Толку ли сте луди та мислите дека Жан ке им нареди на своите доктори да ги лажат пациентите и да ги принудуваат на други прегледи и испитувања????
...може не принудувал, туку применувал парола „колку ќе сработиш (финасиски влез во болницата) толку ќе ти биде платата“, па можеби неговите вработени лекари од различна специјалност на различен начин тоа го сФатиле, па различно работеле, Жан Митрев како кардиохирург не може да ги искоментира „грешките“ на неговите лекари од друга специјалност, а кривицата можеби ја зема лично како менаџер, ама никако како кардиохирург.
... на самото видео кажува самиот „ ќе проверам, па ќе ви кажам, не велам дека не е така, ама ќе проверам“ значи пријавување на интрахоспиталните бактерии може некој друг не ги обавил како што треба дадената должност (намерно, ненамерно), а и треба да објасни како ги изведе тие „сомнителни“ клинички испитувања без да ги информира пациентите, дали тоа го злоупотребил пациентот или едноставно за време на пандемија е оправдано и нема одговорност во таа смисла.
... постара жена, мајка на еден бизнисмен имала неколку дена неиздржливи главоболки и други поврзани симптоми, посета не само во болницата „Жан Митрев“ како пациент туку и во друга реномирана приватна болница, па дури побарале и трето мислење за снимката, кај пријателка која работела во таа специјалност на клиника, сите прашани независно еден од друг едногласно дале мислење дека мора да се оперира, анеуризма може живот да и' значи.
... жената, екс интелектуалка, со свои години поминати на работа со искутво, сега пензионерка никако не сакала било каква интервенција на нејзиниот мозок, решена дури да се соочи со смртта побрзо него што и' било пишано, ама на операциона маса не сакала да почине, ја убедувале дека операцијата била за нејзино добро дека секој час е драгоцен, море синот, „мамо мамо, за твое добро, не сакам да те изгубам“, женава, не па не, на крај синот сакал некако да направи „со сила“ сето тоа да го изведе наутро без разлика на било што, закажано све, спремно све, ноќта да помине и наутро правец на „операционен стол“.
... и додека мајката навечер зела тоа лекови против болки и се заклучила во својата соба, за тоа време синот ги прибирал сите направени анализи, мислења, снимки и како ги редел во една папката, па наеднаш на едната „снимка на мозокот“ онака напишано „Перо“, кој Перо бееее,
и да скратам,
никој не приметил дека снимките и' биле погрешно сменети со некој друг пациент „Перо“ кој имал анеуризма и требал веднаш да се оперира, а жената испадна само мигренозни болки, ете ја до денес здрава права, се „изборила“ без да знае за да не и го отворат мозокот за џабе, снимките од „Перо“ од рака во рака сите ги гледале давајќи свое мислење како експерти, а ниеден , ама баш ниеден не приметил дека е тоа од „Перо“ , а не од госпоѓа мама!
... е сега кој е крив за таа паника, разноразни анализи, снимки тие што ги смешале, тие што ги читале? кој? никој, си помина без никој да одговара, важно госпоѓа мама остана жива, а да и' се случело нешто?
пааааа сигурно пак нема да приметеле, ќе кажат стара била, и' дошол денот и земја ќе ја покрие!