Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
„Четирите Спогодби“ од Дон Мигуел Руис

Зборувајќи за животот, низ призмата на учењето на Толтеците, Дон Мигел Руис успева да создаде дело, во кое на совршено едноставен начин ќе нè научи да се соочуваме со сите неволји кои се испречуваат на нашиот животен пат.
Многу се зборува за тоа како другите луѓе влијаат, а со тоа манипулираат врз нас. Како тоа ние се обидуваме да се промениме и да бидеме нешто што не сме, само со цел да бидеме прифатени од општеството. Значи всушност со тоа се зборува дека ние самите правиме од нас една бледа лажна копија, предизвикана од стравот да не бидеме одбиени од останатите.
Книгата е многу моќна, доколку се разбере правилно-ја препорачувам на секој. :)
 
Ја читав Фаренхајт 451 пред неколку дена по четврти пат, и денеска ја почнав Лек против меланхолија исто од Бредбери. Премногу е рано да дефинирам мислење, но само да споделам дека ја има но окно во пдф. формат бесплатно.
 
Изгубента роза-Сердар Оскан
Напишана во духот на Алхемичарот,Малиот принц и Галебот Џонатан Ливиннгстон.
Книгава е како лично патување каде што се самооткривате и си помагате да го разберете животот
 
не толку опширни:
Шагринска кожа од Балзак
Мајсторот и Маргарита од Булгаков
Волшебниот брег од Томас Ман

опширни:
Браќата Карамзови од ДОстоевски

Пред две лета се обидов ја да читам Браќа Карамазови ама неуспешно... мислам дека преводот беше ужасен, во издание на Табернакул...Сега сакам да ја почнам од ново, на српски се разбира.
 
Жената на маестрото-Гиљермо Мартинез.Интересен краток роман(ми остана уште половина, а пред 2 саата го почнав).Остава впечаток по тоа што писателот е добар познавател на психологија, што супер ја имплементира во романот.Но, на суптилен начин, преку врските изградени, начин на комуникација.Задоволен сум и од преводот, што е важно нешто.Прилично динамичен е и го препорачувам секако.Издание е на издавачка куќа Антолог.

П.с. досега не ми дава чувство дека е наследник на Кортасар, барем според овој роман до каде што ми е читан.Иако, ова не е негативна критика секако.
 
По втор пат ја читам „ Сенка на ветрот“ од Карлос Руиз Зафон. За среќа не се многу сеќавам што се работеше и прави да ми е многу поинтересно читањето.

Повторно Барселона, повторно Гробиштата на заборавените книги, овој пат низ очите на младиот Даниел, кој доаѓа до можеби единствениот примерок напишан од Хулијаш Караш.

Зафон ко Зафон те внесува во друг свет и не ти дозволува да ја оставиш книгата.
 
Истата и јас. Истотака по втор пат. :)
 
Идиот - Достоевски
Извонредно дело, но штом станува збор за Достоевски и не треба помалку да очекуваме. Кнезот Мишкин - идиотот т.н. од повеќето поради неговата болест, епилепсијата и поради добрината. Но, покрај Мишкин има и еден куп други ликови, некои помалку, некои повеќе добри, лоши, секакви...
Вреди да се чита, сеуште сум некаде на половина ја развлеков непотребно, но не ја брзам.
 
dobar e dostoevski ja imas procitano zlostorstvo i kazna najubav roman mi e mene :)
i sudbonata na covekot najdobar raskaz
 
dobar e dostoevski ja imas procitano zlostorstvo i kazna najubav roman mi e mene :)
i sudbonata na covekot najdobar raskaz

Да, ја имам читано Злосторство и казна, чинам уште во средно ја обработувавме, одлична книга.
А за Судбината на човекот мислам во грешка си, нели тоа е расказ на Михаил Шолохов, кој исто така го имам читано одамна.
 
da raskaz e ama poln so sodrzina :) takvi knigi sakam ako imas citano preporacaj mi nekoja :)
 
По правило, книгата треба да релаксира, но не и кога се чита Хесе и сите негови контемплации кои што ја прават книгата. „Игра со стаклени монистра“, многу филозофско дело, кое што прелева во калап на приказна страшно неприметно, теоретски надградено и вистинска храна за душата, кога некој воопшто ја храни.

Од Табернакул ја имаш земено или од друго место? Малце стар беше постот али ти текнува валда :D
 
Jumper by Stephen Gould.
Интересна прикаска за еден тинејџер и неговите стравови кои подоцна ќе ја отклучат клучалката на надприродното. Имено тој по неколку извегнати несреќи дознава за својата способност-да "скокне" и со тоа да се телепортира во која да е просторија од неговите сеќавања.
Пред некоолку години и екранизирана.
 
Се што останува-Патриша Корнвел
Роман кој изобилува со мистичност и неизвесност.Се работи за судски патолог кој се обидува да реши мистични убиства на млади парови во непрооден дел во една шума во Вирџинија.Истрагата тапка во место се додека ќерката на една од најмоќните жени во американската политика не стане жртва на серискиот убиец.Од тој момент докторката Скарпета е под голем притисок да го открие убиецот...
До половина сум,многу ме интересира како ќе заврши сето тоа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom