Што според Библијата кажува Бог за оние кои за време на брак се заљубиле во друга личност?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па шо има врска ако се неверници? Во Божјото Слово никаде не се вели дека младоженците мора да се верници за Бог да ги спои. Така на пример апостол Павле јасно вели дека секој што ќе се соедини со блудница (во контекстот проститутка) станува едно тело со неа.

„Или, пак, не знаете, дека оној кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: “Обата ќе бидат едно тело”.“ (1 Коринтјаните 6:16, Библијата)

Грчкиот збор што овде е преведен со „блудница“ е „porne“ и значи токму тоа - проститутка.

А од вториот дел на стихот можеш да видиш дека Павле се повикува на соединувањето што Бог го кажува во Битие 2:24 , кој пак и Исус го спомнува во ев. Матеј 19:5 и вели:
„Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’ Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!”“ (Исус, ев. Матеј 19:5, Библијата)

Епа Мики ако може некој што имал секс со проститутка Бог да ги соедини и да стане едно тело со неа, тогаш зошто Бог не би можел да ги соедини мајка ти и татко ти и тие да станат едно тело? ;)
Чорбаџи, еве го уште еднаш моето прашање до Тебе: како Бог ги споил моите родители, кои, да напоменам, се‘уште се живи (Богу фала...) не се разведени (Богу фала...), венчани се во Црквата, ме крстиле на моја бебешка возраст, и згора на све, пак и пак не веруваат во Бога!

Како Бог нив ги споил, кога тие (моите родители...) не веруваат во Бога?!...:unsure:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А моето прашање Мики до тебе е: Дали го прочита коментарот што го цитираше и зошто не?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А моето прашање Мики до тебе е: Дали го прочита коментарот што го цитираше и зошто не?
Да, го прочитав и не најдов одговор на моето прашање. Посочените цитати, сами од себе, не ми објаснија како Бог ги споил моите родители, кои се конкретни ликови и кои имаат точни имиња и презимиња,. Згора на све, посочениот цитат:

„Или, пак, не знаете, дека оној кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: “Обата ќе бидат едно тело”.“ (1 Коринтјаните 6:16, Библијата)

нема благе везе со одговорот кој го барав, оти во посочениот цитат, кој намерно ( и погрешно...) го поврзуваш со Христовите зборови за спојувањео на мажот со жената и нивно соединивање како едно тело, Апостолот тоа го вели не во афирмативна смисла, туку во негативна: како неблагословен спој на мажот и жената, кои се „споиле„ не по Божјата волја, туку по нивната похота!

Према томе, какве благе везе има спојувањето на блудникот и блудницата: со моето прашање,со Христовиот благослов за спојување на мажот со жената и конечно, со моите родители?....:confused:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
„Или, пак, не знаете, дека оној кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: “Обата ќе бидат едно тело”.“ (1 Коринтјаните 6:16, Библијата)

нема благе везе со одговорот кој го барав, оти во посочениот цитат, кој намерно ( и погрешно...) го поврзуваш со Христовите зборови за спојувањео на мажот со жената и нивно соединивање како едно тело, Апостолот тоа го вели не во афирмативна смисла, туку во негативна: како неблагословен спој на мажот и жената, кои се „споиле„ не по Божјата волја, туку по нивната похота!

Шо има везе по чија воља се споиле? Битно се споиле, едно тело се, а апостол Павле тоа спојување го поврзува со истото она спојување од Битие 2:24 - за кое што пак Исус вели дека Бог е тој што ги соединува. Божјата воља не е ни силувачот да зачне некоја невина девојка, па сепак Бог е тој што дава живот на бебето.
А зошто го земам овој пример со блудницата? Затоа што ти прашуваш како Бог ги соединил твоите родители кога тие се неверници - небаре има некаква врска што се неверници. Епа затоа јас ти давам пример каде што Бог соединувал и луѓе со проститутки, за да ти докажам дека верата или неверата во Бог нема благе везе со соединувањето меѓу мажот и жената.

Жал ми е што ова не се вклопува во православниот поглед на бракот (кој што мора да помине низ рацете на свештеникот, а при тоа тој да лапне некоја илјадарка), но помири се, впрочем ова не е единствената работа каде што православието не се согласува со Библијата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Жал ми е што ова не се вклопува во православниот поглед на бракот (кој што мора да помине низ рацете на свештеникот, а при тоа тој да лапне некоја илјадарка), но помири се, впрочем ова не е единствената работа каде што православието не се согласува со Библијата.
Чорбаџи, ниту еден Твој став не се вклопува во православното учење, трај си...
--- надополнето: 1 април 2013 во 00:42 ---
Епа затоа јас ти давам пример каде што Бог соединувал и луѓе со проститутки,
Стварно?....
А зашто тој ист Бог ја дал 7-мата Заповед? За да може било кој да се „спои„ со било кого, како и кога ќе му се кеифне?....:confused:
--- надополнето: 1 април 2013 во 00:42 ---
Шо има везе по чија воља се споиле?.
Па нели тоа спојување било така како што Бог кажал...
--- надополнето: 1 април 2013 во 00:44 ---
Битно се споиле, едно тело се, а апостол Павле тоа спојување го поврзува со истото она спојување од Битие 2:24 -
Велиш?....Кај ја виде врската меѓу она кое Св. Ап. Павле го критикува со она кое Бог го благословува?...:sneaky:
--- надополнето: 1 април 2013 во 00:46 ---
Затоа што ти прашуваш како Бог ги соединил твоите родители кога тие се неверници - небаре има некаква врска што се неверници.
Има: моите родители не се верници, но нивниот спој е благословен од Црквата и нивниот „спој„ ме родил мене, а тие (родителите мои...) пак не веруваат во Бога. Од кај знаат моите родители кој ги споил?...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџи, ниту еден Твој став не се вклопува во православното учење, трај си...
Ниту еден твој став не се поклопува со исламското учење, со исклучок на неправилното разбирање на Библијата. И ти си трај.

Стварно?....
А зашто тој ист Бог ја дал 7-мата Заповед? За да може било кој да се „спои„ со било кого, како и кога ќе му се кеифне?....:confused:
Мхм. Имаш нешто против тоа? Пиши му еден приговор на Бог, мож ќе го стави на разгледување. За време на војните, кога се освојувале нови територии, мажите се убивале, жените се силувале и се раѓале еден куп мешани дечиња кои растеле без татко. Веројатно и тоа не му било баш по воља на Бог, но сепак Бог давал живот и покрај 7-мата заповед која забранува прељубодејство. Божјата воља не била ни Авраам да легне со Агара, па сепак тој легнал со неа и Бог го дал животот во утробата на Агара и се родил Исмаил. Имаш нешто и против тоа?
Колку сакаш филозофирај и надмудругај се со Божјото Слово, сепак неможеш против фактот дека според Библиското учење човек може да се спои и со проститутка и покрај тоа што таа не е христијанка, и покрај тоа што некој поп не и пеел и мафтал со кандило, и покрај тоа што додека они имале однос попот не им разменувал круни над главите.

Велиш?....Кај ја виде врската меѓу она кое Св. Ап. Павле го критикува со она кое Бог го благословува?...:sneaky:
Чекај малку. Ние воопшто не зборувавме за тоа што Бог благословува или неблагословува. Немој суптилно да ја менуваш темата (откако се фати во ќорсокак)
Значи пак ќе повторам, Павле во 1 Коринтјаните вели дека секој што се соединува со проститутка (што има секс со неа) станува едно тело со неа и тоа Павле го поврзува со Битие 2:24, Библијата.
Него кој се разбрал со тебе, па јас да се разберам.

Има: моите родители не се верници, но нивниот спој е благословен од Црквата и нивниот „спој„ ме родил мене, а тие (родителите мои...) пак не веруваат во Бога. Од кај знаат моите родители кој ги споил?...
А шо па има везе дали знаат или не знаат или пак од кај знаат? И бебето поима нема од генетика, па сепак гените ги добива со спојување на гените од таткото и мајката. Знаело тоа или не, поминува низ милијарди процеси пред да се оформи во доволно големо бебе.
Мики, ти под дејство на алкохол да не пишуваш па што се избацуваш со вакви чудни прашања?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, ти под дејство на алкохол да не пишуваш па што се избацуваш со вакви чудни прашања?
Чорбаџи, добивам „утисак„ дека дискутирам со припадник на Исламот, оти кога на членовите од форумов, кои исповедаат Ислам, а им поставувам прашања, на секое мое прашање ми одговараат со...



...поезија....:icon_lol:
--- надополнето: 1 април 2013 во 01:19 ---
Пиши му еден приговор на Бог, мож ќе го стави на разгледување.
Ова е типично протестантско „вадење од небрано„: штом на протестантот ќе му снема одговор, веднаш се „вади„ така, што Го воведува и Бога во дискусијата...:sneaky:
--- надополнето: 1 април 2013 во 01:20 ---
Ние воопшто не зборувавме за тоа што Бог благословува или неблагословува.
Туку?...За волкот и за Црвенкапа?
--- надополнето: 1 април 2013 во 01:21 ---
Чекај малку. Ние воопшто не зборувавме за тоа што Бог благословува или неблагословува. Немој суптилно да ја менуваш темата (откако се фати во ќорсокак)
Не бе, не ја мењам темата, сако чекам Твој одговор на моето прашање, кое веќе 2 пати го напишав...
--- надополнето: 1 април 2013 во 01:23 ---
Значи пак ќе повторам, Павле во 1 Коринтјаните вели дека секој што се соединува со проститутка (што има секс со неа) станува едно тело со неа и тоа Павле го поврзува со Битие 2:24, Библијата.
Чорба, можеш да повториш уште миљон пути: двата стиха немаат врска еден со друг...Тоа поврзување Ти самиот го правиш, нит Павле тоа го прави, нит бутур...
--- надополнето: 1 април 2013 во 01:25 ---
Ниту еден твој став не се поклопува со исламското учење,

Се согласувам!....Неногуче, а?....:D
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Не бе душо, титулата „пастор“ има латинско потекло и на латински значи токму тоа: пастир (Shepherd, пастир што го пасе стадото :)

http://translate.google.com/#la/en/pastor



Не знам оти, можеби затоа што не си доволно информирана. Кажи ако сакаш можам да те прошетам низ протестантските цркви и лично да те запознаам ѓакони, старешини, евангелисти. Можеме да седнеме на кафе муабет со нив, у секое време.

Се откажа од потрагата на титулата „свештеник“ во Новозаветната Христова Црква?
Ако не ти е тешко, може да ми напишеш која е разликата помеѓу ѓакони, старешини, евангелисти и пастори и кој од нив има каква улога и извршува каква задача?
Потоа кој/кои ги назначил да ги вршат тие задачи за кои се поставени?

Пастор води, старешина води исто така. Има подреденост, надреденост или не? Некоја хиерархија која ќе ги градуира овие водачи на стадото? Некоја разлика?

Пастор е збор кој се употребува исклучиво кај протестантите иако значи овчар како и пастир што значи. Зошто е тоа така? Влијание на англискиот јазик или?

Не сум се зафатила за потрагата на зборот свештеник за да се откажам. Исто како што ти не се зафати за потрага на церемонијално свадбено венчавање во Новозаветната Христова Црква. Свештеник се сретнува во Светото Предание, а во кое предание се сретнуваат вашите церемонијални венчавања и кршевања? Каде тоа пишува дека тој што ги извршува овие нешта треба да носи своевиден свечен одор различен од останатите?

И уште нешто, ако ѓакон значи лице кое му помага на свештеникот, на кој свештеник му помаѓа вашиот ѓакон кој го имате? Или пак повторно речникот на нашиот јазик не е во ред?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако не ти е тешко, може да ми напишеш која е разликата...
Воопшто не ми е тешко да напшам, но со ред, прво ќе почекам ти да ми напишеш тоа што те прашувам.

Пастор е збор кој се употребува исклучиво кај протестантите иако значи овчар како и пастир што значи. Зошто е тоа така? Влијание на англискиот јазик или?
Погрешно.
Како што веќе покажавме, зборот „пастор“ се сретнува и во Библијата:

„ И Тој даде едни за апостоли, а други за пророци; едни за евангелисти, а други за пастири и учители,“ (Ефесјаните 4:11, Библијата)

А исто така покажавме дека тој збор има латинско потекло и значи токму тоа „пастир“ (пастир на стадо), наспроти твоето неосновано тврдење дека пастор и пастир се слични како и лав (животно) со лев (бугарска валута).

http://translate.google.com/#la/en/pastor


Не сум се зафатила за потрагата на зборот свештеник за да се откажам.
Гледам дека не си се зафатила, иако веќе 2 дена поминаа. Кога планираш да се зафатиш? Или повеќе сакаш да бидеш во позиција ти да поставуваш прашања, а јас да ти одговарам, небаре ти си водителка, а јас гостин на твоето шоу.
Епа си го згрешила местото за тоа. Ова е форум и овде се водат дискусии, а ако сакаш да дискутираш биди спремна и да одговараш на прашањата.

Да те потсетам, ти рече дека...
Во Библијата не пишува дека постои титула пастор,
Јас ти докажав дека постои и ти поставив јасно прашање:

Чорбаџија напиша:
Ајде сега ти биде љубезна и посочи ми каде во целиот Нов Завет се спомнува титула „свештеник“ во Христовата Црква?
Мислам сепак тоа е една многу важна ерархиска функција и служба, па ако се спомнати старешини, ѓакони, пастири, учители, евангелисти... зарем не е очекувано и мистериозните свештеници да бидат спомнати?
Или и ти исто како Мики сега ќе ми кажеш: „Епа и моето име не е спомнато, па еве ме постојам“? :)

И уште нешто, ако ѓакон значи лице кое му помага на свештеникот, на кој свештеник му помаѓа вашиот ѓакон кој го имате? Или пак повторно речникот на нашиот јазик не е во ред?
Зборот „ѓакон“ едноставно значи служител. Тоа што во МПЦ ѓаконите се помошници на таканаречените „свештеници“ (непозната титула во Новозаветната Христова Црква), не значи дека тоа е нивната изворна улога. Ѓаконите се спомнати во Новиот Завет и никаде не се поврзани со мистериозните свештеници. Замисли во некој весник да се спомнати помошниците на претседателот (неговите телохранители, советници, секретари), а никаде да не е спомнат тој, ни директно, ни индиректно, ни маргинално :)

Ете повторно предизвик за тебе да го разлисташ Новиот Завет и да ми покажеш каде тоа во Новозаветната Христова и Апостолска Црква се спомнува титулата „свештеник“? Па мајка му стара, еден куп служби се спомнати, учители, пастири, евангелисти, ѓакони, старешини.. како тоа една од поважните функции како свештеник да не е спомната?
Во православните цркви сите ткн. „свети тајни“ се поврзани со свештеници. Свештеник мора да крсти, свештеник мора да благослови причест, свештеник мора да венча, свештеник мора да миропомаза и елеосвети, пред свештеник мора да се исповедаш, свештеник мора да разврзе гревови... а во Новиот Завет ниту еден свештеник да не е спомнат. Или можеби е спомнат? Ајде чекаме.
И зошто велиш „повторно речникот на нашиот јазик не е во ред“? Кога јас сум приговорил дека речникот во нашиот јазик не е во ред?
Се надевам дека сега нема да започнеш дискусија за речникот во Македонскиот јазик :) Да останеме фокусирани на дискусијата. Поздрав.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во православните цркви сите ткн. „свети тајни“ се поврзани со свештеници. .

Чорба, не биди дрзок и безобразен, потценувајќи ги Светите Тајни во Црквата, нарекувајќи ги „т.н„, оти тие Тајни се од Христа Бога дадени, а ефектуирани преку благодатната енергија од Духот Свет, во Црквата, така ако имаш нешто против Светите Тајни, обрати се до Бога, Он ќе Ти објасни како и зашто ни‘ ги дал....Ти текнуе?....:sneaky:
--- надополнето: 1 април 2013 во 16:02 ---
Ете повторно предизвик за тебе да го разлисташ Новиот Завет и да ми покажеш каде тоа во Новозаветната Христова и Апостолска Црква се спомнува титулата „свештеник“? Па мајка му стара, еден куп служби се спомнати, учители, пастири, евангелисти, ѓакони, старешини.. како тоа една од поважните функции како свештеник да не е спомната?
.
Чорба, во филмот „Неколку доби луѓе„, адвокатот- бранител и обвинителот, користеа иста финта, иако беа на различна страна во судскиот случај!

Имено, и двајцата бараа од обвинетиот војник, да им посочи извесна (непостечка!) одредба во „правилото од службата„ кое и двајцата (бранителот и обвинителот) однапред знаеја дека такво правило не постои! :D

И сеа ,Ти ја користиш истата финта, иако однапред знаеш дека во Новиот Завет не постои изразот „свештеник„ во црковна смисла, но постои изразот „првосвештеник„ кои се однесува само на Христа Бога, но не и на „обичните„ свештеници, а целта која сакаш да ја постигнеш е крајно евтина и лесно предвидлива: очекуваш од nicole_l да не го најде изразот „свештеник„ во Новиот Завет и да ја набедиш дека е во криво!

Така?...:sneaky:

Еве, обиди се да го најдеш моето име во Библијата (иако не е таму запишано!...): пред себе ја имаш вечноста па штом го најдеш моето име, обавести ме, а јас сум трпелив и ќе Те причекам...:sneaky:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Воопшто не ми е тешко да напшам, но со ред, прво ќе почекам ти да ми напишеш тоа што те прашувам.



Погрешно.
Како што веќе покажавме, зборот „пастор“ се сретнува и во Библијата:

„ И Тој даде едни за апостоли, а други за пророци; едни за евангелисти, а други за пастири и учители,“ (Ефесјаните 4:11, Библијата)

А исто така покажавме дека тој збор има латинско потекло и значи токму тоа „пастир“ (пастир на стадо), наспроти твоето неосновано тврдење дека пастор и пастир се слични како и лав (животно) со лев (бугарска валута).

http://translate.google.com/#la/en/pastor




Гледам дека не си се зафатила, иако веќе 2 дена поминаа. Кога планираш да се зафатиш? Или повеќе сакаш да бидеш во позиција ти да поставуваш прашања, а јас да ти одговарам, небаре ти си водителка, а јас гостин на твоето шоу.
Епа си го згрешила местото за тоа. Ова е форум и овде се водат дискусии, а ако сакаш да дискутираш биди спремна и да одговараш на прашањата.

Да те потсетам, ти рече дека...


Јас ти докажав дека постои и ти поставив јасно прашање:






Зборот „ѓакон“ едноставно значи служител. Тоа што во МПЦ ѓаконите се помошници на таканаречените „свештеници“ (непозната титула во Новозаветната Христова Црква), не значи дека тоа е нивната изворна улога. Ѓаконите се спомнати во Новиот Завет и никаде не се поврзани со мистериозните свештеници. Замисли во некој весник да се спомнати помошниците на претседателот (неговите телохранители, советници, секретари), а никаде да не е спомнат тој, ни директно, ни индиректно, ни маргинално :)

Ете повторно предизвик за тебе да го разлисташ Новиот Завет и да ми покажеш каде тоа во Новозаветната Христова и Апостолска Црква се спомнува титулата „свештеник“? Па мајка му стара, еден куп служби се спомнати, учители, пастири, евангелисти, ѓакони, старешини.. како тоа една од поважните функции како свештеник да не е спомната?
Во православните цркви сите ткн. „свети тајни“ се поврзани со свештеници. Свештеник мора да крсти, свештеник мора да благослови причест, свештеник мора да венча, свештеник мора да миропомаза и елеосвети, пред свештеник мора да се исповедаш, свештеник мора да разврзе гревови... а во Новиот Завет ниту еден свештеник да не е спомнат. Или можеби е спомнат? Ајде чекаме.
И зошто велиш „повторно речникот на нашиот јазик не е во ред“? Кога јас сум приговорил дека речникот во нашиот јазик не е во ред?
Се надевам дека сега нема да започнеш дискусија за речникот во Македонскиот јазик :) Да останеме фокусирани на дискусијата. Поздрав.
Не треба да си умислуваш дека си некој фактор за да можеш предизвици да ми поставуваш и да очекуваш дека ќе ти ги исполнам па и денови уште да ми одбројуваш. Мојата работа не е да дремам на форум и да се докажувам, а можеби и да заработувам од тоа.

Ако те прашам нешто, имаш твоја слободна волја да ми одговориш без да ми го вадиш тоа „низ нос“ со тоа што ме нарече дека сум се замислила во улога на водителка. (ова е твој беспомошен потег. Освен вртењето во круг за пасторите и свештениците, не ми даде одговор на суштинските прашања во мојот претходен пост)
Ако ти ме прашаш, јас исто така своеволно можам да ти одговорам или не.
Твој, мој, сечиј избор е тоа. Без условување.

Туку да не испадне дека се правдам и дека налик на тебе почнувам да заобиколувам со одговорите.

Титулата свештеник ЈА НЕМА во Светото Писмо.

Православните за хиерархијата на Православната Црква се повикуваат на Светите Преданија, Светите Отци, Светите Собори.
Континуитет кај протестантите нема. Доказ е твоето ескивирање на моите прашања.

Јас не добив клучни одговори на моите прашања.
-Разлика помеѓу титулите во Светото Писмо, имплементирани во 21 век кај протестантските заедници?
-Кој ги благословува и ги поставува за да ги извршат своите должности?
-Кои се нивните должности и дали се разликуваат?
-Дали постои хиерархија/градуирање/степенување на горенаведените?

Секако дека не барам одговор на горенапишаните прашања кои еднаш не ми се одговорени.
Задоволна сум што МИКИ1 е пред се' искрен и вели дека свештеник не се споменува во Новиот Завет. Ти ја немаш таа христијанска доблест да кажеш дека венчавањето и кршевањето онака како што протестантите го изведуваат не е споменато никаде во Светото Писмо, дека во истото само се набројани титулите, но не е споменато кој каква задача извршува.
МИКИ1 ќе се повика на нешто што е признаено и живеено од Црквата и е ставено речиси на идентично рамниште со Светото Писмо. Протестантите, кутрите, на ништо немаат да се повикаат бидејќи тоа сето тоа се човечки преданија кои многу рапидно се менуваат од 16 век па натаму. Ствар на желба и вкус.

Православните, та православните... православни ѓакони, Свети Тајни итн... и твој суд кој го даваш за нив врз база на твојата креирана претстава и сфаќање за т.н. „изворно христијанство и неговите доктрини“. Ти не си нималку битен за православието, тоа и без и со твоите напади и компаративни анализи ќе опстане. Ти си битен за твојата вера. Зборувај за нејзината убавина. Ако е убава сама по себе, и без потенцирање на „грдостите“ и недостатоците на останатите вери, ќе и се забележи нејзината убавина.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Задоволна сум што МИКИ1 е пред се' искрен и вели дека свештеник не се споменува во Новиот Завет. Ти ја немаш таа христијанска доблест да кажеш дека венчавањето и кршевањето онака како што протестантите го изведуваат не е споменато никаде во Светото Писмо, дека во истото само се набројани титулите, но не е споменато кој каква задача извршува.
Море доблесен си е тој. Самиот си напиша дека „Никаде во Библијата не гледаме ниту еден пример за брак склучен во црква, ниту за брак склучен во синагога, нути за брак склучен со посредство на некаков свештеник.“ Освен ако самиот не си ја смета својата заедница за Црква. Или ако не нашол некаде во Писмото напишано за брак склучен со посредство на пастор.
--- надополнето: 1 април 2013 во 21:37 ---
Ти си битен за твојата вера. Зборувај за нејзината убавина. Ако е убава сама по себе, и без потенцирање на „грдостите“ и недостатоците на останатите вери, ќе и се забележи нејзината убавина.
(y)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
8
Поени од реакции
3
Што според Библијата кажува Бог за оние кои во време на Брак се заљубиле во друга личност?
Дали некој има одговор на ова ?

Благодарам Однапред...
Vaka sestro gledam deka si bila povredena no nacinot na koj si vratila e okoza oko zab za zab kaj e tuka prostuvanjeto eve jas go imam istiot problem znam deka zenata me izneveruva no i prostiv bidejki ja sakam neznam dali i bil moment na slabost ili pak mi vraka nesto za mladosta ijas ne sum sjaen iako neverstvo nemam izvrseno no pak imam drugi grevovi napraveno sprema nea.Zosto sega decata da mi ispastaat za toa .Prosti za da ti bide prosteno,so kakov arsin meris so takov i ke ti sudat.I sega taa e zbuneta ocekuvase razvod vo nieden moment koga si pravese kejf nepomisli ako se doznae sto ke bide so nasite deca.Jas sestro ne te sudam no i zenami mislese deka se zaljubi no sega fraerot nigde go nema si ima kerka za gledanje ne e budala da se otkaze od nea zaradi bozemna srodna dusa. i velam deka ne ja sakal dovolno stom se isplasil navodno da ne se svetam na kerkata..Zenami e taa sto nema sega mir. Ni za Gospod i se slusa i v crkva zaboravi kako izgleda. Ako dades zavet pred Bog gledaj da go ispolnis zosto lesno e da se padne vo iskusenie vo ova moderno vreme tesko e da se ostane na praviot pat Gospodoviot.Ja sakam zena mi seuste ise nadevam deka me saka i taa.Istoto ti go posakuvam itebe sestro prosti za da ti bide prosteno. Gospod Isus Hristos napomos . Pozdrav.
 
Член од
11 април 2014
Мислења
138
Поени од реакции
57
Венчаните христијани кои му посветуваат премногу внимание на некој од спротивниот пол неразумно си ставаат трн во здрава нога. За жал, се случува некои да се вљубат во оние со кои станале премногу блиски (Матеј 5:28). Ваквата емоционална блискост ги навела да направат работи со кои уште повеќе го обесчестуваат бракот,откако го дал советот „бракот нека биде чесен“, Павле го дал следново предупредување: „Брачната постела нека биде чиста, зашто Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците“ (Евреите 13:4). Со изразот „брачната постела“ Павле укажува на половите односи. Половите односи се ‚чисти‘ само во бракот. Затоа христијаните се послушни на вдахновените зборови: „Радувај се со жената на својата младост“ (Изреки 5:18). Оние што имаат полови односи со некој со кого не се во брак покажуваат големо непочитување за Божјите морални закони. Точно, денес мнозина ја сметаат прељубата како нешто сосема нормално. Но, што и да мислат луѓетоза прељубата, тоа не смее да влијае врз мислењето на христијаните. Ним им е јасно дека на крајот „Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците“, а не луѓето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom