Што не` прави нормални

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Ама Леандра луди се затоа што ние денес ги прогласуваме за луди.Во тоа време им било нормално на луѓето да ги владее некој сексуален манијак затоа што концептот на денешнава демократија и политички систем не им бил познат.Па така да тие луѓе ги немале тие податоци кои што ти ги имаш денес па можиш слободно да споредуваш политички системи и во сооднос со тие податоци да донесуваш независна одлука.Ме разбираш?Апсолутни се само физичките закони(познати и непознати), додека нашата креативна мисла се надоградува низ вековите на нашето постоење како свесни битија.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Буци,еве денес ги имаме сите податоци па пак сме луди.Власта не прави луда,а ние еден со друг се гледаме и молчиме како пи*ки во подкошула.Нели сме мнозинство,нели можеме се да направиме,зошто ништо не правиме?Затоа што немаме власт,имаме привидна власт со која не манипулираат.Не одлучуваме ние,одлучуваат они.Кој го контролира светот?Народот?Прост пример Израел денес,гинат деца,сите ќутат,Америка им дава оружје.Што направи народот освен што протестира,да не запре инвазијата случајно,каде е мнозинството да ја запре,нели оно одлучува.Ќе запре кога ќе кажат горните,а не долните.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Ги немаме сите податоци за се денес.Пример не знаеме каде е почетокот а каде крајот на оваа вселена, е сега замисли колкаво поле за истражување е тоа.Овој денешен политички систем е врвот кој што сме го постигнале до сега.Знам дека не е совршен,ама и ние луѓето како мнозинско нормално однесување си го правиме да ни биди таков.Немој да мислиш дека некое елитно малцинство владее со овој свет,па гледај што им се случува, нивниот ценет политичко-економски систем им се распаѓа пред нивните очи.Тие не можат сопственото материјално богатство да си го заштитат од обезвреднување а па не да владеат со светот.И сега не знаат што се случува, што да прават, како изгубени во вселената се.А војните се друга приказна за која што нема да пишувам сега, затоа што тие како феномен постојат од почетокот на оваа цивилизација.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Троја ја заборавив како пример за мнозинството:)
Сеуште мислиш дека мнозинството одлучува?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Јас сум против тоа и не мислам дека е така,туку тоа стварно е така.Мнозинството одлучува што е нормално, а што не.Е сега гледам дека сакаш да даваш историски примери, и не ти е јасно како е можно нешто што ти денес го сметаш за ненормално, тие луѓе во тој период од историјата го сметале за нормално.Пример имаме некоја паметна женска како тебе која што живее 100 години во иднина од овој период (22 век).Таа женска те зема тебе Леандра како историска личност на обичен човек како пример да те изучува.Знаеш што ќе мисли за тебе?Како можела оваа Леандра толку глупава да биди.Живеела примитивен живот,работела како модератор на примитивно нешто наречено форум во историската интернет мрежа.Таа не можи да те разбери тебе затоа што живее во 22 век, и си има проблеми за решавање кои што се карактеристични за 22 век.Проблемите од 21 век скоро и да не постојат.Додека пак ти живееш во 21 век и си имаш проблеми карактеристични за 21 век.И искрено но вистинито поим немаш што проблеми имале луѓето од антиката и зошто се однесувале кон некои работи како што се однесувале.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Таа женска те зема тебе Леандра како историска личност на обичен човек како пример да те изучува.Знаеш што ќе мисли за тебе?Како можела оваа Леандра толку глупава да биди.Живеела примитивен живот,работела како модератор на примитивно нешто наречено форум во историската интернет мрежа.Таа не можи да те разбери тебе затоа што живее во 22 век, и си има проблеми за решавање кои што се карактеристични за 22 век.Проблемите од 21 век скоро и да не постојат.
Си ме насмеал:)
Јас дадов и примери за денешницава (патриотски каси,Израел,Македонија цела земи ја за пример) но ти упорно тврдиш дека мнозинството одлучува.Буци ние сме 70% сиромашни во земјава,ајде да си направиме наши закони сакаш?Еве како мнозинтво ќе си одлучиме да си ги покачиме платите,сакате?Или да направиме бесплатен факс,сакате?Ајде мнозинство сме,ајде да одлучиме:)
И ова ако не го сватиш се откажувам од убедувањата:)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Си ме насмеал:)
Јас дадов и примери за денешницава (патриотски каси,Израел,Македонија цела земи ја за пример) но ти упорно тврдиш дека мнозинството одлучува.Буци ние сме 70% сиромашни во земјава,ајде да си направиме наши закони сакаш?Еве како мнозинтво ќе си одлучиме да си ги покачиме платите,сакате?Или да направиме бесплатен факс,сакате?Ајде мнозинство сме,ајде да одлучиме:)
И ова ако не го сватиш се откажувам од убедувањата:)
Ова за убедувањето добро ти е :).Кога учев во средно професорите многу ме сакаа, затоа што им се правев поголем католик од папата.Одвај чекав да згрешат нешто и партали да ги направам на нивниот час и нивното предавање кое што го спремаа некоја ден претходно.Сега назад на темава.Мнозинството одлучува за нормалноста и ненормалноста.Вака сега 70 посто луѓето се сиромашни во нашава држава тоа е нормално нешто, а додека пак околу 0,5 посто имаме ненормално богати луѓе сваќаш?Ова за гласањево ти е како анархистите што правеле во шпанската граѓанска војна.Имено тие пред секоја битка гласале дали да се борат или да се предадат.Чуден концепт за војување па затоа и ја добиле (изгубиле) граѓанската војна.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вака сега 70 посто луѓето се сиромашни во нашава држава тоа е нормално нешто, а додека пак околу 0,5 посто имаме ненормално богати луѓе сваќаш?
Значи според тебе нормално е да бидеме сиромашни?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Значи според тебе нормално е да бидеме сиромашни?
Ама не според мене еј, не сум јас кој што го кажува тоа од тепка тоа е реалност.Колку и да е болна, сурова така е.Што можам да сторам јас во врска со тоа, да организирам насилна револуција?Мислам дека не е тоа решението.Ова опшество е врвот на човековите опшества, и со сите негови маани е светлосни години понапред отколку тие другите кои што му претходеа.Не сакам и јас да гледам сиромашни,гладни, несреќни не сум човек без чувства.И дефиницијата за нормално и ненормално која што не е моја е вистинита.
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
20
Поени од реакции
2
Сите шо живееме внатре во кутијата сме нормални. Биди како нас, размислувај како нас, облекувај се како нас, доваѓај со нас на кафе, зборувај како нас, ако 'забегаш' надвор од кутијата те викаме ненормален.

