Kodaline - High hopes
Kodaline ги открив пред некоја недела, а веќе почнуваат да ми стануваат омилени за слушање додека пијам кафе на тераса или навечер пред спиење. Слушав некои песни на ју туб, гледам препорака, кликам на препораката и воала, си викам: ова е тоа што ќе го слушам во летото 2016
All I Want на пример додека им ја слушам ми го опушта нервниов систем и како да сум у некоја друга димензија, со други луѓе и суштества.
*кога ќе откријам нови песни што ми се допаѓаат ко мало дете сум што му дале нова играчка