- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Доста секојдневна работа... Балкански менталитет е најчестата дијагноза. Но, најчесто е тепање време и немање друга тема, па се префрламе на туѓите животи и дела. Кога ме оговараат, најпрво си помислувам-позади добриот коњ прашина се крева :pos2: Не, сериозно, трачеви ме погодуваат секогаш. До годините ми е веројатно. Се замарам дефинитивно. :jaj:Ако оговараат пред мене некој кој ми е близок и знам дека е измислица, тогаш одам и му кажувам на само. Потоа разглабаме, шо е зошто е, како е, од каде е... И тепаме една цела вечер... Не треба да се замарам :nesum:Значи доста јасно ни е колку е тоа секојдневна работа барем тука кај нас, но ајде да видиме кој како реагира на тоа? Дали различно реагирате ако ви каже некој близок што се зборува за вас по градот, или некој општ познаник? И што кога си одите дома ... се замарате со тоа или едноставно не допира до вас и се однесувате како ништо да не се случило?
А доколку ви кажат вас некој трач што знаете дека е чиста измислица, како би вратиле на тој муабет и дали би му го кажале тоа на човекот на кој се однесува тоа?
п.с. Не коментирајте за тоа дали вие лично оговарате, дека за тоа има посебна тема, па да не се мешаме.