позади добриот коњ прашина се крева
Епа тогаш очигледно ја сум лош коњ

Озбилно, скоро и да не се сеќавам некој трач да сум чула за мене или некој ужасно да се замарал со мојот живот, да ширел невистини за некако да ми наштети или слични шпанскосериски дешавки... Излеа не сум им интересна
А може па и затоа што во принцип со сите луѓе што ги познавам се трудам да одржам некој океј и фин однос на коректна дистанца (или блискост, за оние со кои се дружам), па не сум им дала повод да ме трачаат... Или се вртеле муабети, ама не стигнале до мене, зошто непријателите ми се многу умешни трачари
Или не сум им интересна...
едит: Уствари сеа ми текна еден бесен дамнешен трач дека сум се плеснала со еден професор :nesvest: Јеееее, сепак сум им интересна!
