Е па ти што напињаш дека мора да биде во прашање дисфункција или дека не е нормален или не е здрав?
Моментот со Балканско размислување го кажав во смисол дека е класика тоа дека машкото мора да биде алфа мажјак, Западњачкото размислување не знам какво е затоа што не сум живеела во Западни земји и затоа зборам само за онаму каде што знам како е.
Машкото НЕ треба да се плаши? Каде го пишува тоа? Кое е тоа правило? Во тој случај женските никогаш не треба први да пристапуваат, бидејќи нели они треба да се плашат испаѓа работава.
Можеби тој страв е ете заради неискуство,несамодоверба...Не е ни битно на крај на краева зашто е тој страв. Битно е дека може да се случи и не е ништо погрешно, ниту страшно. Со тек на време, тој страв ќе се намалува, ако заеднички работиме на тоа тој страв да се намали.Секој од нас си има свои демони и бубачки и се може да се надмине со упорност. Не може да се откажам од него, само затоа што му е страв или срам.
Правило на природата.
Конкретно за сексот говориме, за актот, а не за ловење риби.
Ако тој не е доволно убедлив и храбар како на пример ќе предизвика твој интерес?
Ќе го легнеш од сожалување?
Особено е важно, за првиот пат, тој, машкото да преземе иницијатива и да те води, да те опушти, да се осеќаш комфорно и да уживаш.
Доколку девојката ужива,тоа е најголема потврда за едно машко дека е добро во кревет и така ќе ја зацврсти својата самодоверба.
Башка јас напоменав дека има многу претпоставки за тоа што би можела да биде причината.
Дисфункцијата или нискиот селф-естим се најверојатна причина.
И никој никого не наговара да се откажел од некого, само од аспект на сексуалното искуство, трпението во (не)надминувањето на стравот или кој и да е проблемот, не е вечно.