Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
„Децата на полноќта“, Салман Рушди...
Преубава книга со многу Букерови награди...
 
Do androids dream of electric sheep - Phillip K. Dick
Многу е различна од филмот, скоро неспоредливо.
 
Morski vuk - Jack London (Sea Wolf).. Ја најдов случајно дома и ме привлечи насловот. Засега изгледа супер. Башка и српскиот ќе си го подобрам:p
 
„Записи од мртвиот дом“ - Достоевски

zapisi-mrtviot-dom-g.jpg


Преку еден лик кој наводно е измислен Достоевски го доловува објективно животот во затворот и ја прикажува вистинската состојба на околината и својата, длабоко психичката (во која верувам дека многу луѓе ќе пронајдат и свои особини кои онака е тешко да се изнесат). Што друго и да кажам е излишно. Читајте ја. :)
 
Абе кој ми ги бриши постовите море алооооооооооооо
Операција Амблер - Роберт Ладлам

Операција Амблер е вистинска книга за тие што сакаат да читаат шпионски трилери!
По дваесет години работа како таен агент Харисон Амблер е затворен во една ментална болница, владина институција, каде што владата ги сместува своите луѓе кои што изгубиле секаков допир со реалноста. За жал, случајот на Хал е поинаков. Тој е затворен во Париш Ајланд, под дејство на дрога и седативи.
Една симпатична болничарка му помага да избега од болницата и ја почнува потрагата по осознавањето на сопствениот идентитет. Зошто владата го затворила? Зошто нема никакви документи за неговото постоење?​
 
Многу се настрвив за читање во последно време и изгледа ќе направам грешка која често имам обичај да ја правам. Да читам неколку книги истовремено, да ми излезат некои неизбежни и долготрајни обврски и на крајот, се` да заврши со зачитување на две-три книги, кои нема да ги завршам...
Ама сезона на одмори и релаксирање е па да видиме :)
Game of thrones на Џ.Мартин - откако ја изгледав првата епизода на серијата, содржината ми се виде забавна.
„Мојата борба“ на Адолф Хитлер, белки ќе ја завршам оти со прекини и прескокнувања ја читам подолг период.
Некакво продолжение на, за мене, извонредниот серијал „Дина“ на Френк Херберт, напишано од неговиот син и некој друг писател (отсекогаш сум имал аверзија кон ваквите продолженија, затоа што финансискиот интерес е повеќе од очигледен, а талентот не е секогаш наследен, ама интересот надвладеа).
Инаку, малку надвор од темата, ама во НУБ открив доста литература до која потешко се доаѓа во државава, како на пример некои од за мене актуелните дела на Лавкрафт (неколку раскази и мислам еден роман), Баркер („Кабал“), Кинг („Сјаење“!!!, „Куџо“) и други, така што нема да ми недостасува научно-фантастична и фантастична литература во наредниов период.
--- надополнето: Jun 14, 2011 9:51 PM ---
Morski vuk - Jack London (Sea Wolf).. Ја најдов случајно дома и ме привлечи насловот. Засега изгледа супер. Башка и српскиот ќе си го подобрам:p

„Морскиот волк“ - Сегменти од филозофијата на Ниче едноставно бодат очи во романот, кој можеби има потенцијал, ама мене ми е некако недовршен, неизбалансиран во квалитетот. Доколку не си го прочитал, „Мартин Идн“ е врвот на она што овој го напишал. Значи, ако те бендиса волкот, веројатно ќе уживаш во Идн, но секој со својот вкус.
 
Фаренхајт 451 по трет пат, ако ви се допаѓа Орвеловата 1984, тогш Фаренхајт 451 е токму книга за вас. Ако Орвел знае да не "вози" како читатели подобро низ 1984, Бредбери заостанува малку во тој сегмент и ликовите ми се некако посувапарно равиени, иако мене ми е многу пореалистичен од Орвел и многу драг. Да ви раскажувам содржина за Фаренхајт 451 е исто како да ви го раскажувам Fight Club или V for Vendetta без да сте го погледнале, цело книжуле е 250-тина страни во џебно издание па за тие што го немаат прочитам трк до библиотека.
 
"Повик" од Џон Гришам.(y)

Откако ќе ја прочиташ пиши ми вреди ли повторно да ја почнам. Ја купив пред 3-4 месеци, ја почнав еднаш до 30-40 страна и ја баталив, не ми се допадна.

На темава, вчера ја почнав "Се плашиш ли од темница" од Сидни Шелдон, си реков пред да заспијам да прочитам 10тина страници за да ми се приспие. И не заспав. Во еден здив голтнав 100страни.
 
Darkly Dreaming Dexter - Jeff Lindsay
dexter1darklydreamingfull1.jpg

За многумина познат по серијата Dexter. Се работи за сериски убиец кој убива други сериски убијци со цел да ги спречи, а воедно да го исполни заветот кон својот татко. Ја читам на англиски, во пдф формат. Лесно читлива, на моменти згрозува. Инаку, ова е првиот дел од сериалот. Ако до крај ми се допaдне, ќе продолжам и со отнатите делови :)
 
Darkly Dreaming Dexter - Jeff Lindsay

За многумина познат по серијата Dexter. Се работи за сериски убиец кој убива други сериски убијци со цел да ги спречи, а воедно да го исполни заветот кон својот татко. Ја читам на англиски, во пдф формат. Лесно читлива, на моменти згрозува. Инаку, ова е првиот дел од сериалот. Ако до крај ми се допaдне, ќе продолжам и со отнатите делови :)

Може да ја добијам во сандаче?:cool:
 
По многу двоумење конечно ја почнав Идиот од Достоевски
Целта ми е да видам дали навистина ова дело е подобро е од Злосторство и казна
 
Розалинд Лејкер - Златното Лале
http://www.amazon.com/Golden-Tulip-Novel-Rosalind-Laker/dp/0307352579

Топ книга! Сплет на уметноста поточно сликарство, љубов, политички сплетки, семејство, успеси и падови, лалиња - Холандија во 17тиот век!
 
По препорака на некој од погорните постови почнав да ја читам Cell од Stephen King.Моментално сум до половината негде и може да кажам дека книгата е топ ,баш е по сите мои нишани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom