - па се уште не е поставен )не проблем можеме да ги поставиме во источна Македонија ако не ги сакаат во Скопје.- бладари ме.
Си имате вие во Штип :baeh:

Ако мислиш дека Геро Милчин Грков пардон Грчев, Васка Глигоријевиќ Канзуров и остала сдс(бјр)мовска багра го претставуваат гласот на Скопје далеку си згрешил :)

народот таквите и нанив сличните ги стрпует у бардовци то да си знаиш :helou:

поздрав
 
Член од
4 април 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
21
Си имате вие во Штип :baeh:

Ако мислиш дека Геро Милчин Грков пардон Грчев, Васка Глигоријевиќ Канзуров и остала сдс(бјр)мовска багра го претставуваат гласот на Скопје далеку си згрешил :)

народот таквите и нанив сличните ги стрпует у бардовци то да си знаиш :helou:

поздрав
Да но никој не правеше вакви смешни сценарија како во Скопје денес што се прави,исто и8 во Прилеп (Милчини водат потекло од Прилеп па замолете го нека го сруши споменикот во Прилеп на Александар Македонски па пота да ви продава демоглогии во Скопје,а додека во источна Македонија Милчин и неговите истомисленици за оваа проблематика се непожелни),а што си имаат во црните бизниси нека си имаат,додека да оспоруваа македонштина во источна Македонија и Прилео се заебале.

народот таквите и нанив сличните ги стрпует у бардовци то да си знаи,
Кога бре брака Скопјани,кога.- зосто не шетаа за против македонизамот и македоните во источна Македонија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom