Многу се настрвив за читање во последно време и изгледа ќе направам грешка која често имам обичај да ја правам. Да читам неколку книги истовремено, да ми излезат некои неизбежни и долготрајни обврски и на крајот, се` да заврши со зачитување на две-три книги, кои нема да ги завршам...
Ама сезона на одмори и релаксирање е па да видиме
Game of thrones на Џ.Мартин - откако ја изгледав првата епизода на серијата, содржината ми се виде забавна.
„Мојата борба“ на Адолф Хитлер, белки ќе ја завршам оти со прекини и прескокнувања ја читам подолг период.
Некакво продолжение на, за мене, извонредниот серијал „Дина“ на Френк Херберт, напишано од неговиот син и некој друг писател (отсекогаш сум имал аверзија кон ваквите продолженија, затоа што финансискиот интерес е повеќе од очигледен, а талентот не е секогаш наследен, ама интересот надвладеа).
Инаку, малку надвор од темата, ама во НУБ открив доста литература до која потешко се доаѓа во државава, како на пример некои од за мене актуелните дела на Лавкрафт (неколку раскази и мислам еден роман), Баркер („Кабал“), Кинг („Сјаење“!!!, „Куџо“) и други, така што нема да ми недостасува научно-фантастична и фантастична литература во наредниов период.
--- надополнето: Jun 14, 2011 9:51 PM ---
Morski vuk - Jack London (Sea Wolf).. Ја најдов случајно дома и ме привлечи насловот. Засега изгледа супер. Башка и српскиот ќе си го подобрам:p
„Морскиот волк“ - Сегменти од филозофијата на Ниче едноставно бодат очи во романот, кој можеби има потенцијал, ама мене ми е некако недовршен, неизбалансиран во квалитетот. Доколку не си го прочитал, „Мартин Идн“ е врвот на она што овој го напишал. Значи, ако те бендиса волкот, веројатно ќе уживаш во Идн, но секој со својот вкус.