Локалната библиотека. Смешно местенце. Два на два. Купишта страници и страници помеѓу корици. Мали, големи, средни, зелени, бели, исфлекани, со подизлижани букви, искинати, распарталени, извиткани, раскупусани и какви уште не. Од под до таван, сите четири ѕида. Не знам колку е стара, ни библиотеката, ни газдарицата. Ама просторијата мириса историски. И тоа ми е незаменливо место. Истиот момент кога ќе тресне стаклото од вратата позади мене, ми го снемува чувството на неприпадност и знам дека сум на некој начин дома.
Сакам кога излегувам пред скали посабајле. Сега е ладно. Инаку по јадранки и пижами се цртав во двор добри 4 месеци, секој божји ден, сосе кафето у една рака и поштата у друга, откако ќе ја соберев. Пет пари не давам за комшиите бе. Бајт ми.
Ја сакам Пјаца. Место до стакло/прозор. И жолтите сијалички на оградата. И чоколадната торта. И стреата. Кога врне. И Ерос. И жилет да ми дадат сосе сметката, најубаво.
ДоШ. Уво ме боли дали на светов му значи "неубаво време". Ја го сакам.
Креветот ми. Нема шо не ми знае пустиот.
И да сакам не можам да кријам.
:poss:Се` во/околу него. Кога сум кај кревети, сакам од оние праисториските перници. Пердуви ваљда. Али кој ретардиран формат у пм.
(Перница, формат...
) Зборот ми е, тешки се и гоооwеми, и таква сакам.
ж
Јао, тешко мене...
А не е ич за смеење.