Што прават МК амбасади и конзулати по светот ?

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.175
Поени од реакции
21.287
Драматична завршница на љубовната афера Думбалоска - Стојановски

Тужбата за уцена против Лидија Думбалоска поднесена од поранешниот македонски амбасадор во Австралија Перо Стојановски доби драматичен пресврт во Австралискиот врховен суд.

Судот беше принуден да ја собори претходната пресуда, откако во текот на сослушувањето, новите сведоци силно го поткопале кредибилитетот на Стојановски, што предизвикало големо изненадување.
Думбалоска која подолго време била во врска со поранешниот македонски амбасадор, беше обвинета за обивање, кражба и уцена, откако по раскинувањето на врската во 2010 година влегла во станот на Стојановски и му ги одземала службениот лаптоп и бројни документи, за кои амбасадорот тврдеше дека содржеле чувствителни информации во врска со неговата работа во амбасадата, вклучувајќи и комуникација со надлежните во Македонската влада.

Думбалоска беше уапсена на новогодишната ноќ. Притоа во нејзиниот дом беше пронајден и преносниот компјутер на Стојановски. Поранешниот амбасадор во текот на судскиот процес тврдеше дека поранешната љубовница го уценувала за сума од околу 150 илјади евра за да му го врати лаптопот. Думбалоска, пак тврдеше дека е невина, аргументирајќи дека имала дозвола да престојува во неговиот дом, а компјутерот бил во заедничка сопственост.

Сепак, Врховниот суд го потврди обвинението против Думбалоска за како што пишуваат австралиските медиуми, помала кражба, за што ќе и се суди во некој од наредните термини.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=04548A5F2D62A84D97929C575002E05A

--

Ексамбасадорот во Австралија Перо Стојаноски не бил болен од рак?!

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=E9A9EFC327B9D645BC90C8BB3AD2229C

Тоа што сите им беше познато конечно се потврди, каде се наоѓа сега Перо? Дане го пратиле некаде на друго место како унапредувајне?
 
M

macgowan

Гостин
Живот живеат, тоа прават! Какви луѓе имаме настрана е поврзано со какви се овие внатре. Гнојот помешан со калта и тродневните лепешки од шталата на фам.Т.ушиќ од Канатларци...то имаме ние. И сите тие стануваат гомнениот голем за егзекуција на свемогучите и безвременски глупости по белиот свет на светата непроменлива - наша власт...

Секоја чест на исклучоците! Но...

Ние немаме дипломатија бе луѓе, се с`ибало пиперот и лубејнците. Во 20 и кусурот години се срозавме на секој можен план, па на крај што да очекуваме од овие `деца златни`?

Туку, да тепаме вечер и шо не боли пајпата за се, да се радва Гоцевата раса...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
А шо бидна со тој Перо швалерот од Австралија? Знам дека пресудата беше во корист на Думбаловска, ама што е со него? Нешто и пари беше должен, барал пари за лекување, а отишол на одмор и дури и слики си беше закачил некаде. :facepalm:
 
F

FARANG

Се разведе во МКД, ја остави фамилијата таму. Се прежени со една многу успешна македонка адвокат во мелбурн, партнер во една од најголемите адвокатски фирми во светот... Сега живее во една од најубавите населби во Мелбурн па ако не и светот, во стан на адвокатката и бара работа по струка (инжинер) :facepalm: ама тешко некако му оди. Последно што знам со братот на адвокатката местел гипсни плочи, нешто такво... Сега е настрана од заедницата и се друо, глуми лудило, никого не познава :D

Думбаловска го доби случајот мада Перо се откажа тука, реално требаше да наебе. Во компјутерот најдоа слики од нејзината малолетна керка иначе што Перо верувам ги сликал дур сите биле заедно ама на ТВ и кога се бранеше го престави ко педофил и го користеше тоа како еден вид одбрана, дека добила шок и ради тоа го зела компјутерот кога ги видела... Не верувам дека тоа е така, Перо е многу работи ама не е педофил. Се на се ЦИРКУС ко што одамна немало...

Што е најтрагично мислам дека конзулката има да го надмине
 
marija_mkd

Super Girl
Член од
31 мај 2007
Мислења
24
Поени од реакции
3
Списокот на дипломатските и конзуларни претставништва на Македонија низ светот ќе го најдете овде http://mk.wikipedia.org/wiki/Список_на_дипломатски_и_конзуларни_претставништва_на_Македонија

Но, живо ме интересира што тие прават, за што служат и што ќар има конкретно Македонија од нив ?

