- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.344
- Поени од реакции
- 8.881
Роман со Кокаин од Михaил Агеев. Првата книга за оваа 2015 година.
Одлично се опишани внатрешниот живот и чувствата на јунакот Вадим Маслеников. Се согласувам со рецензентот на задната корица дека Михаил Агеев и Ф. Достоевски се доста слични во опишувањето на психичкиот живот на ликовите.
Интересно е и обраќањето на Буреквиц до Штејн во дворот на гимназијата. Штејн е Евреин, а прашањето за Евреите е актуелно тие години. Треба да го прочитам Еврејското прашање од Достоевски, ме интересира дали има некои совпаѓања во ставовите.
Неверојатно е тоа нешто, грбот што си заминува на неправедно навредениот човек, кој засекогаш си заминува. Има во него некоја човечка немоќ, некаква кутра слабост што бара да се сожалиш на неа, што повикува; што влече по себе. Во грбот на човекот што заминува постои нешто што потсетува на неправедностите и навредите за кои треба да се раскаже и уште еднаш да се збогува, и тоа треба што побргу да се стори, веднаш, зашто човекот заминува засекогаш и зад себе може да остави многу болка што уште долго ќе те мачи, која во можеби во староста ќе ти пречи да заспиеш ноќе. - М. Агеев

Последно уредено: