ex machina
сфинге раја
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 721
- Поени од реакции
- 104
Гласав за првата опција - се откажувам, иако тоа не е баш сосема точно. Не се откажувам од дечкото, се откажувам од растурање на врската. Сложено е тоа и не вреди. Не сакам да имам туѓи врски во багажот, доволни се моите. Мување, истотака се обидувам да избегнам (иако, признавам не ми упева секогаш).За девојките:
Што правите кога ќе запознаете дечко кој ви се допаѓа, но ќе ви каже дека има долга врска која несака да ја прекине?
Гледам да се најдам со него во муабет (опуштено), по можност и за нешто да се за`рчкаме, за да ме памти. Флертувам ама секогаш двосмислено, да не може да биде сигурен дали ми се допаѓа или ми иде на живци. Комплименти не штедам. Пуштам водичка, ама матна Си правам терен за некогаш, кога ќе раскине со девојка му (од трети причини), да можам елегантно да ускокнам, а притоа да не сум поставена премногу другарски за да бидам рамо за плачење. Ако ме прочитаат и ме конфронтираат, се повлекувам и негирам до смрт. И секако, во меѓувреме животот си тече, други опции си се отворени.