MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Чорбаџи, еве го уште еднаш моето прашање до Тебе: како Бог ги споил моите родители, кои, да напоменам, се‘уште се живи (Богу фала...) не се разведени (Богу фала...), венчани се во Црквата, ме крстиле на моја бебешка возраст, и згора на све, пак и пак не веруваат во Бога!Па шо има врска ако се неверници? Во Божјото Слово никаде не се вели дека младоженците мора да се верници за Бог да ги спои. Така на пример апостол Павле јасно вели дека секој што ќе се соедини со блудница (во контекстот проститутка) станува едно тело со неа.
„Или, пак, не знаете, дека оној кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: “Обата ќе бидат едно тело”.“ (1 Коринтјаните 6:16, Библијата)
Грчкиот збор што овде е преведен со „блудница“ е „porne“ и значи токму тоа - проститутка.
А од вториот дел на стихот можеш да видиш дека Павле се повикува на соединувањето што Бог го кажува во Битие 2:24 , кој пак и Исус го спомнува во ев. Матеј 19:5 и вели:
„Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’ Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!”“ (Исус, ев. Матеј 19:5, Библијата)
Епа Мики ако може некој што имал секс со проститутка Бог да ги соедини и да стане едно тело со неа, тогаш зошто Бог не би можел да ги соедини мајка ти и татко ти и тие да станат едно тело?
Како Бог нив ги споил, кога тие (моите родители...) не веруваат во Бога?!...