Познато ни’ е на сите дека конзулатите се “Држава во мало„- тие се и матичари и полиција во едно.Кај нив се пријавуваат новороденчиња, таму се пријавуваат и бракови, преку нив се врши заверка на потпис, преку нив се вадат изводи од матична книга на родени, кај нив може да се состават и тестаменти, да се заменат пасоши доколку се оштетени или рокот им истекол....Таму се издава царинска потврда врз основа на која се ослободувате од плаќање царина доколку увезувате предмети за домаќинство. Активно учествуваат во оставинска постапка на свои сонародници
Истите имаат и дипломатска функција - тие нели треба да ги унапредуваат политичките и економските односи, да ја шират културата на МК, да помагаат во организирање на македонската дијаспора и нејзините здруженија и клубови .... да ја информираат јавноста:unsure:

НО, што уште мимо ова работат или треба да го прават конзулатите ?
Nisto ne pravat!
Jas ziveam vo NYC, i cekav 9 meseci i toa so vrski da mi go napravat pasosot.
 
M

Moon Child

Гостин
На првата страна во појаснувањето пишува дека амбасадите можат да изменат или издадат пасош ако постоечкиот е оштетен или изгубен. Е сега една работа ме интересира, јас имав пасош кој беше важечки ама на старо презиме и со него си ринев, додека не решив дека треба да го променам заради презимето и документација која ми треба во земјата каде живеам. Се јавив во Македонската амбасада овде во Сараево и им објаснив дека имам пасош кој е сеуште важечки и дека со него патувам ама е на старо презиме, дали можам да извадам кај нив во амбасадата нов пасош на ново презиме, ми рекоа дека НЕ за тоа морам да одам во Македонија. Дали е ова различна ситуација од мојата, затоа што прочитав дека они можат да издаваат пасоши, а мене преку телефон ми рекоа иди во Македонија да извадиш. Во што е разликава?
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.280
Поени од реакции
22.501

Gi mrzi da rabotat. Treba da popolnis obrazec i da go prijavis brakot a posle si ide procedurata... Pobrzo ke ti bide vo sk, toa da, ama tehnicki mozat ali nekat da te usluzat. Imaj na um so bagrava ke cekas godina dena za pasosot mininum taka da ako nemas vtor idi svrsi si rabota vo sk
 
Претпоставував дека е мрза и не воља во прашање. Затоа што реално, нема причина зошто амбасадата не би ми издала пасош? Ме фаќаше многу поефтина варијанта да извадам пасош овдека, затоа што да неморав да доаѓам, губам денови на работа, се малтретирам по патиштата, и онака линии БиХ-Македонија се нередеовни и прескапи. Сега ја видов темава, и реков баш ме интересира да прашам дали стварно неможе или што е работата. Инаку завршив, дојдов во Македонија, лупнав 200 евра за пат се измалтретирав сред зима, губев денови на работа, затоа што нив ги мрзи да работат. Не ми беше јасно, ако не ми издаваат пасош во амбасадата, за што и реално постојат?
Ама нема везе, веројатно сум можела од изводи до се да завршам во амбасадата ако нив не ги мрзело, ама затоа што ги мрзи, се спотегарив и си ги завршив работите сама.
Треба човек да им се јави и да ги колне до 7мо колено за платите од наш грб што ги зимаат за да си ги прчат по цел ден.
 
Eh tezok e toj zivot diplomatski... Use da znaes kade i kako ziveat ima i bomba da sakas da im stavis u toa ambasadata. Osven ovoj sto bese vo Kina i sega ke go pravat minister za nadvoresni site se kopuci...
 
|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
Gi mrzi da rabotat. Treba da popolnis obrazec i da go prijavis brakot a posle si ide procedurata... Pobrzo ke ti bide vo sk, toa da, ama tehnicki mozat ali nekat da te usluzat. Imaj na um so bagrava ke cekas godina dena za pasosot mininum taka da ako nemas vtor idi svrsi si rabota vo sk
Не се вадат пасоши во амбасада, мора во Македонија. Во амбасада во случај на изгубен пасош добиваш патен лист за да можеш да стигнеш до својата матична држава. А и многу погрешна слика имаш за животот на дипломатите. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom