Кога љубовта ке ве повика следете ја.Иако нејзините патишта се тврди и стрмни.И кога крилјата нејзини ке ве понесат,препуштете им се,иако мечот скриен меѓу нејзините перја може да ве рани.И кога ви зборува,верувајте и,иако нејзиниот глас може да ги разниша вашите соништа како што северниот ветар ја пустоши градината.Бидејки како што љубовта ве крунисува,така и ќе ве распува.Бидејки колку ви помага да растете,толку и ве потсекува.Како снопови од жито таа во себе ве собира.Таа ве толчи за да ве оголи. Таа ве сее за да ве ослободи од вашите лушпи.Таа ве меле додека не побелитеТаа ве меси додека не станете еластични,а потоа ве става во својот оган за да станете свет леп за Божјата света гозба.Сево ова љубовта ке ви го направи за да ги дознаете тајните на своето срце и според тоа знаење да станете парче од срцето на самиот Живот.Но,ако во својот страв барате само љубовен мир и љубовно уживање,подобро ви е да ја покриете својата голотија и да заминете од гумното на љубовта.Во светот без годишни времиња,каде ке се смеете но не со полна насмевка,и каде ке плачете,но не со сите свои солзи.Љубовта не дава ништо освен себе,и не бара ништо освен себе.Љубовта нема ништо ниту таа може да се има.Бидејки на љубовта и е доволна љубов.Кога љубите не треба да кажете:Бог ми е во срцето-туку подобро :Јас сум во Божјото срце И не мислете дека може да управувате по пат на љубовта,бидејки љубовта штом види дека сте вредни за тоа,управува со вашиот пат.Љубовта не мечта е за ништо друго освен за тоа сама да се исполни.Но,ако љубите и секако морате да имате желби,нека овие ви бидат желбите.Да се растопите и да бидете како жуборен поток кој ја пее својата ноќна песна.Да бидете ранет од сопственото разбирање за љубовта.Да се разбудите во зората на крилестите срца и да се заблагодарите за уште еден ден со љубов.Да се вратите вечерта дома со благодарностИ тогаш да заспиете со молитвата за љубеното во срцето и со песна на благодарност на усните.