Што му фали на Скопје?

Член од
14 февруари 2013
Мислења
581
Поени од реакции
699
1. Уште повеќе споменици требаат и албум со сликички на панини со барок-градби во Скопје.
Ни треба место во Центар каде што ќе може да поминеме. Некако се потесно и потесно ми се гледа. Како да немаше место оваа година и за елката дури.

2. Ни требаат и повеќе весници и телевизии кои ќе ја поддржат власта и цело време ќе мелат во нивна корист.
Што ќе ни е неутрално размислување? Нема потреба од тоа. А и малце се оние телевизии и весници кои ја поддржуваат власта.

3. Ни треба апарат кој ќе ги мери гужвите и хаосите во државните администрации. Битно да брои, колку да се знае кој влегол, што влегол и колку влегле. Не мора да се спроведува електронски систем. И гужвата си има своја предност. Во момент на критикување и пцуење на кутрите вработени, ќе си најдеш некој кој ќе те поддржи од таа група на разбеснети луѓе и ќе оствариш пријателство со него...

4. Ни треба раѓање и воспитување на повеќе „бараби“. Затоа што силата > знаењето кај нас. Па зашто да не ја искористиме таа прилика?

5. Од железница нема потреба. Добра е оваа. Таман си одат возовите со 10 на саат. Не чини толку брзо да тераат.
Брзата кучка слепи кучиња раѓа, не за џабе рекле.
А и на нас не ни треба нов сообраќај. За ваков народ кој све демолира, искрено треба да го оставиш на улица и да оди пешки.

6. Треба повеќе греалки пред 69 и таквите диско клубови во зима.
Па греота бе девојчињана измрзнаа, на сред Ноември во миничи ги гледам жал ми е, чекаат пред влезовите а никој не им отвара врата...

7. Треба опозицијата да ја снема тотално, затоа што никаква корист немаме од неа. И еден протест незнаат да направат, бидејќи истиот им се задушува со мини-контра протести.

8. Треба да се урнат уште повеќе фонтани во Кисела Вода, за народот да нема вода од кај да пие. А може и во Центар да се запрат сите и да се урнат (по можност).
Кој будала пие вода од фонтана, кога имаш Макси Д, Тинекс, Сп маркет и милион колонијали за да си купиш?
И да ти се слоши, ќе тркне некој до продавница ќе ти купи вода за да те заплакне, 5 минути работа де де....
Инаку, надоврзано на ова, семкарата треба да се затвори кај Чешма. Ако купиш семки или сончоглед, ќе умреш за вода пошто нема од каде да се напиеш.

9. Треба поскапи производи и поскапи мобилни оператори.
Ова се ниски цени за граѓаните. Воедно може да поскапат струјата, парното, водата и бензинот. Платите не мора да се покачуваат. Докажано е од „експерти“ во Македонија дека просечната плата во Македонија изнесува 19.000 денари (y)
Така да немајте гајле. Светската криза најмалку се осеќа во Македонија.

10. Еј, абе името го заборавив....а загадениот воздух? А газолижењето на американците? А болниците со бубашваби и инфекциите на пациентите? А......
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Да прашам,кај е Министерството за образование?Како да стигнам до таму,бидејќи сум од Велес и ќе идам со кола.Во која општина-населба е?
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Да прашам,кај е Министерството за образование?Како да стигнам до таму,бидејќи сум од Велес и ќе идам со кола.Во која општина-населба е?
НИП Нова Македонија
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
На Скопје му фалат повеќе вакви бандери, за да не се гледа семафорот и да се гине повеќе на раскрсниците, а притоа разноразни КУРковци, Коцевци и слични доселени сељандури да си ги дополнат џебовите....

IMAG0665.jpg
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Rog na konjot na Aleksandar Makedonski :) Da bide kompleten, da b'cka :)
 
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
На Скопје му фали една гоолема лудница да ги собере сите лудаци кои го расипаа од зеленило во камења го сторија, а од град го направија бетонска џунгла (ѓунгла што би рекол Шојиќ во Бела Лаѓа) сега се трујат скопјани... Тоа е не е секој за во фотељата има и такви кои ако им ја дадеш после касаат по тие кои го седнале... Камен по камен дојде споменик итн. Скопје има отров клима, да да да насмевни се отруј се и живеј без гајле Скопјееееее...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.731
Поени од реакции
9.842
1. Тротоари+вело патеки.Поплочување со убави гранитни плочки,НЕ бекатон - доста го форсираа уште малце на грбот може бекатон да стават.Замена на дотраените ивичњаци кои делуваат доста грдо.
2.Проширување на улиците,санирање на булеварите (последниве години Скопје напредна тука,али има уште доста работа).
3.Подземни премини,посебно у центар.Рекорд,Собрание,Партизанска итн.Понирање на улицата која ја сече ул.Македонија,таа да се спои и биде една целина,коловозот да иде под земја.
4.Многу битно! Реновирање на сите фасади,посебно ул.Македонија,околу Собрание,Рекорд,Партизанска,Илинденска,значи цел мал ринг.Реновирање на поткровјата на зградите,плус донесување строг закон со кој секој што сака да менува и да проширува да мора да се придржува до кодекс,не како досега кој како сакаше така си ја фарбаше зградата,кој какви сака ролетни става,климите да се скријат да не висат на прозорци. итн.итн.
5.Јасна нумерација на секоја улица,зграда итн.Многу згради не се обележани.
6.Подземни контејнери,целосно исфрлање на лимениве грдосии.
7.Кружни токови.
8.Подземни паркиралишта
9.Одржување на зеленилото и озеленување на секоја слободна површина.
10.Дислоцирање на Бит-Пазар,целосно рушење на тоа ругло.

Има уште,моментално ова ми падна на памет.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403

Kajgana Shop

На врв Bottom