Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Пред две лета се обидов ја да читам Браќа Карамазови ама неуспешно... мислам дека преводот беше ужасен, во издание на Табернакул...Сега сакам да ја почнам од ново, на српски се разбира.
Јас ја го читав постарот издание на Карамазови и имаше пропусти во преводот, ама не до толку да ја расипат книгата. Многу ги сакам руските романописци и често им се навраќам. „Браќата Карамазови“ е недовршена и малку се забележува тоа на крајот, ама не ја намалува нејзината вредност. Тоа е најдобриот роман од Достоевски.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Орвеловата 1984-на одличен и интересен начин прикажано дистопиското општество управувано од Големиот Брат и Партијата низ очите на бунтовникот Винстон.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Сидарта од Херман Хесе
Прееска ја дочитав и искерно да ви кажам не ми е најјасна поентата на книгава.
Само знам дека дур не ја дочитате немојте да ја затворите.:D
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Последната кинеска кралица - Анчи Мин
Книгава е буквално за последната кинеска кралица. Анчи Мин истражувала документи од Забранетиот град во Кина, прашувала жители за преданија, ги читала менијата за јадење на кралицата и на уште многу други начини дознавала за вистинскиот животот во палатата за да може што подетално да го долови животот во неа како и случувањата кои довеле до пропаѓањето на кинеското царство. Застапена е секој можен аспект на животот, од трагедии до еротски сцени.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Џејн Ер - Шарлот Бронте
Приказна за сирачето Џејн, кое не знае ништо за своето семејство, а израснува заедно со братучедите и нејзината вујна. Се однесуваат лошо со неа се' додека таа не почне да реагира на навредите што е и причината да ја пратат во училиште за сирачиња. Откако добива работа како гувернанта во куќата на господинот Рочестер, нејзиниот живот се променува....
 

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
Само што ја завршив книгата од Алан Дершовиц - Писмо до младиот адвокат, каде што Дершовиц го презентира богатството на своите искуства и страста на сопсвените верувања во есеи за животот, правото и за тоа што значи да се биде добар адвокат и добра личност. Тој прави убава работа со тоа што на новаците им укажува во што се влегуваат со завшувањето на правниот факултет. Must Read за сите правници.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Септемвриски светлини - Зафон.. Дел од Трилогијата на маглата во која спаѓаат и Принцот на маглата и Полноќна палата.
 

Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
Во моментот повторно ја дочитувам Ана Каренина.. нема што многу да се зборува за книгата која претставува ремек-дело на рускиот реализам. Детално обработени приказни, комплексноста на карактерите на сите ликови и проблемите кои ги доживуваат руските семејства во 19 живеејќи на висока нога, прават да не ја испуштите книгата од раце.
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
"Авантурите на Артур Гордон Пим". Уште едно ремек дело на Едгар Алан По.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
"Авантурите на Артур Гордон Пим". Уште едно ремек дело на Едгар Алан По.
Ми стои во фиока од поодамна. Ги почнав првите неколку страни. Доста се разликуваше стилски од она што го имам читано во раскази.
Нешто подетално, што ти се допаѓа, што е карактеристично, зошто би го препорачала?
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Ова е единствениот роман на Е.А. По и може да се каже дека во него самиот автор ги изразува своите интересирање и преокупации. Се работи за авантуристички роман, главен лик е момчето Артур Гордон Пим кое е желно за поморски патувања и авантури и заедно со својот другар ќе започнат едно такво патешествије. Но, уште на почетокот работите нема да бидат ткви како што тој си ги замислуваат, и водени од судбината влекуваат од една во друга авантура. Најинтересно е тоа што крајот не е зачуван и можеш само да нагодуваш што ќе се случи следно. Прекрасно дело на големиот мајстор. Вреди да се прочита. :)
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Спутник љубов од Харуки Мураками...
Нараторот зборува за неговата најблиска пријателка Сумире и за љубовниот триаголник во кој ке се најдат. Помалку чуден триаголник :)
Прв пат читам книга од овој писател, но може да кажам дека премногу добро ги опишува сцените, буквално те внесува на местото на настанот (се разбира, визуелизирано на свој начин)
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Принцезата Султана - Џин Сасон
Автобиографија која топло ја препорачувам на сите.
Книга која зборува за упорноста на една жена да ги добие своите права во еден свет во кој мажите го имаат последниот збор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom