Што кога ќе почне да ве бие лош глас?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Значи доста јасно ни е колку е тоа секојдневна работа барем тука кај нас, но ајде да видиме кој како реагира на тоа? Дали различно реагирате ако ви каже некој близок што се зборува за вас по градот, или некој општ познаник? И што кога си одите дома ... се замарате со тоа или едноставно не допира до вас и се однесувате како ништо да не се случило?
А доколку ви кажат вас некој трач што знаете дека е чиста измислица, како би вратиле на тој муабет и дали би му го кажале тоа на човекот на кој се однесува тоа?

п.с. Не коментирајте за тоа дали вие лично оговарате, дека за тоа има посебна тема, па да не се мешаме.
Доста секојдневна работа... Балкански менталитет е најчестата дијагноза. Но, најчесто е тепање време и немање друга тема, па се префрламе на туѓите животи и дела. Кога ме оговараат, најпрво си помислувам-позади добриот коњ прашина се крева :pos2: Не, сериозно, трачеви ме погодуваат секогаш. До годините ми е веројатно. Се замарам дефинитивно. :jaj:Ако оговараат пред мене некој кој ми е близок и знам дека е измислица, тогаш одам и му кажувам на само. Потоа разглабаме, шо е зошто е, како е, од каде е... И тепаме една цела вечер... Не треба да се замарам :nesum:
 
позади добриот коњ прашина се крева
Епа тогаш очигледно ја сум лош коњ :icon_lol:
Озбилно, скоро и да не се сеќавам некој трач да сум чула за мене или некој ужасно да се замарал со мојот живот, да ширел невистини за некако да ми наштети или слични шпанскосериски дешавки... Излеа не сум им интересна :(

А може па и затоа што во принцип со сите луѓе што ги познавам се трудам да одржам некој океј и фин однос на коректна дистанца (или блискост, за оние со кои се дружам), па не сум им дала повод да ме трачаат... Или се вртеле муабети, ама не стигнале до мене, зошто непријателите ми се многу умешни трачари :icon_lol:

Или не сум им интересна... :(

едит: Уствари сеа ми текна еден бесен дамнешен трач дека сум се плеснала со еден професор :nesvest: Јеееее, сепак сум им интересна! :vozbud:
 
Земам длабоко воздух, ширам зеници, став мирно.... и ги слушам причите :)
Пошто вистината е едноставна, не бара многу разглабање, а лагата бара креативност: ако испадне нешто досадно, нека му ја мислат!:duel:
 
Знам дека на тој што му е стално до тебе и што те познава вистински гласините не би влијаеле на неговото мислење. Доколку сепак се појави некаков проблем може да се дискутира и да се согледа се` што е кажано реално. Многу битен фактор кај гласините е изворот и неговиот мотив.
Човечкиот ум е подготвен чуда да измисли. :)
 
ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! Се радувам.Баш сакам да ме сметаат за арогантен,саркастичен и ироничен.

Немој да имате и вие некој проблем со тоа.
 
Па голема работа ако ме озборуваат, значи сум му популарен, па со измислици можат само да ме запознаат повеќе:wink: Пријателите и блиските знаат каков сум и дали сум лош или не, па ич не ми е важно што мислат другите :helou:
 
Ако дознаам кој ме озборувал лошо ке си помини, не дека кажувал лаги за мене, него заш се прави најпаметен да измислува, а како што кажаа форумџиите над мене, моите пријателите знаат каква сум и не би поверувале за сешто!
 
Па што ? Во прво време ќе се изнервирам, па после заборавам и што ми е гајле кој што сака нека зборува, ако не е вистина посебно не сакам да се замарам :pipi:
 
Хммм па ништо...нека зборат што сакат...ич не се засегам за тоа...али подобро би било некој ако има нешто да ми каже да ми каже во лице а не така кукавички да лафи на цел град...а и не ме бие лош глас до толку сеа :toe::pos2:
 
паааа само едно дете у мој клас јадеше тоа што не се јаде, па со врски си заќути човекот. иако ми беше гајле што збори ама за сите јадеше *омна
 
Ne im davam povod na lugeto da zboruvaat za mene treba nesto da napravam atrakcija pa da me lafat i tesko moze da mi vlezat u traga SORRY :pos2:
 
Ако мене ме бие лош глас, после ја го бијам него...:nesum:
Обично не дозволувам да се шират муабети за мене, кои немаат основа... А ако веќе дојде до тоа го оставам да се шири како било, затоа што сум свесен и сум чист сам пред себе дека тоа е само лош глас...
А кога ќе дознаам кој го раширл тоа, е тогаш се шири повеќе од само еден лош глас
 
Никогаш не ќе можеш на луѓето да им ја затвориш устата, па ако сакаат да трачарат и озборуваат, тие тоа ќе го прават без разлика дали има некоја реална основа за тоа или не.
Така да и да избие некој лош глас за мене, не се замарам, зашто само ја си знам дали тоа е така или не.
 
Најпрво ќе се изнервирам затоа што не сакам луѓето да имаат погрешен впечаток за мене.. Сепак на луѓето не можеш да им ја затвориш устата.. Ама после 2-3 саати престанувам да си трошам време на луѓе кои немаат свој живот.. Нека зборат што сакаат.. Ги игнорирам таквите..:toe:
 
Не дека ми е сеедно, ме боцнува малку, ама не му придавам значење, и ни под разно не влегувам во објаснувања и докажувања, оти на тој начин само би помогнала гласот да стане гласиште.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom