Што прават МК амбасади и конзулати по светот ?

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Списокот на дипломатските и конзуларни претставништва на Македонија низ светот ќе го најдете овде http://mk.wikipedia.org/wiki/Список_на_дипломатски_и_конзуларни_претставништва_на_Македонија

Но, живо ме интересира што тие прават, за што служат и што ќар има конкретно Македонија од нив ?

Познато ни’ е на сите дека конзулатите се “Држава во мало„- тие се и матичари и полиција во едно.Кај нив се пријавуваат новороденчиња, таму се пријавуваат и бракови, преку нив се врши заверка на потпис, преку нив се вадат изводи од матична книга на родени, кај нив може да се состават и тестаменти, да се заменат пасоши доколку се оштетени или рокот им истекол....Таму се издава царинска потврда врз основа на која се ослободувате од плаќање царина доколку увезувате предмети за домаќинство. Активно учествуваат во оставинска постапка на свои сонародници
Истите имаат и дипломатска функција - тие нели треба да ги унапредуваат политичките и економските односи, да ја шират културата на МК, да помагаат во организирање на македонската дијаспора и нејзините здруженија и клубови .... да ја информираат јавноста:unsure:

НО, што уште мимо ова работат или треба да го прават конзулатите ?
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.207
Поени од реакции
21.377
Ништо не прават. Со години немам видено ни амбасадор ни конзул кај што има организирано МК прослави или Богослужби. Пред некоја година се собравме Македонски студенти од Баварија во конзулатот во Минхен за да направиме некоје здруженије. Поддршката од конзлуатот беше нула, испаѓаше дека ние да се здружиме и да ја промовираме Македонија а тој после да си ги препише успесите. Наспроти конзулатот тамам има и пивница па во неформалниот дел на вечерта конзулот си ги кажуваше бисерите и случките кој ги имал на Октоберфестот. Ете тоа се работи, секоја чест за исклучоците но реални да сме со 2-3 души и не се држи амбасада или конзулат.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Организација на чартер летови и автобуси за гласачи.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Tокму ова сакав да го слушнам и од некој друг(y) - да не биде дека само јас имам стекнато таков впечаток и мислење за некои од нив.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Ништо не прават си ги ладат, посебно децата на заслужни луѓе од партијата на власт.Во Лондон конкретно, на еден што на времето колеше луѓе низ Охрид, амбасадата му плаќа стан од 1500 фунти и храна и превоз.Нормално син на заслужен главешина од партијата на власт.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во Берлин земаат и плус 10-15 евра за да ти искуцаат документ, покрај тарифата што ја наплаќаат за заверување на истиот. Мислам, тоа покрај овие "активности" што ти ги пиша. Македонски прослави си организираат самите иселеници, амбасадата ретко.

Но, од друга страна мене доста ми помогнаа кога требаше да вадам медицинска виза, бидејќи ненадејно се најдов во ситуација да морам да вадам и јас и моите, па ни закажаа во бирото за странци без проблем. Сепак се наоѓа по некој добар службеник кој ќе им обели образ на другите.

А, во Вашингтон нонстоп се или на доручек или на ручек. Сестра ми пробуваше да ги исконтактира за некое прашање, никако не можеше да ги добие.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Скоро беше, во Берлин, имаше еден собир на кој што требаше и амбасадорката да присуствува, која впрочем не не’ удостои со нејзиното присуство. Дојде само службеничка Албанка, која беше доста љубезна, ама не објасни зошто не можи да присуствува амбасадорката... иако така беше пишано во распоредот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Се ова амбасадориве треба да се вратат и да се ревидира кој што како е. Настрана старите прчови, да не зборам за оние со по 24-5 години што се опнати амбасадори, кога амбасадори на други земји имаат толкугодишно искуство.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
незнам колку ваквите МК претставништва помагаат на студентите - кои сакаат да упишат магистратура во друга држава ?
Но, читав дека полската амбасада во Минск(Белорусија) ги помага истите тие кои се заинтересирани да го продолжат школувањето во Полска( кај нив доставуваат комплет документи- за одреден универзитет кој претходно го избрал дипломецот, специјалност -и останатата работа ја врши конзулатот/амбасадата - ) значи преку нив иде подавање на документи, добивање согласност од универзитетот како и добивање стипендија Rządu Polskiego
интересно
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Еве што прават другите,а што македонскиве амбасади:


1.Другите амбасади:Организираат средби и собири на своите државјани,прават презентации за претставување на својата земја,договараат средби на повисоко ниво(министри,премиери,претседатели итн).Исто така нивните граѓани т.е на таа х-амбасада можат и имаат каде да се обратат во случај ако ги изгубат документите како пасош итн.


2.Нашиве амбасади:Не организираат ништо,презентации за македонија воопшто и не прават(евентуално еднаш се случува
во 3-4 години да направат нешто и тоа ќе се испофалат)
Со самото тоа бидејќи немаат средби со инвеститори итн.немаат ни врски со кои би дошле до големите луѓе и компании во земјата каде имаат своја амбасада.Амбасадорите си ги гледаат своите интереси,интересите на својата фамилија.Инаку повеќето од нив сигурно и имаат по 24часа дневно обезбедување.
Инаку има и некои поинтересни случаеви како на пример е еден амбасадор кој се растурал со љубовни пораки и подароци.Швалераја голема.Е сега за работа тешко,ама барем човекон популарен стана.:)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.217
Со чесни исклучоци генерално мислење е дека нашите конзули и амбасадори залутале на тие функции. Најчесто кога ке почни тука да смета го испраќаат некаде подалеку или како награда за добро завршена работа.
Па поради тоа незнам ни што очекувате од нив, нив тоа не им е главна работа или занимање туку или казна или награда, затоа и не се замараат премногу да ги бранат интересите на државата.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Сето ова е вистина и навистина се апатични нашите амбасади и конзулати. Но, не треба да се заборави и дека тие едвај живуркаат, бидејќи при секоја појава на криза, веднаш се крати на нив и на нивниот персонал. Така се случува, амбасадите, а за конзулатите да не зборам, да се состојат од еден до два члена, значи амбасадорот и еден дипломат и толку. Така да, колку се вложува, толку треба и да се очекува. Не може од ништо да направат нешто. Нивната ситуација е состојбата со лекторатите низ светот, кои згаснуваат, а државата ко божем се залага за промоција на јазикот.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Се драпаат. Не знам колку персонал имаат и колку се зафатени ама знам дека се претерано некомпетентни, не знаат да кренат телефон и враќање на меил преставуца научна фантастика за нив. Ме зафркнаа безброј пати и чекав за пасош 2 ипол години. Кога конечно ми го дадоа датумот беше 6 месеци по издавањето од МВР. Се прашувам кај лутало кутрото книжуле пола година... Што е уште полошо се прашувам што ќе ми се случеше во тие 2 ипол години ако западнев во некоја неволја, толку време во странство без пасош а нив ги болеше за нивни државјанин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom