За прв дејт, пожелно е машкото да плати пијачка. Во спротивно испаѓа мизерен.
За понатаму, зависи од ситуацијата, околностите и можностите на двојката. Можеби во еден период и двајцата работат и имаат, може подоцна едниот од нив останал без работа, или пак двајцата немаат, и што тогаш? Таа треба да му раскине оти немал пари да ја части? Па тоа не е врска, туку сексуално парична трансакција (да не употребам погрд збор).
Со вакви ставови кои погоре ги прочитав, Господ нека ви е напомош ако чекате мажот да ви ги финансира сите хирови во ова наше државче, каде се знае колкави се платите и стандардот - мизерни.
Во бракот се знае, финансиите се заеднички и така се распоредуваат. Ферски би било секој да дава одреден процент за заеднички трошоци и деца, а да си има и настрана свој дел за трошење. Не како што погоре видов став "моите пари си се само мои, а неговите пари се и мои". Алал да ви е, нека ви служи на чест.
Момци, ни вам не ви е лесно, навистина. Ако најдете некоја која нема да очекува нон стоп да ја частите и тинтрате, и која е колку-толку нормална и со разумни финансиски сфаќања (а не со став "што е твое е и мое, што е мое си е само мое") женете ја, па макар била и погрда. Ионака убавината е минлива и релативна категорија, а налет таква љубов која треба постојано да ја плаќате, и која ќе ве напушти веднаш штом најде некој поплатежен од вас.
Имаше една таква статистика, каде што на Пол Макартни му пресметаа дека поевтино ќе го чинеле 20 години со најелитните и најзгодни проститутки, отколку бракот со жена му која го соголе при развод. Па вие сега бидете паметни
.