Исповед од харемот-Бранко М.
Книгава ја почнав денес и ја дочитав сега пред 10тина минути.Значи импресијава ми е пресна.
Душава малку ми се стреси НО мислам дека треба да ја прочита секоја девојка секаде во светот за да не страда така како главниот лик.
Значи на девојката странци и ветуваат работа во бутик,стан,кола,убав живот во странство.Од желбата да избега од секојдневието ја прифаќа работата.
Да знаев што се ме очекува ќе му речев на таксистот да ме однеси на некое друго место,да го пропуштам состанокот со тие луѓе,состанокот на кој што прифатив да заминам во пекол а очекував подобар живот.-вели таа во книгата.
За сите нас е попримамливо и попривлечно новото и непознатото од она секојдневното и познатото,иако не знаеме каде не води тоа.Мене тоа животот ми го удри од нос-вели во интервјуто што е напишано во самата книга.
Вистинска животна приказна за личност што живее во Белград и ја раскажува под услов нејзиниот идентитет да биде заштитен.Можете да ја купите во книжарниците на Култура.
Оцена:10/10