Да, дискутабилно е, мислам дека може да се употреба збор како парадокс, иронија незнам, ама тие шо ги викаме ненормални се обично вистински нај нормалните. Останатите шо се сметат за нормални се програмирани како роботи и се спречени да го следат својот сон и интуиција. Лудост е да останеме у кутијата, излавајте сите треба нови хоризонти да освоеме :)
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Темава не ве потсетува на новогодишни честитки?:) Ви доаѓа вујкото на гости и ви вика, ајдеее годинава да дипломираш, да се омажиш, бебе да родиш, да се вработиш, итн итн, за кого како. Ух, абе можеме ли барем на момент да одредиме кога го живееме тоа што вистински го сакаме и не прави среќни, а кога само ги исполнуваме очекувањата на другите?

Мене не ми е битно дали мнозинстото или појакиот го одредува тоа што е нормално и прифатливо...битно ми е дека треба лавовски да се избориш за она што е стварно твое од морето очекувања и со помислата дека можеби ќе ги разочараш другите ако не ги исполниш нивните очекувања и скршнеш од патот.

Инаку.... правилата и нормите кои се поставени, можеби и не се така лоши. Си имаат тие своја функција, има причина зашто се поставени. На пример, леандра спомна за мнозинството во Мк кое лошо живее и на кое не му е арно, ама очигледно прифатило така да живее. И тоа има некоја функција; можеби на овој парадоксален начин задржуваме некоја хармонија и баланс- од многу добро би полуделе и нема да е добро:)))( ух, лоша шега) Но, доколку дојдеме во ситуација да го допреме дното, скроз... има шанси да ги избркаме стравовите, зашто кога ќе немаш веќе што да изгубиш...тогаш почнуваш го живееш она што го сакаш- а и за чудо, другите те поддржуваат во истото.
 
K

Kicky

Гостин
Што е тоа што нас не дефинира како нормални, кои се тие граници, како знаеме дека сме нормални (кој/што е репер за нормалност)...
кој знае нека пишува баш ме интересираат одговори на оваа тема.
Има доста различни мислења за она што е НОРМАЛНО. Некој нели сметаат дека нормалното однесување претставува отсуство на некои поголеми нарушувања на личноста. Или пак дека тоа е идеална состојба во развојот на една личност. Меѓутоа, критериумите за нормалноста денес зависат од општествените услови. Општеството диктира што е нормално, а што не е. Знаеме дека сме нормални тогаш кога не отскокнуваме од она што се смета како НОРМАЛНО во околината и општеството во која што живееме, или пак во дадениот момент. :pipi:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Има доста различни мислења за она што е НОРМАЛНО. Некој нели сметаат дека нормалното однесување претставува отсуство на некои поголеми нарушувања на личноста. Или пак дека тоа е идеална состојба во развојот на една личност. Меѓутоа, критериумите за нормалноста денес зависат од општествените услови. Општеството диктира што е нормално, а што не е. Знаеме дека сме нормални тогаш кога не отскокнуваме од она што се смета како НОРМАЛНО во околината и општеството во која што живееме, или пак во дадениот момент. :pipi:
Точно. Нормалноста јас ја дефинирам како вклопување во општеството/околината. Да се биде нормален значи кога ке поминеш на улица или ке направиш муабет со некого да не те гледа попреку.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
На Балканскиот полуостров, само комшиски муабет може да не декларира како нормални или почесто попуштени...
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.616
Нормални не прават релативните морални правила и критериуми поставени од луѓето кои не опкружуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom