Аха ок, гледај да не заборавиш баш ме интересира, пошто прв пат слушам дека митови биле фрази како брз или бавен метаболизам...
инаку за метаболизмов јас не мислам така али неможам ни да тврдам дека не е така
јас баш пред некој период на мене го осетив забрзаниот метаболизам од зелениот чај и цедениот лимон (зелен чај 2.5 л 4 цедени лимони и една рака нане на ден) и метаболизмот ми беше струја
по 4-5 пати одев у wc а тоа го користев 2-3 недели ... а сеа сум само на зелен чај по 3-4 шолји на ден[DOUBLEPOST=1437789596][/DOUBLEPOST]а у меѓувреме гуглав и еве што најдов за фастингот
http://dailyburn.com/life/health/intermittent-fasting-methods/
http://jamesclear.com/the-beginners-guide-to-intermittent-fasting[DOUBLEPOST=1437789710][/DOUBLEPOST]
http://thegardenisland.com/lifestyles/health-med-fit/benefits-of-intermittent-fasting/article_08207b87-f32e-5035-9b3f-a792b854a8fc.html
многу ме заинтересира
Точно добра поента,ама ова е сеа друг муабет ти идеш на whole another level
) не сум сигурен но мислам дека 70% од вкупната енергија што ја трошиш ти е од вршење основни функции како дишење,варење на храна,за време на спиење и тн. останатите 30% ти се од овие работи што ги спомнуваш.
@Fantantonio ќе пишам утре поише за ова.
Ај вака, со ред
Само мозокот троши 40% од енергијата, можеш денес да не станеш од кревет, ни весник да не прочиташ, пак толку ќе потроши. Другите активностите си се плус
Ова го пишува во книга за медицински факултет, не верувам глупост да е стропана.
Брз метаболизам и спор метаболизам не постои. Извинете вака ама серењето и мочањето не е метаболизам
Ова е бајка што ја продаваат 99 од 100 ванаби фитнес тренери во државава а врска немаат што зборат. Исто како муабетот што се форсира, дека ако облечеш 200 јакни на тебе додека трчаш ќе се испотиш и побрзо ќе ослабеш а реалноста е дека само ќе го исдехидрираш организмот и може да се шлогираш.
Метаболизам е процесот на разградување и впивањето на хранливите состојки од организамот. Една од многуте повратни врски во телото
Тоа што го зборите вие е прочистување на организамот и е сосема друго, што не е лоша работа, но нема никаква врска со метаболизам.
На секој телото му троши колку што ќе му треба дневен напор, другото го складира. Сега ќе речете, е како оној јаде онолку а е слаб сучка или па обратно, леб не ставам во уста а имам 150 кила?
1. Тој што јаде со кофи храна на дневна база а не се дебелее или спортува или е под невиден стрес или пак дневно е оптеретен со тешка мисловна работа. Обратно, тој што вика дека не јаде а се му се лепи, со прст не мрда. Ваков муабет тераа и некои мои колеги од репрезентација, откако прекинаа со спорт, глеј во седмица јадеме, иако прекинавме со пливање, како говеда гнетеме ништо не ни е. Се собираме некни во кафана после 3-4 години, се направиле говеда од 250 кила, им викам кај ви е бе метаболизмов што си го фалевте?
2. Фактор голем при дебелеење/слабеење е и стресот а најчесто потсвесните проблеми. Можат да посведочат од форумов стриктно за мене, до преклани имав 47-48 кила плафон иако јадев по 5 пати на ден. Протеини, апчиња, капсули, сешто пробав. Ама увидов дека имам еден нерешен потсвесен проблем кој ме мачел долго, го решив сето тоа и година дена подоцна имам 60 кила и ако не на човек барем не личам на пациент во терминална фаза.
3. Тука доаѓа и генетиката. Има луѓе на кои во телото или им фали некој ензим или послабо работи. Има луѓе како сестра ми кои секој ден во соковник цедат цвекло и го пијат сирово а железото им е 5, има луѓе што дремат во кафана, утредента прават крвна слика, мастите им се за никаде. На некои луѓе масните наслаги им се трупаат околу стомакот, на некои кај образите, на некои кај нозете, на некои на рацете... едноставно сите сме различни.
Најважно е да се има умерена исхрана, физичка активност за почеток по 3 пати неделно, соодветен одмор, вода, како што и набројаа погоре и резултатите сами ќе дојдат....