Што подобро помните: лица или имиња?

Лица или имиња? Што подобро помните?

  • Лица

    Гласови: 145 57,5%
  • Имиња

    Гласови: 28 11,1%
  • И двете

    Гласови: 53 21,0%
  • Ниедно, не се замарам

    Гласови: 26 10,3%

  • Вкупно гласачи
    252

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Значи што повеќете приметувате и побрзо запомнувате?
Имиња или лица?
Или подеднакво добро и двете ги помните?
Или воопшто не забележувате ни едно ни друго?
И нормално пишувајте повеќе од еден збор, другото ќе биде избришано.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Многу подобро помнам лица (и бројки:)) отколку имиња.
Имињата никогаш не ми биле јака страна и затоа со луѓе кои се имам запознаено на кракто и се гледам повторно после подолго време често се наоѓам во ситуација да не ми текнува како се викаат или пак од каде ги знам.
Како и да е, морам да се поправам во однос на тоа. Глупаво се чувствувам кога не ми текнува на нечие име. А уште поглупаво ако обидувајќи се да ми текне името, кажам некое друго:kesa:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
имиња дефинитивно. и лица паметам ама не колку имиња. се сеќавам на деца од црна гора како се викаат кога бев на одмор во 3 одд. епа замислете сега. лоша мана ми е ова ама нема што да правам само можам да бидам професор и сите деца ќе ги запамтам без проблем :pipi:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Имиња паметам повеќе. Може да се случи и да не препознаам некого ако не сум го видела повеќе од 2-3 пати и нема карактеристичен лик, ако не ми оставил некој впечаток.
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Полесно иде по други делови од тело коа се памти.
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Имиња. Лицата многу често ми се мешаат.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Ниедно од овие.:)
Во екстремно ретки ситуации знам да запамтам лице,а уште помалку па име.Ептен некогаш ако некој има специфично,необично име можеби,а вака не.
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Па јас искрено најдобро запомнувам добар пар на дојки ако има некое моме,а за името и ќе се подумам како беше :smir:
 

ChaLL3nGeR

Кајгана's APEX PredaTor
Член од
15 април 2009
Мислења
721
Поени од реакции
66
памтам лица уште кога татко ми имаше 13 години. а имиња не памтам па шо сака нека е
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
И лица и имиња памтам подеднакво.Другите понекогаш и ми се чудат како може да запамтам некој кој само еднаш поминал покрај мене и после подолго време ако го видам знам кој е.
Истото важи и за имињата,можеби затоа што знам дека ќе ми биде непријатно ако правам муабет со некого и да не знам како се вика па да го прашувам: извини ти се викаше како?
Заприметувам ептен фаци(не е дека зјапам по луѓето :) ) ама ете...таква личност сум.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Премногу памтам ликови, претерано многу. Знам некои и еднаш да сум ги сретнала и ќе се сетам од кај го знам. Или по слика знам да препознам некој ако го видам во живо.

Ама затоа не постои човек кој помалку памти имиња од мене. Заборавам имиња премногу. Не памтам имиња на луѓе што ги запознавам, дури престанав и да обрнувам внимание, не ни слушам кога некој ми се претставува, знам нема да запомнам :pos:. Гледам многу серии и по неколку години и немам појма кој лик како се вика. Ми се случува и за колешка или братучетка било што да не ми текне како се вика. Резил!
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
памтам имиња ако е некое кратко и ако убаво го заслушам ќе го запамтам и не го заборавам никогаш, обично во гужва и големо друштво слабо ги заслушувам имињата па и некои од нив слабо ги памтам, а лица памтам секогаш и никогаш не ги заборавам!
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Имиња.Никогаш не заборавам име.Понекогаш ме користат како потсетник,запомнувам некое име и само ако сум го слушнала,не мора да ја познавам личноста,доволно е да ја спомне некој во мое присуство и регистрирана е.:)

За сметка на тоа,воопшто не памтам лица.Колку сака впечатливо нека изгледа,по извесно време ми се бриши од меморијата.За да запомнам нечие лице треба или да го гледам секојдневно,било во живо или на слика,или да го познавам над 20 години.
 
M

M del Mar

Гостин
Порано многу паметев имиња, но во последно време исклучиво многу добро паметам лица, додека пак имињата малку потешко, пред се личноста треба да ме имресионира за да и запамтам име, а за фаца памтам многу добро :pos2:...едноставно не се замарам...чим некој не се труди да го запамети моето име, па и јас не се замарам!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom